ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/12 стр. 5
  • Побарај помош

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Побарај помош
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Учители — зошто ни се потребни?
    Разбудете се! 2002
  • Како да ги поправам оценките?
    Младите прашуваат
  • Поучување — цената и ризиците
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 10/12 стр. 5

Побарај помош

Многу е важно да имаш околу себе луѓе што ќе ти помагаат и ќе те поддржуваат, не само додека си на училиште туку и како возрасен. Кој може да ти помогне да бидеш добар ученик?

КОЈ може да ти помогне да бидеш добар ученик?

Семејството

„Кога ми требаше помош околу домашните задачи“, вели Бруна (18) од Бразил, „татко ми ми го објаснуваше материјалот и ми поставуваше прашања за да дојдам до одговорот. Не ми го кажуваше, туку ми помагаше сама да го најдам.“a

Предлог: За почеток, прашај ги родителите колку им одел предметот што тебе ти е тежок. Ако некому од нив му одел добро можеби ќе може да ти помогне.

Наставниците

На повеќето наставници им е мило да чујат дека некој ученик вистински сака да го подобри успехот и спремни се да му помогнат.

Предлог: На твојот наставник едноставно би можел да му кажеш: „Не ми оди баш овој предмет, но би сакал да се подобрам. Што ми предлагате?“

Пријателите

Би можел да ти помогне и некој семеен пријател. Ова ќе ти користи на два начина: Прво, ќе ја добиеш потребната помош, и второ, ќе научиш да се потпреш на друг кога е потребно — нешто што ќе ти користи и како возрасен. Факт е дека честопати успехот е резултат на тимска работа, а не на индивидуална (Изреки 15:22).

Предлог: Прашај ги родителите кој пријател би можел да ти помогне со некој предмет.

Заклучок: Нема ништо погрешно во тоа да побараш помош!

Спремен ли си да почнеш? На лист хартија напиши две до три имиња на луѓе што ги сметаш за добар пример. Дали некој од нив може да ти помогне околу учењето?

a Би можеле да ти помогнат и твојот постар брат или сестра.

„Мојот омилен наставник“

„Мојот омилен наставник беше многу строг, ама сите го почитуваа. Многу живо објаснуваше. Додека зборуваше, правеше гестови, одеше од едниот до другиот крај на училницата и сите ги вклучуваше во дискусијата. Ако нешто не ти беше јасно, стрпливо објаснуваше додека не ти станеше јасно. Секогаш ни кажуваше дека слободно можеме да му поставуваме прашања. Велеше дека прашањата му помагаат не само да види што не разбираме туку и да стане подобар наставник. Му посветуваше внимание на секој ученик посебно. Иако ни предаваше само една година, многу ученици избраа да се занимаваат со сметководство — неговиот предмет!“ (Алана, Австралија).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели