Јеховините сведоци одговараат
Веќе извесно време, некои весници и телевизиски програми ги прикажуваат Јеховините сведоци. Но, на овие христијани не им била дадена прилика самите да се изразат. Со помош на овој леток, тие сакаат да ги презентираат фактите.
Јеховините сведоци одговараат
Јеховини сведоци: Нивниот идентитет
Кои се тие?
Тие потекнуваат од сите општествени нивоа и од најмногу професии. Нивните деца одат во државни училишта и универзитети. Јеховините сведоци се чесни граѓани и се многу заинтересирани за семејниот живот. Тие се меѓународна религија ширум светот, не некоја опасна секта. Милиони Јеховини сведоци се наоѓаат во повеќе од 230 земји.
Колку долго се во Македонија?
Во Југославија се од 1922 и законски се регистрирани во 1953 во Белград и повторно во 1993 во Република Македонија. Оттогаш, Јеховините сведоци секогаш ги спроведувале своите активности мирољубиво и биле прифатени од владата. Неодамнешните геополитички промени не влијаеја врз статусот на Јеховините сведоци.
Колку ги има?
Секоја пролет околу Велигден, близу 3.000 Сведоци и заинтересирани лица во Македонија (на други места повеќе од 2 милиона во Европа и 13 милиони ширум светот) го прославуваат Меморијалот на Христовата смрт. Исусовото воскресение е еден од камен-темелниците на нивната вера.
Места за обожавање и финансии
Јеховините сведоци се состануваат во места на обожавање наречени Сали на Царството кои се отворени за јавноста. Нивното дело во потполност се финансира со доброволни прилози. Во секое место на обожавање постојат кутии за прилози. Поединци даваат што сакаат — доколку сакаат и доколку можат, но нема збирање ниту залози.
Јеховините сведоци и медиумите
Јеховините сведоци не тврдат дека се совршени. Тие ги поздравуваат телевизиските новински вести кои се непристрасни, чесни и фер. Меѓутоа, одбиваат да се вклучат во расправии со луѓе кои се заинтересирани само да ја исфлекаат репутацијата на Сведоците или да искористуваат изолирани случаи кои погрешно го претставуваат секојдневниот живот на огромното мнозинство од Јеховините сведоци. Од друга страна, пак, ним им е задоволство да објаснат кои се тие и што веруваат. Поради тоа, Јеховините сведоци учествуваат во јавната служба, кажувајќи им на луѓето за Јехова Бог и презентирајќи ја добрата вест за неговото Царство.
Јеховини сведоци: Нивниот живот и практики
Зошто името Јеховини сведоци?
На македонски, Јехова е стандарден облик за името на Бог. Современата македонска Библија го користи името Јехова на три места, имено во 2. Мојсеева 17:15, Судиите 6:24 и Осија 12:5. Во оригиналниот текст од Библијата, името Јехова се појавува повеќе од 6.000 пати. Јеховините сведоци се стремат да го разгласат името на Највишиот (Исаија 43:10).
Дали се тие христијани?
Да. Тие веруваат во Христос. Веруваат дека тој е од божествена природа и дека е Син Божји. Јеховините сведоци практикуваат вера во Исус и го признаваат како нивни Господар и Спасител. Христијанството го сметаат за начин на живот, не само верување (Јован 1:18; Дела 3:15; 4:12).
Дали имаат света книга?
Да. На Светото писмо (обата „завета“) гледаат како на Реч Божја. Наместо да се придржуваат за едно кредо темелено на човечка традиција, тие се држат за Библијата како мерило за сите свои верувања. Таа е нивни единствен водич.
Семејството
Јеховините сведоци имаат големо почитување кон семејното уредување. Тие поучуваат за брачна верност и почитување кон родителите, како и кон бабата и дедото. Со љубов ги школуваат своите деца и го сакаат животот. Некои од нив се во брак со партнер од поинаква религија, но не го сметаат тоа како причина за поделба во семејството. Факт е дека во Македонија постојат стотици бракови во кои некој Сведок на Јехова мирољубиво живее со не-Сведок (1. Коринтјаните 7:12, 13; Ефесјаните 5:28—33; 1. Тимотеј 5:4).
Дали се тие фанатици?
Фанатиците покажуваат екстравагантна или френетична ревност, неразумен жар. Тоа не е случај со Јеховините сведоци. Тие имаат меѓународна репутација на граѓани кои се послушни на законот. Нивната првенствена лојалност е кон Бог, Врховниот Суверен, а тоа тешко може да биде класифицирано како фанатизам. Тој е највисокиот авторитет. Меѓутоа, кога човечкиот закон се противречи на Божјиот закон, еден христијанин го прави она што го сториле апостолите. Тие рекле: „Повеќе треба да му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5:29). Тоа е разумно.
МЕДИЦИНСКА ГРИЖА
Честопати, новинските медиуми ги напаѓаат Јеховините сведоци бидејќи одбиваат трансфузија на крв. Повторно, ова е работа на послушност кон Божјиот закон. Јеховините сведоци и нивните деца прифаќаат медицинска грижа и одат в болница кога е потребно. Тие сакаат да живеат и спремно соработуваат со лекарите и медицинскиот персонал. Доколку е предложена трансфузија на крв, тие замолуваат за алтернативно лечење што е во склад со нивните религиозни убедувања (Дела 15:28, 29). Дури и некои луѓе кои не се Јеховини сведоци одбиваат трансфузија на крв, иако обично тоа го прават од страв да не добијат СИДА или други заболувања. Бескрвното медицинско лечење, вклучувајќи и бескрвна хирургија, станува сѐ повообичаено, делумно од финансиски причини, но и за доброто на пациентите. Таквите програми опфаќаат и многу повеќе пациенти отколку само Јеховини сведоци (Нова Македонија, 1 декември 1996).
Јеховини сведоци: Нивната улога во општеството
Зошто одат од врата до врата?
Од послушност кон една Исусова заповед. Тие веруваат во небесното владеење на Царството Божје и затоа го објавуваат. Уверени се дека милијарди луѓе ќе доживеат среќна иднина на Земјата. Нивното гледиште за иднината е оптимистично. Тие не се пророци на темнина (Псалм 36:10, 11; Матеј 6:9, 10; 28:19, 20).
Дали се против човечките влади и државните граници?
Бидејќи Јеховините сведоци се придржуваат кон библиските мерила за христијаните, честопати нивната положба во тој поглед е погрешно разбрана. Но, тоа било случај и со Основачот на христијанството, Исус Христос. Тој бил погрешно претставен како да е против Цезарот, односно владата во негово време.
Дали Сведоците се против човечките влади? Далеку од тоа! Тие ја почитуваат владата на земјата во која живеат зашто се послушни на зборовите на Исус кој рекол: „Подајте го царевото на царот, а Божјето на Бога“ (Матеј 22:21). Исто така, тие ја слушаат библиската заповед: „Секоја душа да им се потчинува на претпоставените [владини] власти“ (Римјаните 13:1).
Јеховините сведоци сфаќаат дека „претпоставените власти“ одржуваат извесна мерка на закон и ред во човечкото општество. Затоа, Сведоците во Македонија или во која и да било друга земја, никогаш не зеле удел во некоја субверзивна активност. Тие не претставуваат апсолутно никаква закана за благосостојбата на нивните сограѓани или за националните интереси на земјата.
Иако Јеховините сведоци се едно меѓународно братство, тие не се против државните граници. Бидејќи Бог го дозволува постоењето на различни земји такви какви што се, Јеховините сведоци не се противат на тоа уредување.
Што е со воената служба?
Јеховините сведоци не ги поучуваат другите за тоа каков став мораат лично да заземат во однос на прашањата поврзани со воена служба (Галатјаните 6:4, 5). Секој еден мора да донесе лични совесни одлуки во склад со своето разбирање на библиските начела, како што се Исаија 2:2—4, Матеј 26:52, Римјаните 12:18, 14:19, 2. Коринтјаните 10:4 и Евреите 12:14. А што е со невоената цивилна служба? Може ли еден христијанин да извршува таква служба? Да, еден крстен Сведок може да прифати таква служба доколку неговата библиски школувана совест му го дозволува тоа. Во многу земји ширум Земјината топка, Јеховините сведоци совесно извршуваат таква служба.
Дали тие се една тајна заедница?
Секој кој дури и оддалеку е запознат со Јеховините сведоци знае оти обвинението дека тие се како една тајна заедница е тотално лажно. Нивните учења се печатат за сите да ги испитаат, а нивните состаноци се отворени за сите уредни луѓе, бесплатно. Јеховините сведоци немаат причина да се кријат од јавноста. Самото тоа што периодично одржуваат собири на кои се поканува јавноста, е доказ за тоа. Уште повеќе, ширум светот канцелариите на подружниците на Watch Tower Society им изразуваат добредојде на илјадници посетители секоја седмица.
Што прават Јеховините сведоци за своите ближни?
Тие поучуваат за љубов кон ближниот и почит кон законот. Тие им ги пренесуваат христијанските вредности на стотици илјади луѓе, и тоа е нивна првенствена мисија. Кога има катастрофа, како што е поплава, тие се меѓу првите за да им притекнат во помош на другите. Затоа, во неодамнешните години, за време на распаѓањето на СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија), Јеховините сведоци редовно организираа пратки со помош. Сведоците обезбедија околу 530 тони храна, облека и други неопходни работи што им ги дистрибуираа на луѓето во подрачјата растргнати од војување, на бегалците и на другите кои се во оскудица.
Гледајќи зад границите на поранешна СФРЈ, можеме да разгледаме што било сторено во Руанда. Јеховините сведоци во Франција, Белгија и Швајцарија презеле грижа за потребите на 7.000 бегалци — повеќе од трипати од бројот на Сведоците во Руанда. Оваа хуманитарна помош продолжила извесно време.
[Истакната мисла на страница 4]
Тоа се фактите. Можат да се проверат. Еден чесен набљудувач ќе го цени тоа. А што се однесува до Јеховините сведоци, тие се одлучни, и покрај клеветењето, да продолжат да ја практикуваат својата христијанска вера, додека го почитуваат законот и покажуваат љубов кон ближниот.
[Слики на страница 4]
Организирани се акции за помош за оние кои се во оскудица