ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 29 стр. 74-стр. 75 пас. 2
  • Јехова го избрал Исус Навин за водач

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова го избрал Исус Навин за водач
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Исус Навин станува водач
    Мојата книга со библиски приказни
  • Она на што се сеќавал Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Врвни точки од книгата Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Преминување на реката Јордан
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 29 стр. 74-стр. 75 пас. 2
Свештениците го пренесуваат ковчегот на сојузот преку реката Јордан

ПОГЛАВЈЕ 29

Јехова го избрал Исус Навин за водач

Исус Навин го чита Законот

Откако со години го водел Израелскиот народ, Мојсеј остарел и на неговиот живот му се ближел крајот. Јехова му рекол: „Ти нема да ги одведеш Израелците во Ветената земја. Ама ќе ти дозволам да ја видиш“. Потоа Мојсеј го замолил Јехова да постави нов водач кој ќе се грижи за народот. Јехова му рекол: „Оди кај Исус Навин и кажи му дека го избрав него“.

Мојсеј им кажал на Израелците дека наскоро ќе умре и дека Јехова одлучил Исус Навин да ги одведе во Ветената земја. Потоа Мојсеј му рекол на Исус Навин: „Не плаши се. Јехова ќе ти помага“. По кратко време, Мојсеј се качил на врвот на планината Нево. Оттаму Јехова му ја покажал земјата што им ја ветил на Авраам, на Исак и на Јаков. Мојсеј умрел на 120 години.

Мојсеј го поставува Исус Навин за водач пред свештеникот и пред други луѓе

Јехова му кажал на Исус Навин: „Преминете ја реката Јордан и одете во Ханаан. Ќе ти помагам исто како што му помагав на Мојсеј. Секој ден читај го мојот Закон. Не плаши се и биди храбар. Оди и направи го она што ти го заповедам“.

Исус Навин испратил двајца извидувачи во градот Ерихон. Од следната приказна ќе дознаеме нешто повеќе за тоа што се случило таму. Кога извидувачите се вратиле, јавиле дека народот може да тргне за да ја освои земјата Ханаан. Уште следниот ден, Исус Навин им кажал на Израелците да се подготват за пат. Кога тргнале, први кон реката Јордан ги пуштил да одат свештениците кои го носеле ковчегот на сојузот. Во реката имало толку многу вода што се прелевала. Но, штом свештениците стапнале во водата, таа престанала да тече и речното корито потполно се исушило! Тогаш свештениците отишле на средината од пресушената река и стоеле таму сѐ додека не ја преминале сите Израелци. Што мислиш, дали ова чудо ги потсетило на чудото што Јехова го направил кај Црвеното Море?

Најпосле, по толку многу години, Израелците стигнале во Ветената земја. Таму можеле да си изградат куќи и градови. Можеле да имаат ниви, лозја и овоштарници. Таа земја била толку плодна што луѓето можеле да јадат и да пијат многу убави работи. Затоа за неа се велело дека е земја во која тече мед и млеко.

„Јехова ќе те води без престан и ќе ја сити твојата душа во исушена земја“ (Исаија 58:11)

Прашања: Кој ги водел Израелците откако умрел Мојсеј? Што се случило кај реката Јордан?

4. Мојсеева 27:12-23; 5. Мојсеева 31:1-8; 34:1-12; Исус Навин 1:1 — 3:17

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели