ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 62 стр. 148
  • Сонот за големото дрво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сонот за големото дрво
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Разрешување на мистеријата за големото дрво
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Царство кое ќе владее засекогаш
    Поуки од Библијата
  • Подемот и падот на еден огромен лик
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Според библиската хронологија, што се случило во 1914 година?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 62 стр. 148
Големото дрво од сонот на Навуходоносор е пресечено

ПОГЛАВЈЕ 62

Сонот за големото дрво

Една ноќ, Навуходоносор имал страшен сон. Ги викнал мудрите луѓе за да му кажат што значи сонот. Но, никој не можел да му го објасни. На крајот, царот зборувал со Даниел.

Навуходоносор му рекол на Даниел: „Во сонот видов едно дрво. Тоа порасна многу високо, до небото. Можеше да се види од секое место на Земјата. Имаше убави лисја и многу плодови. Под неговата сенка се одмараа животните, а на неговите гранки птиците си правеа гнезда. Тогаш од небото слезе ангел и извика: ’Пресечете го дрвото и отсечете му ги гранките. Но, пенушката со корењата оставете ја, а околу неа ставете железни и бакарни окови. Срцето на дрвото ќе се промени од човечко во животинско, и тоа ќе трае седум времиња. Сите луѓе ќе видат дека Бог е тој што ја има сета власт и дека го дава царството на кого сака‘“.

Јехова му открил на Даниел што значи сонот. Кога Даниел го сфатил значењето, многу се исплашил. Тој рекол: „Камо овој сон да беше за твоите непријатели, царе. Ама за тебе е. Големото дрво што било пресечено си ти. Ќе го изгубиш царството и ќе јадеш трева по ливадите како дивите животни. Но, тоа што ангелот рекол да ја остават пенушката со корењата значи дека повторно ќе бидеш цар“.

Една година потоа, Навуходоносор се шетал по рамниот покрив на неговата палата и му се восхитувал на Вавилон. Тој рекол: „Колку убав град сум изградил! Никој не ми е рамен!“ Додека уште зборувал, еден глас од небото рекол: „Навуходоносор! Царството веќе не е твое“.

Во тој миг, Навуходоносор го изгубил паметот и станал како диво животно. Морал да ја напушти палатата, и живеел заедно со дивите животни. Неговата коса пораснала и почнала да личи на орелски пердуви, а неговите нокти на птичји канџи.

По седум години, на Навуходоносор му се вратил разумот и Јехова му дозволил повторно да биде цар на Вавилон. Навуходоносор рекол: „Нека биде славен Јехова, Царот на небото. Сега знам дека Јехова владее над сѐ. Ги учи на понизност гордите луѓе, и поставува за цар кого сака“.

„Гордоста оди пред пропаста, и вообразеноста — пред падот“ (Изреки 16:18)

Прашања: Што значел сонот на Навуходоносор? Што научил Навуходоносор?

Даниел 4:1-37

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели