Како се користи оваа брошурка
Во оваа брошурка, ќе најдеш по еден стих за секој ден, како и коментар за тој стих. Иако можеш да ги читаш стихот и коментарот во секое време, многумина го прават тоа наутро. Така можат во текот на целиот ден да размислуваат за она што го прочитале. Многу е корисно целото семејство заедно да го разгледа дневниот стих. Бетелските семејства низ целиот свет го прават тоа за време на Библиската утринска програма.
Референцата на крајот на секој коментар укажува на тоа од каде е земен коментарот. Еден таков пример е референцата „w24.04 2, пас. 1, 3“. Во табелата подолу е опишано што значи секој дел од неа. Во статијата од каде што е земен материјалот, можеш да најдеш повеќе информации за темата.
w24 |
Година на изданието на Стражарска кула (2024) |
04 |
Месец на изданието на Стражарска кула (април) |
2 |
Број на страницата од каде што се земени стихот и коментарот |
пас. 1, 3 |
Број на пасусите од каде што се земени стихот и коментарот |