ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/1 стр. 3-4
  • Радосен народ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радосен народ
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Навистина радосен народ
  • Современиот радосен народ
  • Јехова е нашиот Цар!
    Пеј му од срце на Јехова
  • Јехова е нашиот Цар!
    Пејте му на Јехова
  • Служи му на Јехова со радосно срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радоста Јеховина е наша тврдина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/1 стр. 3-4

Радосен народ

РАДОСЕН народ! Дали овој опис денес одговара на било кој народ од човештвото? Дали некој народ може радосно да тврди дека го укинал насилството, криминалот, сиромаштвото, загадувањето, болестите кои осакатуваат, политичките корупции, религиозната нетрпеливост? Дали некој народ пропагира вистинска надеж за постигнување на ваквите цели? Далеку од тоа!

А каква е состојбата во светот? Советскиот лидер, Михаил Горбачов, на 16. јули оваа година изјавил: ”Напуштаме една епоха на меѓународни односи, и навлегуваме во друга, во еден период, се надевам, на стабилен, траен мир.“ Меѓутоа, весникот Тајм од истиот датум известил дека САД сѐ уште има насочено кон Москва 120 нуклеарни боеви глави, а само една од нив би можела потполно да го опустоши овој град. А без сомнение, Советите се спремни да возвратат на ист начин. И бидејќи повеќе други земји членки на Обединетите нации сега располагаат со знаењето за производство на нуклеарно оружје, малку место има за радост кога се размислува кој би можел да биде првиот кој ќе потегне.

Навистина радосен народ

Еднаш во историјата — пред околу 3 500 години — постоел еден навистина радосен народ. Тоа бил древниот Израел. Кога Бог го избавил овој народ од египетското угнетување, тие му се придружиле на Мојсеј во радосната победничка песна, и продолжиле да се веселат сѐ додека му биле послушни на својот Бог и Спасител (2. Мојсеева 15:1-21; 5. Мојсеева 28:1, 2, 15, 47).

За време на владеењето на Соломон ”Јуда и Израел биле толку бројни како зрнцата песок на морскиот брег; јаделе и пиеле и биле полни со радост.“ Тоа било време на големо веселење, кое својот врв го достигнало со подигнувањето на она што веројатно било највеличествена градба во историјата, храмот за Јеховиното обожавање во Ерусалим (1. Царевите 4:20; 6:11-14).

Современиот радосен народ

Стариот Израел го наговестувал современиот народ. Кој народ? Дали тоа е политичкиот Израел на Средниот Исток? Новинските извештаи покажуваат дека овој борбен народ е сѐ друго освен радосен. Дали таканаречените Обединети нации им донеле вистинска радост на своите земји членки? Не, меѓу денешните располитизирани народи не може да се најде вистинска радост. Алчноста, корупцијата и нечесноста изобилуваат, а во многу земји обичните луѓе несреќно се борат за гол опстанок (Пословици 28:15; 29:2).

Сепак, денес постои еден особен народ кој е крајно радосен. Тој не е политичен, бидејќи неговиот водач, Исус Христос, за својот народ рекол: ”Вие не сте дел од светот.“ (Јован 15:19). Додека Обединетите нации се обединети само на име, радосниот народ придобива мирољубиви приврзаници ”од сите нации и племиња и народи и јазици.“ (Откровение 7:4, 9). Неговиот број сега изнесува повеќе од четири милиони, така што популациски е поголем од 60 од 159-те земји членки на ОН. Бројот на јазиците на кои говорат овие четири милиони луѓе изнесува околу 200; сепак сите тие се обединети во говорењето на истиот ”чист јазик“ (Софонија 3:9).

Зарем не е чудно толку многу различни култури да зборуваат заеднички јазик? Не баш, бидејќи овој обединувачки јазик ја вклучува пораката за претстојното Божје Царство на праведноста. Овој радосен народ доаѓа ”од најоддалечените краеви на Земјата“ а се познати ширум светот како ’Јеховини сведоци‘ (Исаија 43:5-7, 10; Захарија 8:23). Скоро насекаде каде и да патувате низ светот, ќе ги сретнете.

Во Исаија 2:2-4, Божјиот пророк го опишува големото множество кое придоаѓа од сите народи, велејќи: ”Дојдете, да одиме на гората Јеховина, во домот на Богот Јаковлев; и тој ќе нѐ поучи за своите патишта, а ние ќе одиме по неговите патеки.“ Тие ревно ги повикуваат другите да примат поука од Јехова преку неговата Реч, Библијата, за да можат да се научат да ја вршат неговата волја. Овој народ ја следи патеката на вистински мир, неговите луѓе веќе ги прековале ’мечовите во плугови и копјата во српови, не учејќи се повеќе на војна.‘ Навистина радосен народ!

И ти можеш да се придружиш во оваа радост. Можеш да дознаеш за тој ден кој брзо се приближува, кога Царот, Исус Христос, ќе ги отстрани разорливите луѓе и влади, а ќе го обнови Рајот на Земјата (Даниел 2:44; Матеј 6:9, 10). Уште сега како навистина обединет народ, Јеховините сведоци наоѓаат голема радост во своето дело на подготвување за таа славна ера на вистински мир, како што ќе видиме на следните страници.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели