ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/3 стр. 4-7
  • Што може да значи Божјето Царство за тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што може да значи Божјето Царство за тебе?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исусовото гледиште за Царството
  • Дали е Царството во нас?
  • Кога треба да дојде
  • Како доаѓа Царството
  • Благослови од Царското владеење
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • За Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Дали Божјето Царство е состојба на срцето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/3 стр. 4-7

Што може да значи Божјето Царство за тебе?

ИСУС ХРИСТОС ги учел своите следбеници да се молат: „Да дојде царството Твое“ (Матеј 6:10). Колку често овие зборови му ги упатувале на Бог оние кои изјавуваат дека се Исусови следбеници!

Меѓутоа, Исус сторил повеќе отколку само да ги поучи своите ученици да се молат за Божјето Царство. Тој го направил Царството главен предмет на своето проповедничко дело. Всушност, Encyclopædia Britannica вели дека Божјето Царство „воглавно се смета за средишна тема на Исусовото учење“.

Кога Христовите следбеници молат за Царството, за што всушност молат тие? Што може да значи Божјето Царство за нив и за тебе? И како Исус гледал на него?

Исусовото гледиште за Царството

Исус честопати себеси се нарекувал ”Син човечки“ (Матеј 10:23; 11:19; 16:28; 20:18, 28). Тоа нѐ потсетува на пророкот Даниел кој се осврнал на ‚синот човечки‘. Во врска со еден иден небески настан, Даниел рекол: „Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред него. И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици“ (Даниел 7:13, 14).

Говорејќи за времето кога ќе ја добие оваа власт, Исус им рекол на своите апостоли: „Кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли“. Исто така рекол: „Кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава . . . ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите. . . . Тие [неправедните] ќе отидат во вечна мака [отсечување, NW], а праведниците — во живот вечен“ (Матеј 19:28; 25:31, 32, 46).

Овие пророчки укажувања на престоли и на сите националности, покажуваат дека Царството е влада во која Исус и некои од неговите следбеници ќе бидат владетели над човештвото. Таа влада ќе има моќ да ги отсече неправедните во смрт. Меѓутоа, под Царското владеење, оние кои се праведно наклонети ќе го примат Божјиот дар на вечен живот.

Тогаш, јасно е дека Божјето Царство е божествено воспоставена небесна влада. Царството не е црквата, а Писмото не пружа основа тоа да се смета за световно. Освен тоа, од Бог дадената влада не би можела да биде едноставно нешто во срцето на некој човек. Бидејќи Божјето Царство е влада, тоа не станува нешто во нашето срце кога го прифаќаме христијанството. Но, зошто некои веруваат дека Царството е состојба поврзана со срцето?

Дали е Царството во нас?

Некои мислат дека Царството е во нашето срце поради начинот на кој извесни библиски преведувачи го превеле Лука 17:21. Според Македонскиот превод на Светото писмо, Исус таму рекол: „Царството Божје е во вас внатре“.

Во овој поглед, The Interpreter’s Dictionary of the Bible наведува: „Иако честопати се цитира како пример за Исусовиот ‚мистицизам‘ или ‚внатрешност‘, ова толкување почива воглавно на стариот превод „во вас внатре“, . . . сфатено во неумесна современа смисла на ‚вас‘ во еднина . . .; заменката ‚вас‘ . . . е во множина (Исус им се обраќа на фарисеите — стих 20) . . . Теоријата дека Божјето царство е внатрешна состојба на умот, или на лично спасение, се коси со контекстот на овој стих, а исто така и со целото Новозаветно претставување на идејата.“

Една фуснота кон Лука 17:21 во New International Version покажува дека Исусовите зборови би можеле да се преведат како: „Царството Божје е помеѓу вас“. Други библиски преводи гласат: „Царството Божје е меѓу вас“ или „среде вас“ (Стварност; The Jerusalem Bible; Revised Standard Version). Според New World Translation of the Holy Scriptures, Исус рекол: „Царството Божје е во вашата средина“. Исус не мислел дека Царството било во срцата на горделивите фарисеи на коишто им се обратил. Наместо тоа, како долгоочекуван Месија и Наименуван Цар, Исус бил во самата нивна средина. Но требало да помине извесно време пред Божјето Царство да дојде.

Кога треба да дојде

Извесни следбеници на Исус Христос биле избрани за негови совладетели во небесното Месијанско Царство. Како Исус, тие умираат во верност спрема Бог и се воскреснати во духовен живот на небото (1. Петрово 3:18). Сразмерно малку по број, тие ќе бидат 144.000 цареви и свештеници откупени од човештвото (Откровение 14:1-4; 20:6). Меѓу Исусовите совладетели спаѓаат и неговите верни апостоли (Лука 12:32).

Говорејќи им на своите следбеници во една прилика, Исус ветил: „Има некои меѓу овие што стојат овде кои нема да вкусат смрт додека не го видат синот човечки каде иде во царството свое“ (Матеј 16:28, Даничиќ–Караџиќ). Интересно е што следниот стих покажува дека Исусовото ветување се исполнило само неколку дена подоцна. Тогаш тој зел тројца од своите ученици на една планина кадешто се преобразил пред нив, и така тие имале визија за него во Царска слава (Матеј 17:1-9). Но, во тоа време Царството не било воспоставено. Зошто? Кога требало тоа да се случи?

Една од Исусовите илустрации покажува дека тој не требало веднаш да биде устоличен за Месијански Цар. Во Лука 19:11-15 читаме: „[Тој] кажа . . . една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се открие царството Божјо, па рече: ‚Еден човек од висок род заминуваше во далечна земја да прими царство [царска моќ, NW] за себе и да се врати; и кога ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: „Тргувајте со нив, дури не се вратам!“ . . . А кога се врати, по приемот на царството [царската моќ, NW], нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види, кој колку спечалил.‘“

Во тие денови можело да потрае доста долго додека некој отпатува од Израел до Рим, да чека во градот додека не си осигура царска моќ и да се врати во својата земја како цар. Исус бил „човекот од висок род“. Тој требало да прими моќ како Цар од својот Татко на небото, но не требало веднаш да биде устоличен како Месијански Цар. Неговите следбеници требало да тргуваат така што би го продолжиле делото на објавување на добрата вест за Царството, значително време пред да се врати како Цар.

Како доаѓа Царството

Што бараат љубителите на Бог кога се молат да дојде неговото Царство? Тие всушност молат небесното Царство да преземе одлучна акција и да ги уништи човечките владејачки системи кои не успеале да живеат според нивното ветување дека ќе спроведат вистински мир и благосостојба. Укажувајќи на овој развој, пророкот Даниел напишал: „Во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подигне царство кое нема да се разруши никогаш, и тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно“ (Даниел 2:44). Кога би требало ова да се случи?

Исус прорекол дека тоа ќе се случи во рамките на генерацијата на оние кои ќе бидат сведоци на посебни преврати во човечките прилики. Во врска со својата „присутност“, Исус дал еден комбиниран „знак“ кој ги вклучува таквите развои, како беспримерни војувања, земјотреси, глад, епидемии—да, и проповедањето на добрата вест за Божјето Царство по целиот свет (Матеј поглавја 24, 25; Марко 13. поглавје; Лука 21. поглавје).

Исусовото пророштво вклучува настани кои се одигруваат токму сега—во нашиов 20. век. Затоа, нема да трае уште долго кога Божјето Царство ќе му донесе величествени благослови на човештвото. И ти можеш да бидеш меѓу оние кои ќе се радуваат на благодетите од Царското владеење. Но, што точно може да значи Божјето Царство за тебе и твоите сакани?

Благослови од Царското владеење

Ќе владее среќа по целата Земја. Под ‚новото небо‘—небесното Царство—ќе има „нова земја“, светско општество од послушни поданици на Царството. ‚Самиот Бог ќе биде со нив‘, напишал апостол Јован. „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни.“ Тогаш ќе нема причина за такво нешто освен од среќа, зашто „нема да има веќе ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:1-4).

Смртта повеќе нема да постои. Овој ужасен предизвикувач на жалост повеќе нема да ни ги одзема пријателите и саканите. „А последниот непријател што ќе биде уништен е смртта“ (1. Коринтјаните 15:26, Д-р Лујо Бакотиќ). Колкава радост ќе постои кога погребите ќе бидат заменети со воскреснувања на оние кои се во Божјето сеќавање! (Јован 5:28, 29).

Сјајно здравје ќе ги замени болестите и немоќта. Болничките кревети повеќе нема да се полнат со такви кои се измачувани од физички и душевни болести. Главниот Лекар, Исус Христос, ќе ја примени вредноста на својата откупна жртва „за исцелување на народите“ (Откровение 22:1, 2; Матеј 20:28; 1. Јованово 2:1, 2). Оздравувањата коишто ги вршел тој додека бил на Земјата претставувале само пример на она што тој ќе го направи преку Царството. (Спореди Исаија 33:24; Матеј 14:14.)

Залихите од храна ќе бидат изобилни. Како што рекол псалмистот, „ќе има пченица на земјата; по врвовите горски ќе се лелее класјето нејзино“ (Псалам 72:16, ДК). Пророкот Исаија кон ова додава: „Јехова над војските сигурно ќе направи за сите народи на оваа гора гозба од мрсни јадења, гозба од вино [стоено на талог], од мрсни јадења, полнети со срж, од филтрирано вино [стоено на талог]“ (Исаија 25:6, NW). Секако, под владеењето на Царството гладот нема да ги демне жителите на Земјата.

Целата Земја ќе стане рај. Така ќе биде исполнето ова Исусово ветување коешто му го дал на еден покајнички злосторник: „Ќе бидеш со мене во Рајот“ (Лука 23:43, NW). И ти можеш да се радуваш на вечен живот на оваа Земја, Земја исчистена од расипаност и претворена во угодна планета слична на парк (Јован 17:3).

Овие прекрасни изгледи се поставени пред целото послушно човештво. Јеховината вдахновена Реч, Библијата, ни ги пружа овие благословени засигурувања. Сето тоа може Божјето Царство да значи за тебе.

[Слика на страница 7]

Дали веруваш во она што Исус го рекол за Божјето Царство?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели