Жезол во облик на калинка од Јеховиниот дом?
АРХЕОЛОЗИТЕ во Израел откриле многу жезли, палки што ги носеле личности кои биле на власт (1. Мојсеева 49:10, Ст; Естир 8:4; Језекиил 19:14). Некои жезли пронајдени во Лахис имале врв во облик на калинка. Ова овошје му било познато на Божјиот народ (5. Мојсеева 8:8; Песна над песните 4:13).
На страницата лево, калинката од слонова коска, која изгледа како во период кога цвета, откриена е неодамна. Голема е 43 милиметри и се претпоставува дека е дел од жезол. Забележи ги буквите испишани во ран хебрејски стил кој потекнува од VIII век пр. н. е.
Делот од слонова коска бил откршен во древните времиња, така што неколку букви недостасуваат или постојат делумно. Сепак, специјалистите за древни ракописи ги реставрирале на начинот кој е нацртан долу. (На темел на Biblical Archaeologist.) Неправилните растојанија помеѓу буквите наведуваат на две основни толкувања. Францускиот научник Андре Ламер го предложил толкувањето: „Сопствеништво од храмот на Господ [Јахве], свет на свештениците“. Наман Авигад предложил: „Свет дар за свештениците во домот на Јахве“.
Овие и други научници заклучиле дека жезолот првобитно ги имал четирите хебрејски букви за Божјето лично име — Јехова. Така веројатно би стоел и натписот „дом на Јехова“, често употребуван израз во Библијата (2. Мојсеева 23:19; 3. Царства 8:10, 11).
Многумина сметаат дека главата на жезолот можеби била сопствеништво на свештеникот во храмот што го изградил Соломон или дека бил подарен на тој храм. Занимливо е дека украсите во облик на калинка можат често да се видат во Божјиот храм (2. Мојсеева 28:31-35, ДК; 3. Царства 7:15-20).
[Извор на слика на страница 32]
Israel Museum, Jerusalem