ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/4 стр. 31
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Значењето на твоето крштавање
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Христијаните обожаваат со дух и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Геризим — ‚на оваа планина обожававме‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Да се оди со обединето срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/4 стр. 31

Се сеќаваш ли?

Дали грижливо ги разгледуваше последните изданија на Стражарска кула? Ако да, тогаш веројатно ќе те интересира да се потсетиш на следново:

▫ Што е ‚знакот кој значи доброта‘ кој Јехова им го дава на оние што ги следат Исусовите стапки? (Псалми 85:17)

Тоа било „радоста на Духот свети“ (ДК) која ги зајакнувала првите христијани да ги издржат различните облици на прогонство кои ги погодиле (1. Солунјаните 1:6). Истото се случува и денес, кога Јехова, Дарителот на „секој добар дар и секој совршен подарок“, радо ‚им дава Дух Свети на оние, што Му бараат‘ (Јаков 1:17; Лука 11:13). Затоа, радоста на светиот дух за Исусовите следбеници е „знак кој значи доброта“ (15. 12., страници 18, 19).

▫ Зошто е животоважно за нас да го прифатиме Божјето гледиште за лагата?

Псалми 5:6 велат дека Бог ‚ќе ги уништи сите лажливци‘. Понатаму, Откровение 21:8 вели дека делот на сите што лажат е во „втората смрт“. Според тоа, прифаќањето на Божјето гледиште за лажењето е силна причина да ја зборуваме вистината и така да го добиеме неговиот дар на живот (15. 12., страница 23).

▫ Од што се состоел самарјанскиот облик на обожавање? (Јован 4:20).

Во нивното мешано обожавање, Самарјаните како Списи ги прифаќале само првите пет Мојсееви книги, Пентатеухот. Околу четвртиот век пр. н. е. тие подигнале храм на гората Геризим, како соперништво на Божјиот храм во Ерусалим. Иако самарјанскиот храм бил уништен, до ден-денеска тие одржуваат пасхална прослава на Геризим (1. 1., страница 25).

▫ Дали од христијаните се бара да ги поддржуваат акциите против загадувањето, односно за чиста Земја?

Кога бил на Земјата, Исус не се обидувал да ги реши сите општествени проблеми во негово време. Кога Јехова преку неговото Месијанско Царство ќе ги воведе своите праведни начела во светски размери, проблемите со загадување на околината ќе бидат трајно решени. Затоа, Јеховините сведоци заземаат урамнотежено гледиште. Љубовта кон ближните ги поттикнува да покажуваат почитување за имотот на другите, но тие со право го ставаат проповедањето на пораката за Божјето Царство на прво место (Матеј 6:33) (1. 1., страница 31).

▫ На кои начини Исус служел како светлоносец? (Јован 8:20).

Тој се посветил на проповедањето на добрата вест за Божјето Царство (Лука 4:43; Јован 18:37). Исто така ги открил религиозните невистини и така им доделил духовна слобода на оние кои се наоѓале во религиозно ропство (Матеј 15:3-9). На извонреден начин докажал дека е светлина на светот со тоа што го положил својот совршен човечки живот како откупнина (Матеј 20:28; Јован 3:16) (15. 1., страници 10, 11).

▫ Кои се некои од причините поради кои му должиме подложност на Јехова Бог?

Јехова е Универзалниот Суверен, и од таа причина му ја должиме нашата подложност. Исто така, бидејќи Јехова е семоќен, никој не може успешно да му се спротивстави, затоа не можеме да ја занемариме нашата подложност спрема него. Сите интелигентни творби биле создадени да ѝ служат на намерата на нивниот Творец, а тоа ги обврзува сите да му се подложуваат во секој поглед (1. 2., страници 10, 11).

▫ Што му помогнало на Јосиф да одбие да изврши блуд со Петефриевата жена?

Јосиф поседувал голема сила која го двигнувала неговиот ум. Тој бил потполно свесен за својот однос со Јехова и знаел дека извршувањето на блудот би било грев не само против нејзиниот сопруг туку, што е уште поважно, против Бог (15. 2., страница 21).

▫ Што мислел Исус кога рекол: „Јас сум . . . вистината“? (Јован 14:6).

Исус не само што зборувал и поучувал за вистината, туку живеел по неа и бил нејзино олицетворение. Така, вистинското христијанство не е само идеја туку начин на живот (1. 3., страница 15).

▫ Која утешна поука е содржана во Псалм 50?

Овој псалм ни помага да сфатиме дека доколку паднеме во грев но искрено се покаеме, нашиот љубезен небесен Татко ќе го слушне нашиот повик за милосрдност и ќе нѐ спаси од очај. Меѓутоа, првенствено да бидеме заинтересирани за било кој срам што можеби сме му го нанеле на Јеховиното име (15. 3., страница 18).

▫ Што симболизира крштението во вода?

Крштението е надворешен симбол на нечие предание на Јехова Бог. Потопувањето под вода покажува дека оние кои се крштаваат умираат за начинот на живот кој бил сосредоточен на самиот себе си. Подигнувањето од водата симболизира дека тие сега се живи за да ја вршат Божјата волја и дека тоа го ставаат на прво место во нивните животи (Матеј 16:24) (1. 4., страници 5, 6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели