ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 12 стр. 110-119
  • Значењето на твоето крштавање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Значењето на твоето крштавање
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Крштавања извршени од Јован
  • Крштавање во вода на христијанските ученици
  • Да живееме во склад со нашите одговорности
  • Значењето на твоето крштение
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Што е крштавање?
    Одговор на библиски прашања
  • Зошто да се биде крстен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 12 стр. 110-119

Поглавје дванаесет

Значењето на твоето крштавање

1. Зошто треба крштавањето во вода да биде од личен интерес за секој од нас?

ВО 29 н.е. Исус бил крстен така што Јован Крстител го потопил во реката Јордан. Самиот Јехова набљудувал и изразил одобрување (Матеј 3:16, 17). Со тоа Исус дал пример што треба да го следат сите негови ученици. Три и пол години подоцна, Исус на своите ученици им ги дал овие упатства: „Дадена ми е сета власт на небото и на земјата. Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух“ (Матеј 28:18, 19). Дали си ти крстен во склад со она што Исус тука го заповедал? Ако не, дали се подготвуваш да го сториш тоа?

2. Кои прашања во врска со крштавањето треба да се одговорат?

2 И во двата случаја, јасното разбирање на крштавањето е важно за секој што сака да му служи на Јехова и да живее во неговиот праведен нов свет. Во прашањата што заслужуваат одговори спаѓаат и овие: Дали христијанското крштавање денес има исто значење како Исусовото крштавање? Што значи да се биде крстен „во името на Таткото и на Синот и на светиот дух“? Што е вклучено во тоа да се живее според значењето на христијанското крштавање во вода?

Крштавања извршени од Јован

3. На кого било ограничено Јовановото крштавање?

3 Околу шест месеци пред да се крсти Исус, Јован Крстител отишол да проповеда во пустелијата на Јудеја, велејќи: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно“ (Матеј 3:1, 2). Луѓето слушнале што рекол Јован и тоа го зеле при срце. Отворено ги исповедале своите гревови, се покајале за нив и потоа дошле кај Јован за да ги крсти во реката Јордан. Тоа крштавање било за Евреите (Лука 1:13—16; Дела 13:23, 24).

4. Зошто Евреите од првиот век требало итно да се покаат?

4 Тие Евреи требало итно да се покаат. Во 1513 пр.н.е., на гората Синај, нивните прататковци стапиле со Јехова Бог во еден национален сојуз — формална, свечена согласност. Но, поради нивните тешки гревови, тие не живееле според своите одговорности под тој сојуз, па биле осудени од него. До времето на Исус, нивната ситуација станала критична. „Господовиот [Јеховиниот, NW] ден, ден голем и страшен“, проречен од Малахија, бил близу. Во 70 н.е. тој „ден“ дошол кога римските војски го уништиле Ерусалим, неговиот храм и преку еден милион Евреи. Јован Крстител, со ревност за вистинското обожавање, бил испратен пред тоа уништување „да подготви за Јехова спремен народ“. Тие требало да се покаат за своите гревови против Мојсеевиот сојуз на Законот и да се подготват да го прифатат Божјиот Син, Исус, кого Јехова го праќал кај нив (Малахија 4:4—6; Лука 1:17; Дела 19:4).

5. а) Зошто Јован се колебал кога Исус дошол да биде крстен? б) Што симболизирало Исусовото крштавање?

5 Меѓу оние што дошле кај Јован да се крстат бил и самиот Исус. Но, зошто? Знаејќи дека Исус нема гревови за исповедање, Јован рекол: „Јас треба да бидам крстен од тебе, а ти ли доаѓаш кај мене?“ Меѓутоа, Исусовото крштавање требало да симболизира нешто друго. Затоа Исус одговорил: „Остави сега, зашто на тој начин ни е погодно да извршиме сѐ што е праведно“ (Матеј 3:13—15). Поради тоа што Исус бил без грев, неговото крштавање не симболизирало покајание за грев; ниту, пак, требало да му се предаде на Бог, бидејќи тој бил член на една нација која веќе му била предадена на Јехова. Наместо тоа, неговото крштавање на 30-годишна возраст било карактеристично само за него и го симболизирало неговото претставување на неговиот небесен Татко за да ја врши Неговата натамошна волја.

6. Колку сериозен бил Исус во врска со вршењето на Божјата волја за него?

6 Божјата волја за Христос Исус вклучувала активност во врска со Царството (Лука 8:1). Исто така, ја вклучувала и жртвата на неговиот совршен човечки живот како откупнина и како темел за еден нов сојуз (Матеј 20:28; 26:26—28; Евреите 10:5—10). Исус многу сериозно го сфатил она што го симболизирало неговото крштавање. Не дозволил вниманието да му биде свртено кон други интереси. До крајот на својот земен живот, се држел за вршењето на Божјата волја, правејќи го проповедањето на Божјето Царство своја главна работа (Јован 4:34).

Крштавање во вода на христијанските ученици

7. Од Пентекост 33 н.е. наваму, што им било речено на христијаните да прават во врска со крштавањето?

7 Првите Исусови ученици биле крстени во вода од Јован и потоа биле упатени кај Исус како потенцијални членови на небесното Царство (Јован 3:25—30). Под Исусово водство, овие ученици исто така вршеле некои крштавања, кои го имале истото значење како и Јовановото крштавање (Јован 4:1, 2). Меѓутоа, почнувајќи од Пентекост 33 н.е., тие почнале да го исполнуваат налогот да крштаваат „во името на Таткото и на Синот и на светиот дух“ (Матеј 28:19). Ќе биде многу корисно за тебе да разгледаш што значи тоа.

8. Што значи да се биде крстен „во името на Таткото“?

8 Што значи да се биде крстен „во името на Таткото“? Тоа значи да се прифати неговото име, положба, власт, намера и закони. Разгледај што вклучува ова. 1) Во врска со неговото име, Осија 12:5 (ПСП) вели: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името негово“. 2) Во врска со неговата положба, 2. Царства 19:15 (NW) вели: „О Јехова . . . само ти си вистинскиот Бог“. 3) За неговата власт, Откровение 4:11 ни вели: „Достоен си, Јехова, да, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, зашто ти создаде сѐ, и поради твојата волја постои и е создадено“. 4) Исто така, мораме да признаеме дека Јехова е Животодавецот, чија намера е да нѐ спаси од грев и смрт: „Спасението му припаѓа на Јехова“ (Псалм 3:8, NW; 36:9). 5) Треба да прифатиме дека Јехова е Врховниот Законодавец: „Јехова е наш Судија, Јехова е наш Законодавец, Јехова е наш Цар“ (Исаија 33:22, NW). Поради тоа што Тој ги зазема сите овие положби, поттикнати сме: „Љуби го Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа и со сиот свој ум“ (Матеј 22:37).

9. Што значи да се биде крстен „во името . . . на Синот“?

9 Што значи крштавањето „во името . . . на Синот“? Тоа значи да се признае името, положбата и власта на Исус Христос. Неговото име, Исус, значи: „Јехова е Спасение“. Неговата положба произлегува од фактот дека тој е Божји единороден Син, првиот од Божјето создание (Матеј 16:16; Колошаните 1:15, 16). За овој Син, Јован 3:16 ни кажува: „Бог толку многу го љубеше светот [на човештвото што можело да се откупи] што го даде својот единороден Син за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“. Поради тоа што Исус умрел верен, Бог го воскреснал од мртвите и му дал ново овластување. Според апостол Павле, Бог „го возвишил [Исус] на повисока положба“ во вселената, на второ место веднаш по Јехова. Затоа треба „во Исусово име да се свитка секое колено . . . и секој јазик отворено да признае дека Исус Христос е Господ на слава на Бог Таткото“ (Филипјаните 2:9—11). Ова значи да се слушаат Исусовите заповеди кои потекнуваат од самиот Јехова (Јован 15:10).

10. Што значи да се биде крстен „во името . . . на светиот дух“?

10 Што значи да се биде крстен „во името . . . на светиот дух“? Тоа значи да се признае улогата и активноста на светиот дух. А што е светиот дух? Тоа е Јеховина активна сила, со која тој ги извршува своите намери. Исус им рекол на своите следбеници: „Ќе го замолам Таткото и тој ќе ви даде друг помошник за да биде со вас засекогаш, духот на вистината“ (Јован 14:16, 17). За што ќе ги оспособи тој? Исус понатаму им рекол: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде на вас, и ќе ми бидете сведоци како во Ерусалим така и во цела Јудеја и Самарија, па сѐ до најоддалечениот дел од земјата“ (Дела 1:8). Преку светиот дух, Јехова го инспирирал и пишувањето на Библијата: „Пророштвото никогаш не било донесено од човечка волја, туку луѓето зборуваа од Бог како што беа понесувани од светиот дух“ (2. Петрово 1:21). Затоа, кога ја проучуваме Библијата ја признаваме улогата на светиот дух. Друг начин на кој го признаваме светиот дух е така што го молиме Јехова да ни помогне да ги покажуваме плодовите на духот, кои се „љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување“ (Галатите 5:22, 23).

11. а) Кое е вистинското значење на крштавањето во нашево време? б) На кој начин крштавањето е како да умираш и да си подигнат?

11 Првите што се крстиле во склад со Исусовите упатства биле Евреи и еврејски прозелити, почнувајќи во 33 н.е. Кратко потоа, предноста на христијанското учеништво била упатена до Самарјаните. Потоа, во 36 н.е., повикот бил проширен и ги вклучил необрежаните не-Евреи. Пред да бидат крстени, Самарјаните и не-Евреите морале лично да му се предадат на Јехова за да служат како ученици на неговиот Син. И ден-денес христијанското крштавање во вода го има ова значење. Потполното потопување под вода е соодветен симбол за ова лично предание, бидејќи крштавањето е симболично погребување. Твоето нурнување под водата при крштавањето го претставува твоето умирање во однос на твојот поранешен начин на живот. Подигањето од водата го симболизира твоето оживување за да ја вршиш Божјата волја. Ова „едно крштавање“ важи за сите што стануваат вистински христијани. При крштавањето тие стануваат христијански Сведоци на Јехова, Божји ординирани слуги (Ефешаните 4:5; 2. Коринќаните 6:3, 4).

12. На што одговара христијанското крштавање во вода, и во кој поглед?

12 Ваквото крштавање има голема спасувачка вредност во Божји очи. На пример, откако спомнал дека Ное ја изградил арката во која тој и неговото семејство биле сочувани за време на Потопот, апостол Петар напишал: „Тоа што одговара на ова, сега ве спасува и вас, имено крштавањето (не отстранувањето на телесната нечистота, туку молбата упатена до Бог за чиста совест), преку воскресението на Исус Христос“ (1. Петрово 3:21). Арката била опиплив доказ дека Ное верно ја извршил работата доделена од Бог. Откако работата на арката била завршена, ‚светот од тоа време претрпел уништување кога бил потопен со вода‘ (2. Петрово 3:6). Но, Ное и неговото семејство, ‚осум души, безбедно биле пренесени преку водата‘ (1. Петрово 3:20).

13. Од што е спасен еден христијанин со крштавањето во вода?

13 Денес, оние што му се предаваат на Јехова на темел на верата во воскреснатиот Христос, се крштаваат во симбол на тоа предание. Тие продолжуваат да ја вршат Божјата волја за нашево време и се спасени од сегашниот зол свет (Галатите 1:3, 4). Повеќе не се движат кон уништување заедно со сегашниот зол систем на работи. Спасени се од ова и Бог им дал чиста совест. Апостол Јован ги уверува Божјите слуги: „Светот поминува, а и неговата желба, но оној кој ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17).

Да живееме во склад со нашите одговорности

14. Зошто крштавањето само по себе не е гаранција за спасение?

14 Погрешно е да се заклучи дека крштавањето само по себе е гаранција за спасение. Тоа има вредност само ако едно лице навистина му се предало на Јехова преку Исус Христос и потоа ја врши Божјата волја, останувајќи верно до крајот. „Кој ќе истрае до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:13).

15. а) Која е Божјата волја денес за крстените христијани? б) Колку важно треба да биде христијанското учеништво во нашиот живот?

15 Божјата волја за Исус го вклучувала и тоа како ќе го користи својот живот како човек. Неговиот живот требало да биде положен во смрт како жртва. Во нашиот случај, нашите тела треба да му бидат принесени на Бог, а ние да продолжиме да водиме самопожртвуван живот вршејќи ја Божјата волја (Римјаните 12:1, 2). Сигурно не би ја вршеле Божјата волја дури и ако само повремено намерно се однесуваме како светот околу нас или ако нашиот живот го градиме околу себични стремежи, служејќи му на Бог само формално (1. Петрово 4:1—3; 1. Јованово 2:15, 16). Кога некој Евреин прашал што мора да прави за да добие вечен живот, Исус признал дека е важно да се води морално чист живот. Но, потоа укажал на нешто уште поважно: потребата да се биде христијански ученик, следбеник на Исус. Тоа мора да биде главното нешто во животот. Не може да зазема второ место во однос на материјалните стремежи (Матеј 19:16—21).

16. а) Каква одговорност имаат сите христијани во врска со Царството? б) Како што е илустрирано на страници 116 и 117, кои се некои делотворни начини за вршење на делото на Царството? в) За што дава доказ нашето сесрдно учество во делото на сведочење?

16 Повторно треба да се нагласи дека Божјата волја за Исус вклучувала животоважна активност во врска со Божјето Царство. Самиот Исус бил помазан за Цар. Но, додека бил на Земјата, тој исто така ревносно сведочел за Царството. И ние имаме да вршиме слично дело на сведочење, и ја имаме секоја причина да се ангажираме во него со сето срце. Правејќи така, го покажуваме своето ценење за Јеховината сувереност, како и својата љубов кон ближните (Матеј 22:36—40). Исто така, покажуваме дека сме обединети со сообожавателите ширум светот, од кои сите се објавители на Царството. Заеднички, во светско единство, се напрегаме кон целта вечен живот во земното подрачје на ова Царство.

Дискусија за повторување

• Какви сличности и какви разлики има помеѓу Исусовото крштавање и крштавањето во вода денес?

• Што значи да се биде крстен „во името на Таткото и на Синот и на светиот дух“?

• Што спаѓа во тоа да се живее во склад со одговорностите на христијанското крштавање во вода?

[Слики на страници 116 и 117]

НЕКОИ НАЧИНИ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЦАРСТВОТО

Од врата до врата

На роднините

На колегите

На школските другари

На улица

Со навраќање кај заинтересираните

На домашни библиски студии

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели