ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 12 стр. 95-102
  • Значењето на твоето крштение

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Значењето на твоето крштение
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Крштенијата што ги вршел Јован
  • Крштение во смрт
  • Крштевањето во вода на христијанските ученици
  • Да живееме според нашите одговорности
  • Значењето на твоето крштавање
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Зошто да се биде крстен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 12 стр. 95-102

Глава 12

Значењето на твоето крштение

1, 2. а) Зошто крштението во вода треба да биде од личен интерес за секој од нас? б) Како накратко би одговорил на прашањата поставени во 2. пасус?

ВО 29. ГОДИНА н. е., Исус бил потопен во реката Јордан. Јехова лично го посматрал тоа и изразил одобрување (Мат. 3:16, 17). Три и пол години подоцна, по своето воскресение, Исус им дал упатства на своите ученици, велејќи им: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги [правете ученици од, NW] сите народи, крштавајќи ги“ (Мат. 28:18, 19). Дали си се крстил во склад со она што Исус овде го заповедал? Или се подготвуваш за тоа?

2 И во двата случаја е важно јасно да се разбере крштението. Следните прашања заслужуваат внимателно да се разгледаат: Дали крштението на христијаните денес има исто значење како Исусовото? Дали сето она што го кажува Библијата за крштението се однесува на тебе? Што сѐ е вклучено во тоа да се живее во склад со значењето на крштението во вода?

Крштенијата што ги вршел Јован

3. На кого било ограничено Јовановото крштение?

3 Околу шест месеци пред Исус да се крсти, Јован Крстител отишол во Јудејската пустина и проповедал: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ (Мат. 3:1, 2). Луѓето од тој крај слушнале што рекол Јован, отворено ги признале своите гревови и тој ги крстил во Јордан. Тоа крштение било за Евреите (Дела 13:23, 24; Лука 1:13-16).

4. а) Зошто Евреите требало неодложно да се покајат? б) Што било потребно ако сакале да избегнат да бидат ‚крстени со оган‘?

4 На тие Евреи неодложно им требало покајание. Во 1513 пр. н. е., на планината Синај, нивните прататковци стапиле во национален сојуз со Јехова Бог. Но затоа што не живееле според одговорностите за кои ги обврзувал сојузот, тие преку него биле осудени како грешници. Се наоѓале во критична ситуација. „Големиот ден Јеховин што влева стравопочитување“ (NW), проречен од Малахија, се приближувал, а во 70. н. е. дошол над Ерусалим во вид на брзо уништување. Јован Крстител, со ревност за вистинското обожавање слична на Илиината, бил испратен како претходница на тоа уништување „да Му приготви на Господа [Јехова, NW] народ совршен [подготвен, NW]“. Тие требало да се покајат за нивните гревови направени спрема сојузот на Законот и во срцата и мислите да се подготват да го прифатат Божјиот Син кого Јехова им го испратил (Мал. 4:4-6; Лука 1:17; Дела 19:4). Како што објаснил Јован, Божјиот Син ќе крштева со свет дух (крштение кое први го доживеале верните ученици на Пентакост 33. н. е.) и со оган (што дошло над непокајаните поединци како уништување во 70. н. е.) (Лука 3:16). За да избегнат лично да го доживеат ова ‚крштение со оган‘, Евреите од првиот век требало да се крстат во вода, во знак на нивното покајание, и морале да станат ученици на Исус Христос штом се отворила таа можност.

5. а) Кога Исус дошол да се крсти, зошто Јован се колебал? б) Што симболизирало Исусовото крштение во вода? в) Колку сериозно Исус ја сфатил Божјата волја со него?

5 Меѓу оние кои дошле кај Јован за да ги крсти, бил и самиот Исус. Но, зошто? Јован знаел дека Исус нема гревови за кои би се покајал, па затоа рекол: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?“ Но Исусовото крштение симболизирало нешто друго. Затоа одговорил: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“ (Мат. 3:13-15). Исусовото крштение не можело да симболизира покајание заради грев; ниту требало да му се предаде на Бог, зашто бил член на нацијата која веќе му била предадена на Јехова. Наместо тоа, неговото крштение, кога го достигнал еврејското полнолетство на 30-годишна возраст, симболизирало дека тој му се претставува на својот небесен Татко да ја врши Неговата волја. Божјата волја за „Човекот Христос Исус“ вклучувала активност во врска со Царството, како и жртвата на неговиот совршен човечки живот како откуп и како основа за нов сојуз (Лука 8:1; 17:20, 21; Евр. 10:5-10; Мат. 20:28; 26:28; 1. Тим. 2:5, 6). Исус мошне сериозно го сфатил значењето на своето крштение. Не дозволил вниманието да му го одвратат други интереси. До крајот на својот земски живот истрајал во вршењето на Божјата волја (Јован 4:34).

Крштение во смрт

6. На какво друго крштение се подложил Исус и низ кој временски период?

6 Во склад со она што го симболизирало неговото крштение во вода, Исус се подложил и на уште едно крштение. Знаел дека задачата, којашто Бог ја поставил пред него, ќе го води до тоа да го положи својот човечки живот како жртва, но дека ќе биде подигнат во дух на третиот ден. Тој за ова зборувал како за крштение. Ова „крштение“ започнало во 29. н. е., а завршило тогаш кога дословно умрел и воскреснал. Затоа, околу три години после неговото потопување под вода тој можел со право да каже: „Со крштавање треба да се крстам и колку Ми е мачно дури не се сврши тоа“ (Лука 12:50).

7. а) Кој друг е крстен во смрт? б) Кој го извршува ова крштение?

7 Оние кои ќе владеат со Христос во неговото небесно Царство исто така мора да се крстат во смрт (Мар. 10:37-40; Кол. 2:12). При својата смрт, тие засекогаш го оставаат својот човечки живот, како што сторил и Исус. А при нивното воскресение му се придружуваат во небесното владетелство. Ова крштение го врши не некој човек, туку Бог преку својот небесен Син.

8. Што се мисли со тоа што тие се исто така ‚крстени во Исуса Христа‘?

8 За оние кои се крстени во Исусовата смрт исто така се вели дека се ‚крстени во Исуса Христа‘. Со помош на светиот дух спроведен преку Христос, тие се обединиле со него, нивната глава, како членови на неговото духовно помазано собрание, неговото „тело“. Бидејќи тој дух ги оспособува да ја одразуваат Исусовата надредена личност, за нив може да се рече дека сите станале „едно во [заедница со, NW] Христа Исуса“ (Рим. 6:3-5; 1. Кор. 12:13; Гал. 3:27, 28; Дела 2:32, 33).

Крштевањето во вода на христијанските ученици

9. а) Кога за првпат било извршено крштението на начин кој е заповедан во Матеј 28:19? б) Користејќи ги прашањата и стиховите кои се дадени во овој пасус, анализирај што треба да признаат кандидатите за крштение, како што рекол Исус.

9 Јован ги крстил во вода Исусовите ученици и ги упатил кај Исус како очекувани членови на неговата духовна невеста (Јован 3:25-30). Под Исусова управа тие исто така извршиле некои крштевања што го имале истото значење како Јовановото крштение (Јован 4:1-3). Меѓутоа, започнувајќи со Пентакост 33. н. е., почнале да го исполнуваат ополномоштувањето да крстат „во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Мат. 28:19). Ќе извлечеш голема корист ако во светлина на стиховите наведени со следните прашања разгледаш што значи тоа:

За да се крсти „во името на Отецот“, што мора да признае поединецот во врска со Таткото? (4. Цар. 19:15; Псал. 3:8; 72:28; Иса. 6:3; Рим. 15:6; Евр. 12:9; Јак. 1:17).

Што крштението во името на „Синот“ бара да признаеме? (Мат. 16:16, 24; Фил. 2:9-11; Евр. 5:9, 10).

Што мора поединецот да верува за да се крсти во името на „Светиот Дух“? (Лука 11:13; Јован 14:16, 17; Дела 1:8; 10:38; Гал. 5:22, 23; 2. Петр. 1:21).

10. а) Што денес симболизира христијанското крштение во вода? б) Како се разликува од Исусовото крштение? в) Што стануваат по крштението оние кои ги исполнуваат библиските услови?

10 Први кои се крстиле во склад со упатствата дадени од Исус, биле Евреите (и еврејските проселити) кои како нација веќе биле предадени на Бог и Бог спрема нив покажувал посебна обѕирност сѐ до 36. н. е. Меѓутоа, кога предноста да се стане христијански ученик се проширила на Самарјаните и паганите, пред да се крстат, тие морале лично безрезервно да му се предадат на Јехова за да му служат како ученици на неговиот Син. Христијанското крштение во вода го има ова значење за сите и ден-денес, вклучувајќи ги и Евреите. Ова ‚едно крштевање‘ се однесува на сите кои станале вистински христијани. На тој начин тие станале христијански сведоци на Јехова, Божји одредени слуги (Еф. 4:5; 2. Кор. 6:3, 4).

11. а) На што е соодветно христијанското крштение во вода, и како? б) На тој начин, од што се спасени христијаните?

11 Таквото крштение има голема вредност во Божји очи. Откако спомнал како Ное изградил арка во која тој и неговото семејство биле зачувани низ Потопот, апостолот Петар го додал следново: „Образот на таа вода — крштавањето, но не остранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога — добра совест — нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа“ (1. Петр. 3:21). Арката била видлив доказ дека Ное се предал да ја врши Божјата волја и потоа верно го извршил делото кое Бог му го доделил. Тоа го довело до негово спасение. На соодветен начин, оние кои му се предале на Јехова на темел на верата во воскреснатиот Христос, се крстиле во знак на предание и продолжиле да ја вршат Божјата волја со неговите слуги во наше време, се спасени од сегашниот зол свет (Гал. 1:3, 4). Повеќе не се на патот на уништување заедно со останатиот свет. Тие се спасиле од него, а Бог им подарил добра совест.

Да живееме според нашите одговорности

12. Зошто нечие крштение, само по себе, не е гаранција за спасение?

12 Би било погрешно да заклучиме дека крштението само по себе е гаранција за спасение. Тоа има вредност само ако лицето навистина се предало на Јехова преку Исус Христос и ако верно ја извршува Божјата волја до крај (Мат. 24:13).

13. а) Што е Божја волја во однос на начинот на кој крстените христијани го користат својот живот? б) Колку треба во нашите животи да биде важно христијанското учеништво?

13 За Исус, Божјата волја го вклучувала и начинот како тој го употребил својот живот како човек. Требало да го положи животот како жртва. Во нашиот случај, можеме да му ги принесеме нашите тела на Бог така што ќе живееме самопожртвувано, односно, своите животи исклучително да ги користиме за вршењето на Божјата волја (Рим. 12:1, 2). Ние сигурно нема да постапуваме на таков начин ако, макар и повремено, намерно се однесуваме како светот околу нас или ако нашиот живот го сосредоточуваме на себични тежнеења, додека на Бог му служиме само симболично (1. Петр. 4:1-3; 1. Јов. 2:15-17). Кога некој Евреин го прашал што мора да прави за да добие вечен живот, Исус го потсетил на важноста да води морално чист живот, а потоа истакнал дека христијанското учеништво, односно да се биде следбеник на Исус Христос, треба да го стави на прво место во животот. Тоа не можело да стои на второ место после материјалните тежнеења (Мат. 19:16-21).

14. а) Какви одговорности во врска со Царството имаат сите христијани? б) Како што е илустрирано на стр. 101, кои се некои од делотворните начини на кои го вршиме ова дело? в) Што покажуваме ако од сѐ срце учествуваме во таквата активност?

14 Исто така, треба да се запомни дека Божјата волја со Исус вклучувала и една животоважна активност во врска со Царството. Самиот Исус бил помазан да биде Цар. Но покрај тоа, додека бил на Земјата тој ревносно сведочел за Царството. Ние треба да вршиме слично дело на сведочење, и ја имаме секоја причина да се ангажираме во тоа дело од сѐ срце. Ако го правиме тоа, го покажуваме нашето ценење за Јеховината сувереност и нашата љубов кон другите луѓе. Исто така покажуваме дека сме обединети со сообожавателите ширум светот, од кои сите се сведоци за Царството и дека навалуваме да постигнеме вечен живот во областа на владеењето на тоа Царство.

За повторување

● Кои се сличностите и разликите помеѓу Исусовото крштение и крштението во вода денес?

● За кого било Јовановото крштение? Кој бил крстен во смрт? А кој се ‚крстил во Христос Исус‘?

● Што е вклучено во тоа да се живее според одговорностите на христијанското крштение во вода?

[Рамка/слики на страница 101]

На кои начини го објавуваш Царството?

Од врата до врата

Вршејќи повторни посети кај заинтересираните

Преку домашни библиски студии

На улица

Преку разговори со соучениците

Преку разговори со колегите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели