ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/1 стр. 24-25
  • Геризим — ‚на оваа планина обожававме‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Геризим — ‚на оваа планина обожававме‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Сихем — градот во долината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Разговорот со Самарјанката
    Исус — патот, вистината и животот
  • Поучување на една Самарјанка
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Чие обожавање го прифаќа Бог?
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/1 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Геризим — ‚на оваа планина обожававме‘

САМАРЈАНКАТА на бунарот. Зарем оваа фраза не те потсетува на трогателниот извештај за Исусовото неформално сведочење на една жена кај „изворот на Јаков“ во Сихар, самарјанскиот град? Дали би сакал да го изостриш твоето гледиште за овој значаен настан? (Јован 4:5-14).

Забележи ги двете планини на горната слика, што се наоѓаат на околу 50 километри северно од Ерусалим.a Лево (на југ) е со дрвја покриениот Гаризим (Геризим); обилните извори придонесуваат за неговата плодност и убавина. Десно (на север) е Гевал (Евал), малку повисок, но каменит и неплоден.

Меѓу нив се наоѓа плодната долина Сихем. Сети се дека кога Божјиот пријател Аврам (подоцна наречен Авраам) патувал низ Ветената земја, тој застанал кај Сихем. Тука му направил жртвеник на Јехова кој штотуку му се јавил и ја ветил оваа земја на неговото семе (1. Мојсеева 12:5-7). Какво прикладно место да се даде такво ветување, во срцето на земјата којашто била ветена! Од врвот на Геризим или на Евал патријархот можел да види големи делови на Ветената земја. Градот Сихем (денешен Наблус) бил витален крстопат, сместен на планинскиот пат што водел од север кон југ, близу еден друг пат што водел од исток на запад помеѓу морскиот брег и долината на Јордан.

Авраамовиот жртвеник овде бил само еден значаен религиозен настан. Подоцна, Јаков купил земја во ова подрачје и го продолжил вистинското обожавање. Тој исто така ископал или платил да се ископа еден длабок бунар, близу подножјето на Геризим. Со векови подоцна Самарјанката му рекла на Исус: ‚Нашиот татко Јаков ни го даде овој кладенец . . ., тој пиеше од него‘. Можеби тој бунар се полнел од извор, што објаснува зошто апостол Јован го нарекол „изворот на Јакова“.

Спомнувањето на вистинското обожавање во врска со Геризим и Евал можеби исто така те потсетува на тоа дека Исус Навин овде го довел Израел, според упатствата на Мојсеј. На Евал, Исус Навин изградил жртвеник. Замисли си половина од народот пред Геризим а остатокот пред Евал, додека Исус Навин го чита „законот, благословувањата и проклетствата“ (Исус Навин 8:30-35; 5. Мојсеева 11:29). Со години подоцна, Исус Навин се вратил и како последна опомена рекол: „А, пак, јас, и домот мој ќе му служиме на Господа [Јехова, NW]“. Народот се заветува дека ќе го прави истото (Исус Навин 24:1, 15-18, 25). Но дали навистина ќе му служат?

Одговорот може да ти помогне да го разбереш Исусовиот разговор со Самарјанката. Како што гледаш, овде во Самарија не продолжило вистинското обожавање кое го спроведувале Авраам, Јаков и Исус Навин.

Откако северните десет племиња се отцепиле, тие се свртеле кон обожавање на теле. Затоа Јехова им дозволил на Асирците во 740. г. н. е. да го освојат ова подрачје. Тие одвлекле бројно население, доведувајќи во замена странци од сите страни на Асирското царство, обожаватели на туѓи богови. Некои од тие пагани веројатно се мажеле и женеле со Израелци и Израелки и научиле некои науки од вистинското обожавање, како на пример обрежувањето. Но, крајниот облик на самарјанското обожавање сигурно не му угодувал потполно на Бог (4. Царства 17:7-33).

Во нивното мешано обожавање, Самарјаните како Списи ги прифаќале само првите пет Мојсееви книги, Пентатеухот. Околу четвртиот век пр. н. е. тие подигнале храм на гората Геризим, како соперништво на Божјиот храм во Ерусалим. Со текот на времето, храмот на Геризим му бил посветен на Зевс (или Јупитер) и конечно бил уништен. Сепак, самарјанското обожавање и понатаму било сосредоточено на Геризим.

До ден-денеска, Самарјаните секоја година одржуваат пасхална прослава на Геризим. Се колат јагниња. Нивните тела се потопуваат во буриња со врела вода, за да им се симне волната, а потоа месото со часови се вари во јами. На полноќ стотици Самарјани, повеќето од Ерусалим, приредуваат пасхален оброк. Лево можеш да го видиш самарјанскиот првосвештеник со покриена глава како службува при прославата на Пасхата на гората Геризим.

Сети се што му рекла Самарјанката на Исус: „Нашите татковци се клањаа во оваа планина“. Нејзе, а и нам, Исус ни дал исправно објаснување: „Иде време кога нема да му се молите на таткото ниту на оваа гора ниту во Ерусалим. . . . Но иде време, и веќе настанало, кога вистинските богомолци ќе му се молат на таткото со дух и вистина, зашто таткото сака такви богомолци. Бог е дух; и кои му се молат, со дух и вистина треба да му се молат“ (Јован 4:20-24, ДК).

[Фуснота]

a Сликава можеш да ја разгледаш поподробно во поголема величина во Календарот на Јеховини сведоци — 1993.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извори на слики на страница 25]

Garo Nalbandian

Garo Nalbandian

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели