ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 19
  • Поучување на една Самарјанка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучување на една Самарјанка
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Многу Самарјани веруваат
  • Разговорот со Самарјанката
    Исус — патот, вистината и животот
  • Жената кај бунарот
    Поуки од Библијата
  • Со жената на бунарот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Вода која значи живот
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 19

Поглавје 19

Поучување на една Самарјанка

НА ПАТОТ од Јудеја за Галилеја, Исус и неговите ученици патуваат низ областа Самарија. Изморени од патувањето, околу пладне застануваат да се одморат покрај еден бунар, во близина на градот Сихар. Овој бунар го ископал Јаков пред многу векови и постои дури до денешен ден во близината на современиот град Наблус.

Додека Исус тука се одмора, неговите ученици одат во градот да купат малку храна. Тогаш доаѓа една Самарјанка да црпи вода, и тој ја замолува: „Дај ми да пијам“.

Евреите и Самарјаните обично не се дружат поради длабоко вкоренети предрасуди. Затоа жената зачудено прашува: „Како тоа ти, иако си Евреин, бараш од мене да пиеш кога јас сум Самарјанка?“

‚Кога ти би знаела‘, одговара Исус, ‚кој е оној кој ти вели: „Дај ми да пијам“, ти би побарала од него, и тој би ти дал вода жива‘.

„Господине“, одговара таа, „немаш ни ведро за црпење вода, а бунарот е длабок. Од каде ти е тогаш таа вода жива? Зарем ти си поголем од нашиот прататко Јаков кој ни го даде бунаров и кој самиот заедно со своите синови и својата стока пиеше од него?“

„Секој кој пие од оваа вода, пак ќе ожедни“, напомнува Исус. „А кој пие од водата која ќе му ја дадам јас, нема воопшто никогаш да ожедни, туку водата што ќе му ја дадам ќе стане во него извор на вода која извира за да даде вечен живот.“

„Господине, дај ми ја таа вода, за да не ожеднувам ниту да доаѓам постојано ваму да црпам вода“, одговара жената.

Исус сега ѝ вели: „Оди, викни го маж ти и дојди ваму“.

„Немам маж“, одговара таа.

Исус ја потврдува нејзината изјава. „Добро кажа: ‚Маж немам‘. Зашто си имала петмина мажи, а човекот кого сега го имаш не ти е маж.“

„Господине, гледам дека си пророк“, зачудено вели жената. Таа ја открива својата заинтересираност за духовни работи велејќи дека Самарјаните „обожаваа на оваа гора [Гаризим, која е во близина]; а вие [Евреите] велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се обожава“.

Сепак, Исус укажува дека местото на обожавање не е најважното нешто. „Доаѓа часот“, вели тој, „кога вистинските обожаватели ќе го обожаваат Таткото со дух и со вистина, зашто, навистина, Таткото бара такви да го обожаваат. Бог е Дух, и оние кои го обожаваат, мораат да го обожаваат со дух и со вистина.“

Жената е длабоко импресионирана. „Знам дека доаѓа Месија, наречен Христос“, вели таа. „Кога тој ќе дојде, сѐ ќе ни објави отворено.“

„Јас сум, кој зборувам со тебе“, објавува Исус. Замисли си! На оваа жена која на пладне доаѓа да црпи вода, можеби за да го избегне контактот со жените од градот кои ја презираат поради нејзиниот начин на живот, Исус ѝ покажува наклоност на прекрасен начин. Тој отворено ѝ кажува нешто што не му признал на никој друг. Со каков резултат?

Многу Самарјани веруваат

Кога учениците се враќаат од Сихар со храна, го наоѓаат Исус кај бунарот на Јаков, каде што го оставиле, како разговара со една Самарјанка. Кога учениците пристигнуваат, таа заминува оставајќи ја стомната за вода и се упатува кон градот.

Длабоко заинтересирана за она што ѝ го кажал Исус, им вели на мажите во градот: „Дојдете да видите човек кој ми кажа сѐ што сум направила“. Потоа, за да побуди љубопитство, таа прашува: „Да не е тоа Христос?“ Прашањето ја постигнува својата цел — мажите одат самите да видат.

Во меѓувреме, учениците го тераат Исус да јаде од храната што ја донеле од градот. Но, тој одговара: „Јас имам за јадење храна за која вие не знаете“.

„Да не му донел некој нешто за јадење?“ се прашуваат учениците меѓу себе. Исус објаснува: „Мојата храна е да ја вршам волјата на оној кој ме испрати и да го завршам неговото дело. Зарем вие не велите дека има уште четири месеци додека дојде жетвата?“ Меѓутоа, Исус укажува на духовната жетва, и вели: „Подигнете ги своите очи и погледнете ги полињата, како се бели за жетва. Жетварот веќе прима плата и собира плод за вечен живот, за да се радуваат заедно сејачот и жетварот“.

Можеби Исус веќе може да го види величествениот ефект од неговата средба со Самарјанката — дека многу веруваат во него на темел на нејзиното сведоштво. Таа им сведочи на жителите на градот: „Ми кажа сѐ што сум направила“. Затоа, кога мажите од Сихар доаѓаат кај него на бунарот, го замолуваат да остане и да разговара со нив уште. Исус ја прифаќа поканата и останува со нив два дена.

Додека Самарјаните го слушаат Исус, уште поголем број веруваат. Потоа ѝ велат на жената: „Повеќе не веруваме поради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека овој човек сигурно е спасителот на светот“. Сигурно дека Самарјанката дава прекрасен пример за тоа како да сведочиме за Христос со тоа што ќе побудиме љубопитство кај слушателите за тие да истражуваат понатаму!

Сети се дека има уште четири месеци до жетвата — очигледно жетвата на јачмен, која во Палестина е на пролет. Значи, сега е веројатно ноември или декември. Тоа значи дека после Пасхата во 30 н.е., Исус и неговите ученици осум месеци поучувале и крштавале во Јудеја. Сега заминуваат за својот крај, Галилеја. Што ги очекува таму? Јован 4:3—43.

▪Зошто Самарјанката е изненадена што Исус разговарал со неа?

▪ Што ја поучува Исус за водата на животот и за тоа каде да се обожава?

▪ Како Исус ѝ открива кој е, и зошто ова откривање толку зачудува?

▪ Како сведочи Самарјанката и со каков резултат?

▪ Како Исусовата храна е поврзана со жетвата?

▪ Како можеме да ја одредиме должината на Исусовата служба во Јудеја после Пасхата во 30 н.е.?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели