ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 8-9
  • Вода која значи живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вода која значи живот
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Со жената на бунарот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Извор на вода што донесува вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поучување на една Самарјанка
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Жената кај бунарот
    Поуки од Библијата
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 8-9

Вода која значи живот

Исус патувал низ Самарија, област северно од Ерусалим. Бил изморен и жеден. Седејќи покрај еден бунар, замолил една Самарјанка да му нацрпи вода. Таа била изненадена што еден Евреин бара од неа вода, бидејќи во првиот век Евреите и Самарјаните воопшто не се поднесувале.

Збунетата жена го прашала Исус: „Како ти, Евреин, бараш да пиеш од мене, жена Самарјанка?“

Исус одговорил: „Кога би го познавала Божјиот дар и кој е оној што ти вели: ‚Дај ми да пијам‘, ти би побарала од него и тој би ти дал жива вода“.

Потоа, Исус ѝ објаснил: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни. А кој ќе пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни, туку водата што ќе му ја дадам јас ќе стане во него извор на вода, која донесува вечен живот“ (Јован 4:1-15).

Што мислел Исус со тоа?

ВО БИБЛИЈАТА, Творецот, односно Јехова Бог, е наречен ‚извор на жива вода‘ (Еремија 2:13). Животот е Божји дар кој зависи не само од дословната вода туку и од онаа за која зборувал Исус.

Денес, како никогаш порано, на луѓето им е потребно духовно водство. Всушност, може да се каже дека низ целиот свет владее духовна „суша“. Луѓето се „жедни“ за одговор на многу важни прашања, како на пример: Каде се мртвите? Постои ли надеж дека некогаш повторно ќе бидеме со нив? Зошто Бог ги допушта страдањата? Можеме ли да се надеваме на свет без војни, криминал, глад и болести? Јеховините сведоци се уверени дека одговорите на овие прашања можат да се најдат во освежувачката „вода“ што извира од Божјата Реч, Библијата.

Како што веќе рековме, во разговор со Самарјанката на бунарот Исус ја спомнал животоважната вода на вистината која тече од Божјата Реч. Јеховините сведоци те поттикнуваат да ја запознаеш оваа библиска вистина. Ваква покана е изразена и во последната книга на Библијата, каде што стои: „Секој што е жеден, нека дојде. Секој што сака, нека земе бесплатно од водата на животот“ (Откровение 22:17).

Поопширно објаснување за тоа како човештвото ќе биде благословено преку Божјето Царство можеш да добиеш ако стапиш во контакт со Јеховините сведоци во најблиската Сала на Царството или ако пишеш на соодветната адреса на 5. страница од ова списание. Би можел да ја посетиш и веб-страницата www.watchtower.org.

[Рамка на страници 8 и 9]

ДАЛИ РЕЛИГИЈАТА УСПЕАЛА ДА ЈА ЗГАСНЕ „ЖЕДТА“ НА ЛУЃЕТО?

Многу луѓе одат в црква или барем тврдат дека се религиозни. Сепак, тоа не значи дека ја нашле освежувачката вода на вистината. Факт е дека многу од денешните главни религии се покажале како извор на проблеми наместо извор на решенија за проблемите. На пример, во војните, католици убивале католици, протестанти убивале протестанти, а притоа и двете страни му се молеле на Бог за победа!

Да не ги спомнуваме и многубројните скандали со свештеници кои вршеле проневера на црковни средства и блудничеле над малолетници. Очигледно е дека водите кои извираат од повеќето религии се загадени (Откровение 17:4-6; 18:1-5). Оваа ситуација добро е опишана во Библијата во Тит 1:16, каде што стои: „Тие тврдат дека го познаваат Бог, но се одрекуваат од него со своите дела“. Во повеќето случаи, религијата не направила речиси ништо за да ја згасне „жедта“ на луѓето во ова време на духовна „суша“.

[Рамка/слика на страница 9]

Низ своите 19 поглавја, на 224 страници, книгата Што навистина учи Библијата? објаснува каков одговор дава Библијата на некои основни прашања, како на пример:

„Каква е Божјата намера со Земјата?“

„Каде се мртвите?“

„Дали живееме во ‚последните денови‘?“

„Зошто Бог ги допушта страдањата?“

[Слика на страница 9]

‚Водата на вистината‘ можеш да ја најдеш во Салата на Царството во твоето место

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели