ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/8 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Дали си ја пронашол вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Родители — помагајте им на вашите деца да добијат спасение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Родители, вашите деца изискуваат особено внимание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/8 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно си размислувал за последните изданија на Стражарска кула? Ако да, сигурно ќе ти биде занимливо да се потсетиш на следново:

▫ Која е основната разлика помеѓу човекот и животните?

Главната разлика се сосредоточува на градбата, способноста и функциите на мозокот. Кај животните речиси сите мозочни функции се програмирани за т. н. инстинктивна мудрост. Меѓутоа, кај луѓето не е така. Бог ги обдарил луѓето со право на слободна волја (Изреки 30:24-28; 15.4., страница 5).

▫ Каква улога имало пеењето во храмското обожавање на Израелците?

Музиката, особено пејачите заземале важно место во обожавањето, не само за да ги всадат поважните работи од Законот туку и за да го дадат исправниот дух за обожавање. Таа им помогнала на Израелците да го обожаваат Јехова на еден жив начин (1. Летописи 23:4, 5; 25:7; 1.5., страници 10, 11).

▫ Какво внимание им е потребно на децата додека се уште мали?

Родителите мораат да му посветуваат скоро постојано внимание на новороденчето. Павле напишал: „Уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение“ (2. Тимотеј 3:15). Значи, родителското внимание што го примил Тимотеј уште од детството било исто така од духовен вид (15.5., страница 11).

▫ Кои се четирите вида докази кои потврдуваат дека Библијата содржи Божја порака за целото човештво?

(1) Достапност. Библијата е достапна за 98 отсто од светското население. (2) Историска точност. Библијата содржи историски факти, а не легенди што не можат да се докажат. (3) Практичност. Нејзините заповеди и начела истакнуваат начин на живот којшто им донесува корист на оние кои се држат за нив. (4) Пророштва. Тоа е книга која во детали кажува што ќе се случи во иднината (1.6., страници 8, 9).

▫ Каква одговорност носи познавањето на вистинската религија?

Откако сме ја идентификувале вистинската религија, мораме да го градиме својот живот врз основа на неа. Тоа е начин на живот (Псалм 118:105; Исаија 2:3; 1.6., страница 13).

▫ Зошто личната студија на Библијата е толку важна?

Сите Божји слуги потребно е од ден на ден да ја обновуваат својата радост и сила, изнаоѓајќи нови или подлабоки аспекти на вистината од Божјата Реч. На овој начин тие остануваат духовно стимулирани (15.6., страница 8).

▫ Што е мислено со зборот „грев“ како што е употребен во Библијата?

Во нивните глаголски форми, хебрејскиот и грчкиот збор воглавно се користат во Библијата за да обележат „грев“ што значи „промашување“, во смисла на промашување или непостигнување на некоја цел, белег или мета. Првата човечка двојка не ја достигнала Божјата слава и ја промашила целта за која била создадена според Божјиот лик. Со други зборови, тие згрешиле (1. Мојсеева 2:17; 3:6; 15.6., страница 12).

▫ Зошто е многу немудро да се чита отпадничка литература?

Дел од отпадничката литература изнесува лаги преку „слатки“ и „ласкави зборови“ (Римјаните 16:17, 18; 2. Петрово 2:3). Сета отпадничка литература само критизира и урива. Ништо не е изградувачко (1.7., страница 12).

▫ Дали Грција била лулка на демократија?

Во античка Грција била спроведувана демократија само во неколку градови-држави, па дури и во нив право на глас имале само машките граѓани. Тоа значело дека четири петтини од населението биле оставени настрана. Не би се рекло дека тоа било врховна власт на народот или демократија! (1.7., страница 16).

▫ Што придонесува за еден христијански брак да цути?

Ако мажот и жената го почитуваат Божјето гледиште за бракот и ако настојуваат да живеат според начелата од неговата Реч (Ефесјаните 5:21-33; 15.7., страница 10).

▫ Како може вашата семејна студија да биде пријатна?

Обиди се да ги вклучиш сите деца. Биди позитивен и изградувачки и срдечно пофали ги децата за нивното учество. Немој само да го поминеш градивото, туку потруди се да ги достигнеш срцата на твоите деца (15.7., страница 18).

▫ Што е мислено со изразот: „Оти, кога ќе речат: ‚Мир и сигурност!‘“ (1. Солунјаните 5:3, НС)?

Забележи, Библијата не вели дека нациите ќе постигнат „мир и сигурност“. Но, тие барем ќе зборуваат за тоа на единствен начин, изразувајќи оптимизам и увереност кои претходно не се чувствувале. Шансите да се постигне мир и сигурност ќе изгледаат поголеми од било кога порано (1.8., страница 6).

▫ Наведи три начини на кои Јехова покажува разумност.

Јехова ја покажал својата спремност да прости (Псалм 86:5, НС). Тој бил спремен да го промени замислениот начин на постапување кога ќе настанеле нови околности. (Види Јона, поглавје 3.) Јехова се покажал разумен и во начинот на спроведување на авторитетот (3. Царства 22:19-22; 1.8., страници 12-14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели