‚Неговите дела го следат‘
ВО 8.50 часот, во четврток, на 28. јули 1994, Џорџ Д. Гангас го заврши својот земски пат. Имаше 98 години. Како еден од помазаниците, Џорџ Гангас беше член на Водечкото тело на Јеховините сведоци од 15. октомври 1971.
Сите оние кои лично го познаваа брат Гангас ја знаеја неговата љубов кон праведноста и неговата омраза кон злото. Тие добро се сеќаваат како тој често пати го опишуваше Сатана како страшен, монструозен, злобен, подол и презрен лажливец. Од друга страна, за Јехова зборуваше како за драг, љубезен, сочувствителен, нежен и грижлив Татко. Исто така, многумина се сеќаваат дека многу сакаше да поставува библиски прашања. Во секој разговор мораше да поставува прашања — некои беа едноставни, а некои посложени. Тој навистина ја сакаше библиската вистина.
Брат Гангас се крсти на 15. јули 1921. Неговата кариера во полновремената проповедничка служба (како пионер) ја започна во март 1928. Според тоа, во полновремената служба беше вкупно 66 години. На 31. октомври 1928 стана член на персоналот во седиштето на Watch Tower Bible and Tract Society во Бруклин.
Неговото животно искуство се појави во изданието на Стражарска кула од 15. октомври 1966. Тоа опишува еден навистина духовен Божји човек. Во таа статија, тој ја даде следнава охрабрувачка изјава: „Го сакам животот и сакам моите браќа да добијат живот. Сметам, како и апостол Павле, дека сѐ друго е ‚штета спрема преважното познавање на Христа Исуса‘“ (Филипјаните 3:8).
Со своите постапки, брат Гангас покажа дека навистина го сакал животот, и неговото „познавање на Христа Исуса“ спремно го споделуваше со другите. Ќе ни недостига, но мошне се радуваме што сега ја има добиено неговата небесна награда! Сега, ‚тој ќе се одмора од својот труд, бидејќи неговите дела го следат‘ (Откровение 14:13, New International Version).
[Слики на страница 31]