ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/1 стр. 3-4
  • Зачувај беспрекорност и живеј!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зачувај беспрекорност и живеј!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Зачувај ја својата беспрекорност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Ќе живееме непорочно!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Нема да отстапам од својата непорочност!“
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/1 стр. 3-4

Зачувај беспрекорност и живеј!

„НАВРЕДИ Го Бога и умри!“ Насловната страна на нашето списание ја прикажува жената на Јов која го нападнала со тие зборови. Тоа се случило пред околу 3.600 години. Сепак, тој вербален напад врз Божјиот верен слуга го истакнува спорното прашање со кое се соочува човештвото сѐ до денешен ден. Верниот Јов претрпел страшни загуби — неговиот добиток, куќата, неговите десет деца. А сега и телото му било измачувано со хронична болест, искушувајќи го до границите на неговата издржливост. Која била причината? Водечкиот непријател на Бог и на човекот, Сатана Ѓаволот, сакал да го докаже тврдењето дека човекот не може да задржи беспрекорност кон Бог под некој суров испит (Јов 1:11, 12; 2:4, 5, 9, 10).

Денес, исто како во Јововото време, „целиот свет лежи во власта на злобниот“, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19, НС). Навистина, тоа е уште поизразито денес, бидејќи сега „оној кој е наречен Ѓавол и Сатана, што ја заведува целата населена Земја“, е исфрлен од небото долу на Земјата (Откровение 12:9, НС). Тоа е причина за жестоките неволји кои го мачат човештвото во наше време. Првата светска војна, која избувнала во 1914, означила „почеток на болките“ што продолжиле длабоко навлегувајќи во овој XX век (Матеј 24:7, 8).

Дали некогаш се чувствуваш како да си дошол до границата на човечката издржливост, во овој свиреп и деградиран свет? Дали некогаш се прашуваш: ‚Има ли животот некаква смисла‘? Можеби Јов се чувствувал така, но тој никогаш не изгубил вера во Бог, иако грешел. Својата решеност ја изразил во зборовите: „Дури не умрам нема да ја отфрлам од себе мојата беспрекорност!“ Тој имал доверба дека Бог ‚ќе ја дознае неговата непорочност [беспрекорност, НС]‘ (Јов 27:5, НС; 31:6).

И Исус Христос, Божјиот Син, морал да поднесе тешкотии додека бил овде на Земјата. Сатана го напаѓал Исус на различни начини. Тој ги искористил Исусовите физички потреби и ја испитал Неговата доверба во Божјата Реч, како на пример, на планината на искушението (Матеј 4:1-11). Го мачел Исус со тоа што издајничките книжници и фарисеи и оние кои биле заведени од нив, го прогонувале, го обвиниле за богохулење и сковале завера да го убијат (Лука 5:21; Јован 5:16-18; 10:36-39; 11:57). Тие се однесувале многу полошо со Исус, отколку тројцата лажни тешители со Јов (Јов 16:2; 19:1, 2).

Во Гетсеманската градина, додека се приближувал кон кулминацијата на својот испит, Исус им рекол на своите ученици: „Смртно е нажалена Мојата душа“. Потоа, „падна ничкум; се молеше и говореше: ‚Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти‘“. Најпосле, на маченичкиот столб, како исполнување на пророчките зборови од Псалм 21:1, Исус извикал: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?“ Но, на крајот Бог не го оставил Исус бидејќи тој зачувал совршена беспрекорност кон Него, оставајќи пример што треба да го следат сите вистински христијани. Јехова го наградил Исусовото чување на беспрекорноста со тоа што го воскреснал и го возвишил до највисоките небеса (Матеј 26:38, 39; 27:46; Дела 2:32-36; 5:30; 1. Петрово 2:21). Бог ќе ги награди сите оние кои на сличен начин ја чуваат беспрекорноста кон него.

Не само што Исусовата беспрекорност дала целосен одговор на Сатановиот предизвик туку и жртвата на неговиот совршен човечки живот ја обезбедила откупнината, врз основа на која луѓето кои ја чуваат својата беспрекорност можат да добијат вечен живот (Матеј 20:28). Прво, Исус собира едно помазано „мало стадо“, чии припадници стануваат сонаследници со него во небесното Царство (Лука 12:32). Потоа, се собира едно „големо мноштво“ кое ќе ја преживее „големата неволја“ (НС), и кое доаѓа од неа да наследи вечен живот во подрачјето на Божјето Царство на Земјата (Откровение 7:9, 14-17).

Јов, кој ја зачувал беспрекорноста, ќе биде помеѓу милијардите мртви кои тогаш ќе воскреснат за да стане дел од тоа мирољубиво општество на ‚новата земја‘ (2. Петрово 3:13; Јован 5:28, 29). Како што е прикажано на последната страна од нашето списание, Јов бил награден за својата беспрекорност кога Јехова ‚ги благословил . . . последните денови на Јова повеќе од напрешните‘. Тој се здобил со духовна сила како оној кој ‚не згрешил со устата своја‘. Бог го продолжил неговиот живот за додатни 140 години. Во материјален поглед, му дал двојно повеќе од она што го имал порано, па така Јов ‚имал седум синови и три ќерки‘, а ќерките биле сметани за најубави во целата земја (Јов 2:10; 42:12-17). Но, сета оваа благосостојба била само предзнак за благословите кои чуварите на беспрекорноста ќе ги уживаат во Рајот на ‚новата Земја‘. И ти можеш да имаш удел во таа радост, како што ќе објаснат следниве страници!

[Слика на страница 4]

Исус го поставил совршениот пример како чувар на беспрекорноста

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели