ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/1 стр. 32
  • Обожавај го Јехова со чисти раце

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обожавај го Јехова со чисти раце
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/1 стр. 32

Обожавај го Јехова со чисти раце

ПОД инспирација, псалмистот Давид испеал: „Ќе ги мијам рацете свои во невиноста и ќе го заобиколувам жртвеникот Твој, Господи“ (Псалм 25:6).

Кога ги компонирал овие зборови, Давид можеби алудирал на обичајот на израелските левитски свештеници да се искачуваат по косиот пристап до олтарот и потоа да ги ставаат нивните жртви врз огнот. Но, пред да го извршат овој чин на обожавање, од свештениците се барало да ги измијат своите раце и нозе. Ова не бил безначаен детаљ. Доколку пропуштел да го направи овој припремен чекор, свештеникот можел да плати со живот! (2. Мојсеева 30:18-21).

Симболичното миење доведува до духовна и морална чистота (Исаија 1:16; Ефесјаните 5:26). Јехова бара од нас денес да ‚го заобиколуваме неговиот жртвеник‘ така што ќе му служиме. Но, тој бара да го правиме тоа со чисти раце, како што се изразил Давид — со раце кои се измиени ‚во невиност‘. Ова не е безначајно барање, бидејќи оние кои вршат нечистотија, нема да го наследат Божјето Царство (Галатјаните 5:19-21). Ако некој прави побожни дела во животот, тоа не му дава за право да се впушта во неморално однесување. Затоа апостол Павле напишал: „Го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден“ (1. Коринтјаните 9:27).

Оние кои бараат божествено одобрение и вистинска среќа, мораат да му служат на Јехова со чисти раце. Како Давид, тие одат „со чисто срце и со правина“ (3. Царства 9:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели