ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/1 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Сличен материјал
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Радувај се на семејниот живот
    Радувај се на семејниот живот
  • Семејството — човечка неопходност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Цени го своето место во Јеховиното семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/1 стр. 31

Прашања од читателите

Ефесјаните 3:14, 15, НС вели дека „секое семејство на небото и на Земјата му го должи своето име“ на Бог. Дали на небото постојат семејства и дали секое човечко семејство го добива, на некој начин, своето име од Јехова?

На небото не постојат такви семејства какви што постојат на Земјата, т.е. со татко, мајка и деца — сите во телесно сродство (Лука 24:39; 1. Коринтјаните 15:50). Исус јасно покажал дека ангелите не стапуваат во брак и ништо не укажува на тоа дека тие создаваат некаков вид потомство (Матеј 22:30).

Меѓутоа, на еден симболичен начин Библијата зборува дека Јехова Бог е оженет со својата небесна организација — тој е оженет во духовна смисла (Исаија 54:5). Таа небесна организација создава потомство, како што се ангелите (Јов 1:6; 2:1; 38:4-7). Значи, во оваа смисла на небото постои едно прекрасно духовно семејство.

Освен тоа, на небото се создава едно ново симболично семејство кое се состои од Исус Христос и од неговата собраниска невеста од 144.000 (2. Коринтјаните 11:2). Повеќето од овие помазаници веќе умреле, со изглед за небесен живот. Некои се сѐ уште живи на Земјата. Сите тие желно ја очекуваат небесната ‚свадба на Агнецот‘. Библијата ја поврзува таа свадба со времето на големата неволја која се приближува — уништувањето на Големиот Вавилон, а потоа отстранувањето на останатиот дел од Сатановиот систем (Откровение 18:2-5; 19:2, 7, 11-21; Матеј 24:21).

Што се однесува до земните семејства, во Ефесјаните 3:15 апостол Павле не укажува на тоа дека секоја поединечна семејна група го добива своето име директно од Јехова. Наместо тоа, Павле очигледно ги имал на ум проширените семејни лози кои го задржуваат името. Пример ни е даден во Исус Навин 7:16-19. Таму Јехова го открива гревот на Ахан. Најнапред вината била насочена, односно свртена кон племето Јуда. Потоа била ограничена на семејството Зара. На крајот било разоткриено Ахановото домаќинство. На Ахан и на неговата сопруга и децата се гледало како на, односно се велело дека се, дел од домаќинството (т.е. семејството) на Завдија, Ахановиот дедо. Од своја страна, пак, тоа семејство било проширена лоза која го задржала името на својот прадедо Зара.

Меѓу Евреите, таквите семејни лози биле многу важни, а многу од нив се запишани и во Библијата. Бог се погрижил да бидат сочувани на тој начин што, онаму каде што било потребно, правел подготовки за наследниците да го пренесат семејното име преку левиратски, односно деверски брак (1. Мојсеева 38:8, 9; 5. Мојсеева 25:5, 6).

Друг пример за такви поголеми и проширени семејства е Исус како Давидов син. Тој очигледно не бил директен потомок на царот Давид — бил роден со векови после Давидовата смрт. Па сепак, знак за препознавање на Месијата било тоа дека ќе произлезе од семејството на Давид, како што било општо познато меѓу Евреите (Матеј 22:42). Исус бил од Давидовата лоза како преку својата мајка така и преку својот очув (Матеј 1:1; Лука 2:4).

Но, на кој начин таквите семејства го добиваат своето име од Јехова? Факт е дека во неколку прилики — како што е во случајот со Авраам и Исак — Јехова дословно му дал име на семејниот поглавар (1. Мојсеева 17:5, 19). Тоа биле исклучоци. Најчесто, на секое поединечно семејство Јехова не му дава име што ќе им го пренесе на децата.

Па сепак, Јехова ја основал семејната човечка заедница кога им заповедал на Адам и Ева ‚да се плодат и множат и да ја наполнат земјата‘ (1. Мојсеева 1:28). Исто така, Јехова им допуштил на несовршените Адам и Ева да создадат потомство. На тој начин ја поставил основата за сите човечки семејства (1. Мојсеева 5:3). Затоа, од повеќе причини, Бог може да биде наречен Основач на имињата на семејствата.

Денес, во многу култури повеќе не се чувствува потреба семејното име да се задржува со генерации. Па сепак, во сите земји христијаните му благодарат на Јехова за семејното уредување и му оддаваат чест со тоа што секој се труди да ја направи успешна својата семејна заедница.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели