ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/4 стр. 6-8
  • Семејството — човечка неопходност!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејството — човечка неопходност!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Домот е пристаниште
  • Помогни му на твоето семејство да преживее
  • Исправно гледиште спрема парите
  • Вредноста на библиското образование
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Христијанското семејство соработува меѓусебно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Редовно проучувајте ја Божјата реч како семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Радувај се на семејниот живот
    Радувај се на семејниот живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/4 стр. 6-8

Семејството — човечка неопходност!

СЕ ТВРДИ дека човечкото општество се чувствува онолку добро колку и неговите семејства. Историјата покажува дека кога семејното уредување е поткопано, силата на општините и на нациите слабее. Кога моралниот распад ги уништил семејствата во древна Грција, нејзината цивилизација се распаднала, правејќи ја ранлива на освојувањето од страна на Римјаните. Римското Царство останало цврсто сѐ додека семејствата останале јаки. Но, како што одминувале вековите, семејниот живот слабеел, а силата на царството опаднала. „Безбедноста и возвишувањето на семејството и на семејниот живот се главните предмети на цивилизацијата и конечни цели на сета индустрија“ — коментирал Чарлс В. Елиот, поранешен претседател на Харвардскиот универзитет.

Да, семејството е човечка неопходност. Тоа има директно влијание врз стабилноста на општеството и врз благосостојбата на децата и на идните генерации. Несомнено, постојат многу, многу самохрани мајки кои работат многу напорно за да подигнат фини деца, и тие треба да бидат пофалени поради нивната напорна работа. Меѓутоа, студиите покажуваат дека децата обично минуваат многу подобро ако живеат во семејство со обата родитела.

Една австралиска студија на преку 2.100 адолесценти утврдила дека „тинејџерите од нарушени семејства имале повеќе општи здравствени проблеми, било поверојатно дека ќе покажуваат знаци на емоционални проблеми и било поверојатно дека ќе бидат сексуално активни отколку децата од цели семејства“. Една студија водена од Националните институти за здравствени статистики на САД открила дека за децата од разбиени домови постои „20—30 отсто поголема веројатност дека ќе имаат некоја несреќа, дека со 40—75 отсто поголема веројатност ќе мораат да повторат некоја година в училиште и дека со 70 отсто поголема веројатност ќе бидат истерани од училиштето“. А еден политички аналитичар известува дека „децата од домови со еден родител далеку поверојатно ќе бидат вмешани во криминал отколку оние кои пораснале во традиционални домови“.

Домот е пристаниште

Семејното уредување им нуди среќен, изградувачки и угоден дом на сите. „Најважниот извор на среќа и благосостојба не е ниту кариерата, ниту стварите, ниту хобијата ниту, пак, пријателите, туку семејството“ — тврди еден шведски авторитет.

Библијата покажува дека секое семејство на Земјата своето име му го должи на Големиот Создател на семејствата, Јехова Бог, поради тоа што тој го воспоставил семејното уредување (1. Мојсеева 1:27, 28; 2:23, 24; Ефесјаните 3:14, 15, NW). Меѓутоа, во инспирираното Писмо, апостол Павле претскажал еден злобен напад врз семејството, што ќе доведе до слом на моралот и на човечкото општество вон христијанското собрание. Тој рекол дека „последните денови“ ќе бидат обележани со нелојалност, отсуство на „природна наклоност“ и непослушност спрема родителите, дури и меѓу оние кои „имаат облик на побожна оддаденост“. Ги поттикнал христијаните да се одвраќаат од таквите. Исус претскажал дека противењето на Божјата вистина ќе ги раздели семејствата (2. Тимотеј 3:1—5; Матеј 10:32—37).

Сепак, Бог не нѐ оставил без помош. Во неговата Реч, голем простор е оставен на поуките во врска со семејните односи. Таа ни кажува како можеме семејството да го направиме успешно, а домот пријатно место каде што секој член на семејството има да исполни одговорност спрема другитеa (Ефесјаните 5:33; 6:1—4).

Дали е возможно да се постигне еден таков среќен однос во овие денови, кога семејството е под тешка закана? Да, секако! Ти можеш да успееш твоето семејство да го направиш пријатна, освежителна оаза во овој бесчувствителен свет сличен на пустина. Но, ова бара нешто од секого во семејниот круг. Следат некои предлози.

Помогни му на твоето семејство да преживее

Еден од најдобрите начини семејството да остане обединето е заедничко минување на времето. Сите членови треба спремно да го споделуваат своето слободно време со семејството. Ова може да значи жртви. Вие тинејџерите, на пример, можеби треба да жртвувате некоја ваша омилена ТВ програма, спортски настан или излегувањето со другарите. Вие татковците, кои обично сте главни хранители, немојте да го користите слободното време само за некое хоби или други лични интереси. Планирајте активности со семејството, можеби како да ги поминете заедно викендите или одморите. Се разбира, планирајте нешто што секој радосно ќе го исчекува и во кое ќе ужива.

На децата им е потребно повеќе од таканареченото квалитетно време, то ест периодично поминување отприлика половина час со децата, кој е испланиран. Ним им треба квантитет. Еден колумнист во еден шведски дневник пишува: „Во текот на моите 15 години како известувач, сум сретнал голем број млади деликвенти . . . Еден заеднички именител е тоа што се чини дека тие се изложени на воспитување со квалитетно време: ‚Моите родители немаа време‘. ‚Тие никогаш не слушаа.‘ ‚Тој секогаш патуваше‘ . . . Како родител, секогаш можеш да избереш колку време ќе му дадеш на твоето дете. После 15 години, твојот избор ќе го просуди еден безмилосен 15-годишник“.

Исправно гледиште спрема парите

Сите членови треба да развијат и исправно гледиште спрема парите. Тие треба да бидат спремни да го споделуваат она што го имаат за да ги покријат заедничките трошоци на семејството. Многу жени мораат да прифатат работа за да врзат крај со крај, но вие сопругите треба да бидете свесни за опасностите и искушенијата на кои би можеле да наидете. Овој свет силно ве поттикнува да „дојдете до израз“ и да „си терате по свое“. Тоа би можело да ве наведе да станете независни и незадоволни од вашата улога како мајка и домаќинка, која ви е дадена од Бог (Тит 2:4, 5).

Ако вие мајките можете да бидете дома и да му бидете водич и пријател на своето дете, тоа сигурно многу ќе придонесе за изградувањето на цврсти врски кои ќе помогнат вашето семејство да се држи заедно во добро и лошо. Жената може на извонреден начин да придонесе кон тоа домот да го направи среќен, безбеден и функционален. „Потребни се стотина мажи за да се направи логор, но една жена за да се направи дом“ — рекол еден политичар од 19 век.

Ако сите во семејството соработуваат за да живеат во рамките на семејниот вкупен приход, тоа ќе го поштеди семејството од многу проблеми. Двојките треба да се сложат да го држат животот едноставен и духовните интереси да ги ставаат на прво место. Децата треба да научат да бидат задоволни, не барајќи ствари кои семејниот буџет не може да ги поддржи. Пази се од желбата на очите! Искушението да се купат работи кои не можат да си ги дозволат, навлегувајќи во долгови, довело многу семејства до бродолом. За семејното единство може да биде добро ако сите ги здружуваат своите средства за некаков заеднички потфат — некое освежувачко патување, некоја корисна и радосна опрема за домот или, пак, прилог за поддршка на христијанското собрание.

Еден друг вид „прилог“ за среќен семеен дух што сите членови на семејството треба да го делат е да учествуваат во работата околу чистењето и одржувањето — грижата за домот, градината, автомобилот и така натаму. На секој член на семејството, дури и на помладите, би можело да им се додели дел од некоја задача. Вие деца, трудете се да не го трошите своето време. Наместо тоа, развивајте дух на корисност и на соработка; ова ќе доведе до искрено пријателство и другарство, кои градат семејно единство.

Вредноста на библиското образование

Во едно обединето христијанско семејство нагласена е и важноста на редовната библиска студија. Секојдневната дискусија за библиските текстови и седмичната студија на Светото писмо даваат темел за едно обединето семејство. Основните библиски вистини и начела треба да се дискутираат заедно на начин кој ги поттикнува срцата на сите во семејството.

Таквите семејни сесии треба да бидат воспитни, но во исто време и радосни и охрабрувачки. Едно семејство од северниот дел на Шведска на своите деца им давало да запишуваат прашања што се појавувале во текот на седмицата. Овие прашања потоа биле дискутирани на седмичната библиска студија. Прашањата честопати биле длабоки и поттикнувале на размислување, и се покажале како одраз на мисловните способности на децата и на нивното ценење за библиските поуки. Некои прашања биле: „Дали Јехова прави сѐ да расте цело време или, пак, тоа го сторил само еднаш?“ „Зошто Библијата вели дека Бог го создал човекот ‚според Својот образ‘, кога Бог не е човек?“ „Зарем Адам и Ева не се смрзнувале во текот на зимата во рајот бидејќи биле боси и немале никаква облека?“ „Зошто ни е потребна Месечината ноќе кога би требало да е темно?“ Децата сега се пораснати и му служат на Бог како полновремени министри.

Кога се справувате со семејни проблеми, вие родителите ќе направите добро ако тежнеете да бидете позитивни и весели. Бидете обѕирни и флексибилни, а сепак доследни кога се работи за обрнување внимание на важни начела. Нека видат децата дека љубовта кон Бог и кон неговите исправни начела секогаш ги управува вашите одлуки. Училишната околина честопати е многу напорна и депримирачка, па затоа на децата им е потребно многу охрабрување во домот за да одржат рамнотежа против таквото влијание.

Родители, немојте да се преправате дека сте совршени. Признавајте ги грешките и извинувајте им се на своите деца кога е потребно. Млади, кога мама и тато ќе признаат некоја грешка, растете во љубовта кон нив (Проповедник 7:16).

Да, едно обединето семејство обезбедува дом на мир, безбедност и среќа. Германскиот поет Гете еднаш рекол: „Најсреќен е тој, цар или селанец, кој нашол среќа во домот свој“. За родителите и децата кои се полни со ценење, не треба да има ништо подобро од домот.

Вистина, семејството денес е под тешка закана на притисоците од светот во кој живееме. Но, бидејќи семејството е од Бог, тоа ќе преживее. Твоето семејство ќе преживее, а и ти, доколку ги следиш Божјите праведни упатства за среќен семеен живот.

[Фуснота]

a За повеќе детали на оваа тема, види ја книгата од 192 страници, Тајната на семејната среќа, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели