ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/9 стр. 3
  • Тешки времиња за остарените

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тешки времиња за остарените
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Христијанското семејство им помага на остарените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Грижа за постарите — христијанска одговорност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Како треба да се однесуваме со постарите?
    Разбудете се! 2005
  • Да ги почитуваме нашите остарени родители
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/9 стр. 3

Тешки времиња за остарените

МАМА ОНИЈАН, која има 68 години, живее во еден поголем западноафрикански град. Кога била помлада, сонувала своите старечки години да ги ужива во мирна пензија, опкружена со своите деца и внуци. Наместо тоа, своите денови таа ги минува продавајќи ладна вода за пиење под тропското сонце. Она малкуцка што го заработува, ѝ помага да преживее. Нејзините два сина живеат далеку во една друга земја. Поминало долго време откако ѝ имаат испратено пари.

Во минатите времиња, остарените во Африка беа високо почитувани. Тие беа респектирани поради своето искуство и знаење, заедно со мудроста и просудувањето што овие честопати го донесуваат. Тие помагале во подигањето на внуците. Помладите го барале нивниот совет и нивното одобрение. Луѓето живееле според библискиот совет: „Пред седо лице станувај, почитувај го лицето на старец [или старица]“ (3. Мојсеева 19:32).

Времињата се измениле. Сиромаштијата, инфлацијата, невработеноста и масовната миграција во градовите оставиле мнозина остарени да се издржуваат сами. Камилус Вер, директор на HelpAge Kenya, вели: „Традицијата на издршка и грижење за остарените станува сѐ послаба и послаба“.

Се разбира, слабеењето на семејните врски не е својствено само за африканските земји. Зборувајќи за Јапонија, Guardian Weekly известува: „Оддаденоста на децата беше столб на јапонскиот систем на вредности наследен од конфучијанизмот, но тој не ја преживеа урбанизацијата и разлабавувањето на семејните врски; денес, 85 отсто од Јапонците умираат во болници или во старечки домови“.

Каква и да е ситуацијата, оние кои искрено сакаат да му угодат на Бог, се стремат да им оддаваат чест на своите родители. Тие внимаваат на библискиот совет: „Почитувај ги татка си и мајка си . . . ‚за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата‘ “ (Ефесјаните 6:2, 3). Иако не е секогаш лесно да им оддаваш чест и да се грижиш за остарените родители, тоа може да донесе богати награди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели