ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/2 стр. 32
  • Луѓето — само виши животни?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Луѓето — само виши животни?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/2 стр. 32

Луѓето — само виши животни?

„Дали она во што веруваме во врска со потеклото на животот игра некаква улога?“

Ова прашање го поставила една 16-годишна девојка од Бразил во уводот на својот говор на тема „Луѓето — само виши животни?“ Откако нејзината наставничка зела примерок од изданието на Разбудете се! од 22 јуни 1998 година [српски], ја замолила оваа ученичка да зборува пред класот за тоа прашање.

Младата девојка Сведок истакнала колку е катастрофално учењето за еволуција темелена на природна селекција. На пример, многу луѓе сметаат дека еволуционата теорија навела некои да гледаат на војната како на некој природен дел од вечната борба за преживување, и помогнала да се пробие патот за развој на фашизмот и нацизмот.

Ученичката покажала дека постои огромна провалија меѓу луѓето и животните. Таа рекла: „Само луѓето можат да развијат духовност. Само луѓето се обидуваат да го откријат значењето и смислата на животот. Само луѓето се вознемируваат поради смртта, заинтересирани се за своето потекло и имаат желба да живеат засекогаш. Колку само е важно да одвоиме време за да откриеме нешто повеќе за своето потекло!“

Наставничката ја пофалила прекрасната презентација. Успехот за тоа го припишала на фактот што оваа млада тинејџерка Сведок сака да чита. Девојката е позната во училиштето како страстен читател на публикациите темелени на Библијата, како што се Разбудете се! и Стражарска кула.

Јеховините сведоци се искрено загрижени за ефектот што теоријата на еволуција го има врз срцата и умовите на младите луѓе. Од таа причина, собранието со кое е поврзана оваа девојка ги охрабрило младите Сведоци да им дадат примерок од списанието Разбудете се! од 22 јуни 1998 на своите наставници и соученици. Во различни училишта во градот биле поделени 230 списанија. Одговорниот на Одделот за наука од едно училиште се претплатил на списанието Разбудете се!

Да, она во што веруваме во врска со потеклото на животот навистина игра улога! Оваа млада личност и нејзините пријатели покажаа дека верувањето во Творец навистина игра улога во нивниот живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели