Што ѝ недостига од Њујорк Сити
НАТПИСОТ што се гледа овде на истакнат начин стои на една од зградите на печатницата на Watchtower Society од 1950-тите во Бруклин, Њујорк. Луѓе кои патуваат на работа, туристи и други кои поминуваат се потсетувани да ја читаат Библијата секој ден. Следново писмо, добиено од една млада девојка Сведок, ја покажува делотворноста на овој потсетник.
„Разговарав со една соученичка за тоа што сакам да правам кога ќе завршам со средното училиште. Почнав да зборувам за Бетел, централата на Јеховините сведоци, и таа многу се возбуди. Ми кажа дека целиот свој живот живеела во Њујорк Сити. Нејзината фамилија не била многу религиозна, но секое утро кога погледнувала низ прозорецот, го гледала тој натпис кој гласел: ‚Читај ја Божјата реч Библијата секој ден‘. Така, таа ја читала својата Библија секој ден пред да оди на училиште.
Откако се иселила од градот, рече дека она што ѝ недостига од Њујорк Сити е тоа што, кога ќе се разбуди, веќе не го гледа потсетникот да ја чита Библијата. Но, поради знакот на зградата на Watchtower, читањето на Библијата ѝ станало навика и така таа продолжува да ја чита Библијата секој ден!“
Каков подобар начин би постоел да се започне денот ако не со читање на дел од Божјата реч! Правејќи го тоа, без сомнение ќе ги цениш зборовите на апостол Павле: „Светите Писанија . . . можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса“ (2. Тимотеј 3:15—17).