ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/5 стр. 3-4
  • Евангелијата — дебатата продолжува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Евангелијата — дебатата продолжува
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • Евангелијата — историја или мит?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали апокрифните евангелија откриваат скриени вистини за Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Колку веродостојни се евангелијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто можеш да им веруваш на библиските евангелија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/5 стр. 3-4

Евангелијата — дебатата продолжува

Дали евангелските извештаи за раѓањето на Исус Христос се точни?

Дали ја одржал Проповедта на гората?

Дали Исус навистина воскреснал?

Дали е вистина дека рекол: „Јас сум патот, вистината и животот“? (ЈОВАН 14:6).

ЗА ВАКВИ работи дискутирале отприлика 80 изучувачи на Исусовиот семинар кој од 1985 па наваму се одржува двапати годишно. Оваа група изучувачи одговара на тие прашања на еден необичен начин. Учесниците на семинарот пуштаат гласачки ливчиња за секоја изјава која во евангелијата му се припишува на Исус. Црвеното ливче го покажува мислењето дека изјавата навистина ја дал Исус. Розовото значи дека изјавата личи на нешто што можеби рекол Исус. Сивото ливче покажува дека идеите можеби се блиски до оние на Исус, но дека изјавата не потекнува од него. Црното ливче е сосема негативно, покажува дека изјавата била изведена од некоја подоцнежна традиција.

Следејќи ја оваа метода, учесниците во Исусовиот семинар ги отфрлиле сите четири точки наведени во облик на прашање во почетокот на оваа статија. Всушност, тие пуштиле црно ливче за 82 проценти од зборовите кои во евангелијата му се припишуваат на Исус. Според нив, изгледа дека се автентични само 16 проценти од настаните раскажани за Исус во евангелијата и во други записи.

Таквиот критицизам на евангелијата не е нешто ново. Еднаш евангелијата биле нападнати во 1774 година кога посмртно бил издаден еден манускрипт со 1.400 страници од Херман Реимарус, професор по ориентални јазици во Хамбург (Германија). Во него Реимарус изразил длабоки сомненија во историската точност на евангелијата. Неговите заклучоци се темелеле на лингвистичка анализа и на привидните противречности кои се наоѓаат во евангелските извештаи за Исусовиот живот. Оттогаш критичарите честопати изразуваат сомненија околу автентичноста на евангелијата, што до некаде ја поткопува довербата на јавноста во овие записи.

Заеднички именител на овие изучувачи е фактот што ги сметаат евангелските извештаи за религиозна фантазија која ја пренеле различни поединци. Вообичаени прашања што се јавуваат кај изучувачите кои се сомневаат се: Дали е можно личните верувања да ги навеле писателите на четирите евангелија да ги дотераат вистинските факти? Дали политиката во средината на раните христијани ги натерала да ја уредат Исусовата приказна или да ѝ додадат нешто? Кои делови од евангелијата веројатно се отворен извештај, а не направени митови?

Луѓето воспитани во атеистичко или секуларизирано општество веруваат дека Библијата — вклучувајќи ги и евангелијата — е книга полна со легенди и митови. Други, пак, се вчудовидени од историјата на христијанскиот свет полна со крвопролевање, угнетување, разединетост и безбожно однесување. Таквите поединци не гледаат причина да обрнат некакво внимание на записите кои христијанството ги смета за свети. Според нив, делата кои создале лицемерна религија не можат да бидат ништо друго освен бескорисни бајки.

Што мислиш ти? Дали треба да дозволиш некои изучувачи кои се сомневаат во историската точност на евангелијата да предизвикаат слични сомненија во твојот ум? Кога слушаш изјави за наводно правење митови од страна на писателите на евангелијата, дали треба да дозволиш тоа да ја поколеба твојата доверба во нивните записи? Дали треба безбожното досие на христијанскиот свет да ја доведе во прашање веродостојноста на евангелијата? Те покануваме да испиташ некои факти.

[Слика на страница 4]

Дали евангелијата содржат бајки или факти?

[Извор на слика]

Исус оди по море/The Dorè Bible Illustrations/Dover Publications

[Извор на слика на страница 3]

Заднина, страници 3—5 и 8: Со љубезна дозвола на Freer Gallery of Art, Smithsonian Institution, Washington, D.C.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели