ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/9 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Дали Исус навистина бил Божји син?
    Разбудете се! 2006
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто Исус е наречен Божји Син?
    Одговор на библиски прашања
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/9 стр. 31

Прашања од читателите

Во Колошаните 1:16 за Божјиот син се вели дека „сѐ друго е создадено преку него и за него“. Во која смисла сѐ е создадено „за“ Божјиот син, Исус?

Јехова го употребил својот единороден Син како вешт работник во создавањето на сѐ друго, т.е. на сѐ освен на самиот Исус (Пословици 8:27-30; Јован 1:3). Синот со право црпи задоволство од овие дела и, во таа смисла, тие се „за“ него.

Знаеме дека човечките родители очекуваат, а честопати и навистина црпат големо задоволство од она што го создаваат — синовите и ќерките. Затоа, библиската пословица зборува за „син во кого [татко му] наоѓа задоволство“ (Пословици 3:12; 29:17, обата NW). На сличен начин, Јехова Бог црпел радост од Израел кога неговиот народ бил верен (Псалм 44:3; 119:108; 147:11, сите NW). Исто така, тој црпи радост од верноста на своите лојални сѐ до нашево време (Пословици 12:22; Евреите 10:38).

Според тоа, било исправно Бог да дозволи неговиот соработник, Исус, да црпи задоволство од своите постигнувања. Всушност, во Пословици 8:31 се вели дека Синот ‚се радувал по почвата на Неговата земја, и негова радост биле човечките синови‘. Во таа смисла во Колошаните 1:16 се вели: „Сѐ друго е создадено преку него и за него“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели