ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/1 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Јехова го благословува нашиот труд да ја одбележуваме Спомен-свеченоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Зошто да се одбележува Господовата вечера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Господовата вечера има големо значење за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто Господовата Вечера има значење за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/1 стр. 31

Прашања од читателите

Што мислел Павле кога рекол: „Секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша“?

Укажувајќи на воведувањето на Меморијалот на Исусовата смрт, Павле напишал: „Секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате смртта на Господ, додека тој не дојде“ (1. Коринќаните 11:25, 26). Некои сметаат дека зборот „секојпат“ овде укажува на тоа дека Христовата смрт треба да се слави често, или повеќе пати. Затоа, тие ја слават повеќе од еднаш во годината. Дали Павле мислел на тоа?

Поминаа речиси 2.000 години откако Исус го вовел Меморијалот на својата смрт. Па така, дури и ако Меморијалот се слави само еднаш годишно, тоа значи дека од 33 н.е. наваму бил славен често. Меѓутоа, во контекст на 1. Коринќаните 11:25, 26, Павле не дискутирал за тоа колку често туку како треба да се слави Меморијалот. Тој во оригиналниот грчки јазик не го употребил зборот полакис, што значи „често“. Наместо тоа, го употребил зборот хосакис, што значи „секојпат кога“, или „секогаш кога“, „кога и да“. Павле велел: ‚Кога и да го правите ова, вие ја објавувате смртта на Господ‘.

Тогаш, колку често треба да се слави Меморијалот на Исусовата смрт? Соодветно е да се празнува само еднаш годишно. Тоа е навистина меморијал, а меморијалите обично се празнуваат еднаш годишно. Освен тоа, Исус умрел на денот на еврејската Пасха, која се држела еднаш годишно. Затоа соодветно е што Павле се осврнал на Исус како на „Христос, нашата пасха“, зашто Исусовата жртвена смрт му го отворила патот за живот на духовниот Израел, исто како што првата жртва принесена на Пасха ги зачувала во живот природните израелски првороденци во Египет и го отворила патот за ослободување на нацијата од ропство (1. Коринќаните 5:7; Галатите 6:16). Оваа поврзаност со годишната еврејска Пасха е уште еден доказ дека Меморијалот на Исусовата смрт треба да се слави само еднаш годишно.

Освен тоа, Павле ја поврзал смртта на Исус со еден друг еврејски празник, Денот на искупување. Во Евреите 9:25, 26 читаме: „Ниту, пак, [Исус] влезе да се принесува себеси често, како што првосвештеникот од година на година [на Денот на искупување] влегува во светото место со крв која не е негова . . . Но, сега се покажа еднаш засекогаш на завршетокот од системите на работи, за преку жртвувањето на самиот себе да го отстрани гревот“. Бидејќи жртвата на Исус ја заменила годишната жртва на Денот на искупување, исправно е Меморијалот на неговата смрт да се празнува еднаш годишно. Не постои никаква библиска причина Меморијалот да се празнува почесто од тоа.

Во склад со ова, историчарот Џон Лоренс фон Мошим известува дека во вториот век христијаните во Мала Азија имале навика да го празнуваат Меморијалот на Исусовата смрт „на четиринаесеттиот ден од првиот еврејски месец [нисан]“. Дури во подоцнежните години во христијанскиот свет станало вообичаено тој да се празнува повеќе од еднаш годишно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели