ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/1 стр. 32
  • „Во право си, животот е убав!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Во право си, животот е убав!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/1 стр. 32

„Во право си, животот е убав!“

САКАШ ли да дознаеш која е вистинската смисла на животот? Осумнаесетгодишната Магдалена, Јеховин сведок што живее во Шчечин (Полска), ѝ помогнала на својата школска другарка Катаржина да го стори токму тоа. Катаржина се изјаснувала како атеист, но кога Магдалена разговарала со неа за Библијата, таа покажала вистински интерес.

Иако на Катаржина ѝ се допаѓало она што Магдалена ѝ го кажала од Библијата, не можела сосем да го прифати. Еднаш, додека разговарала со Магдалена за вистински пријатели, Катаржина рекла: „Ти ја имаш Библијата; знаеш кои начела да ги следиш и каде да бараш пријатели. Но, што е со оние кои, барем засега, не можат да ги прифатат тие начела?“

Пресвртница за Катаржина било кога отишла во Лондон (Англија). Таму ја посетила канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци и била трогната од љубезноста што ѝ била покажана. Таквите едноставни гестови како, на пример, кога другите ќе ѝ ја отвореле вратата за да помине и кога ќе покажеле искрен интерес за она што го кажувала, многу ѝ се допаднале.

Кога во септември 2001 почнала новата учебна година, Катаржина одлучила да прифати редовна библиска студија. Таа сега го зголемува своето ценење за библиските начела и почнува да ги применува во својот секојдневен живот. Неодамна ѝ се доверила на Магдалена: „Се чувствувам како да почнувам нов живот“. Исто така, ѝ испратила една кратка порака на мобилниот телефон: „Фала многу за студијата денес! Во право си, животот е убав! И, прекрасно е да се знае на кого треба да му благодариме за тоа“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели