ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/4 стр. 3
  • 666 — не е само загатка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 666 — не е само загатка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Што значи бројот 666?
    Одговор на библиски прашања
  • Да се идентификува дивиот ѕвер и неговиот знак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Борба со два крволочни ѕвера
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Книгата Откровение — какво значење има за Божјите непријатели
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/4 стр. 3

666 — не е само загатка

„Никој да не може ни да купува ни да продава освен оној кој го има знакот, името на дивиот ѕвер или бројот на неговото име. Овде настапува мудроста: Кој има разум нека го пресмета бројот на дивиот ѕвер, зашто тоа е човечки број; а неговиот број е шестотини шеесет и шест.“ (Откровение 13:17, 18).

МАЛКУ библиски теми побудуваат толку голем интерес и загриженост колку пророштвото за мистериозниот знак, или име на „дивиот ѕвер“ — бројот 666. На телевизија и на Интернет, како и во разни филмови, книги и списанија, знакот на ѕверот е тема на бескрајни шпекулации.

Некои сметаат дека 666 е знакот на библискиот антихрист. Други велат дека тој претставува некој вид задолжителен знак на препознавање, како тетоважа или вграден микрочип со дигитален код што го означува лицето како слуга на ѕверот. Трети, пак, сметаат дека 666 е знакот на католичкото папство. Заменувајќи ги буквите од еден облик на официјалната титула на папата, Vicarius Filii Dei (Намесник на Божјиот Син), со римски бројки и манипулирајќи малку со нив доаѓаат до бројот 666. Исто така, се тврди дека истиот број може да се пресмета од латинското име на Римскиот император Диоклецијан и од хебрејската верзија на името на цезарот Нерон.a

Меѓутоа, овие измислени толкувања многу се разликуваат од она што самата Библија го вели во врска со знакот на ѕверот, како што ќе видиме во следната статија. Библијата открива дека оние што го имаат овој знак ќе го искусат Божјиот гнев кога тој ќе му стави крај на сегашниов систем на работи (Откровение 14:9—11; 19:20). Според тоа, да се разбере значењето на бројот 666 е нешто многу повеќе отколку само да се реши една интересна загатка. За среќа, Јехова Бог, кој е олицетворение на љубовта и кој е Изворот на духовна светлина, не ги оставил своите слуги во незнаење во врска со оваа работа (2. Тимотеј 3:16; 1. Јованово 1:5; 4:8).

[Фуснота]

a За дискусија во врска со нумерологијата види го Разбудете се! од 8 декември 2002.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели