ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/1 стр. 32
  • Стогодишник со цел во животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стогодишник со цел во животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/1 стр. 32

Стогодишник со цел во животот

ЕЛИН од неодамна е вброена меѓу 60-те луѓе во Шведска кои имаат над 105 години. Таа самата има 105. Иако не може да излегува од старскиот дом, здравјето ѝ дозволува и понатаму активно да служи како Јеховин сведок, а тоа го прави повеќе од 60 години.

За да им проповеда на другите, Елин ја користи истата метода што ја користел апостол Павле кога бил во куќен притвор и не можел никаде да излегува. Павле им проповедал на сите што доаѓале кај него (Дела 28:16, 30, 31). Истото го прави и Елин. Таа ја користи секоја можност да зборува со хигиеничарите, со забарите, со лекарите, со фризерките, со медицинските сестри и со другите што ги сретнува во домот, и така им ја пренесува добрата вест од Библијата. За да научат нешто од нејзиното знаење и искуство, соверниците на Елин одвреме-навреме ја посетуваат заедно со оние со кои ја проучуваат Библијата.

Членовите на собранието на кое припаѓа Елин ѝ се восхитуваат на веселиот дух и на нејзината љубопитност. Еден нејзин соверник вели: „Таа има извонредна способност да држи чекор со собраниските активности. Ги знае имињата на сите деца и на оние што во последно време се преселија во нашето собрание“. Елин е добро позната и по својата гостољубивост, по смислата за хумор и по позитивниот став кон животот.

Што ѝ помага на Елин да ја задржи својата радост и да остане сконцентрирана на својата цел во животот? Таа секој ден чита по еден библиски стих во брошурката Секојдневно истражување на Писмото, издадена од Јеховините сведоци. Со помош на една лупа, таа секој ден чита и по еден дел од Библијата. Елин секоја седмица се подготвува за состаноците на Јеховините сведоци и, макар што физички не е во состојба да присуствува, ги слуша снимките од тие состаноци. Ако редовно ја читаме Библијата и публикациите што се темелат на неа и ако не ги пропуштаме христијанските состаноци, ќе водиме еден исполнет и среќен живот, без оглед на нашата возраст (Псалм 1:2; Евреите 10:24, 25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели