ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/4 стр. 3
  • Во потрага по точни одговори

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во потрага по точни одговори
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Потрага по практично водство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јеховините пораки некогаш и денес
    Живеј со Јеховиниот ден во мислите
  • Одговори што помагаат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Вистински учења што му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/4 стр. 3

Во потрага по точни одговори

Како да си го зачувам здравјето?

Што да сторам за да ми биде посреќно семејството?

Како да си ги подобрам шансите да ја задржам работата?

ДАЛИ и ти некогаш си се запрашал вака? Пронајде ли одговори што вистински ти помогнаа? Секоја година, се издаваат околу 2.000 различни книги што нудат совети на овие и други важни теми. Само во Британија, читателите секоја година трошат дури 80 милиони фунти (околу 120 милиони евра) за книги што нудат совети за тоа како да се решат проблемите во животот. Во Соединетите Држави, продажбата на книги за самопомош носи заработувачка од околу 600 милиони долари годишно. Според тоа, не си единствениот што бара добар совет за тоа како да се справи со секојдневните грижи.

Во врска со советите што се наоѓаат во оваа лавина од публикации, еден автор рекол: „Многу нови книги само го повторуваат она што веќе било напишано“. Навистина, многу совети што се наоѓаат во овие книги само ја повторуваат мудроста што е запишана во една од најстарите книги во светот. Оваа книга без сомнение е најдистрибуираната публикација во светот. Во целина или делумно, преведена е на околу 2.400 јазици. Низ целиот свет, вкупно се отпечатени повеќе од 4.6 милијарди примероци од неа. Да, станува збор за Библијата.

Библијата, или Светото писмо, јасно вели: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување, за укорување, за поправање, за воспитување во праведноста“ (2. Тимотеј 3:16). Се разбира, Библијата не е напишана да служи како прирачник за самопомош. Нејзината првенствена намена е да ни открие која е Божјата волја за човештвото. Сепак, таа содржи многу информации за тоа како да ги решаваме различните проблеми што се појавуваат и ветува дека оние што го следат нејзиното водство ќе научат да го прават она што е за нивно добро (Исаија 48:17, 18). Ако ги послушаме, нејзините совети секогаш ќе ни помогнат, без оглед на нашето етничко или културно потекло, или, пак, образование. Зошто не ја разгледаш следната статија и така самиот не одлучиш дали навистина може да ти помогнат библиските совети за здравјето, семејството и работата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели