ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/5 стр. 3-4
  • Дали се плашиш од иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се плашиш од иднината?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Нека во твоето срце се развие страв од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Зошто толку многу луѓе живеат во страв?
    Разбудете се! 2005
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Плаши се од Јехова и слави го неговото свето име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/5 стр. 3-4

Дали се плашиш од иднината?

ДЕНЕС постојат многу причини за страв. На пример, некои се плашат за иднината на нашата планета. Во списанието Time од 3 април 2006 год. пишува: „Топлотните бранови, бурите, поплавите, пожарите и топењето на глечерите во големи размери, покажуваат дека климата во светот е сериозно нарушена“.

Во мај 2002 год., Програмата за заштита на животната средина при Обединетите нации објави извештај со наслов: „Иднината на глобалната животна средина-3“. Овој извештај беше подготвен во соработка со преку 1.000 луѓе. Според еден новинарски извештај, во него пишува: „Иднината на планетата е доведена во прашање, зашто нашите одлуки денес сериозно влијаат врз шумите, океаните, реките, планините, животниот свет и другите еколошки системи, од кои зависи опстанокот и на денешните и на идните поколенија“.

Моменталната состојба на нашата животна средина е само една од причините за загриженост. Денес, веќе низ целиот свет, луѓето живеат и во страв од терористички напади. Заменик-раководниот директор на главната агенција за разузнавање во Канада рекол: „Не нѐ фаќа сон поради заканите кои не знаеме кога и како ќе се остварат“. Всушност, доволно е човек да ги погледне вестите навечер и веќе чувствува немир!

Многу трудољубиви луѓе се плашат дека ќе останат без работа. Поради отпуштањето од работа, затворањето на фабриките, конкуренцијата на работните места и претераните барања на работодавачите може да се плашиме дека ќе ја изгубиме работата. Тинејџерите се плашат да не бидат отфрлени од врсниците. Малите деца можеби се плашат дека нивните родители не ги сакаат. А што мислат младите за денешниов свет? „Понекогаш, за младите и за неискусните, светот надвор од нивниот дом мора да изгледа како големо и страшно место“, вели една загрижена мајка. Многу родители се плашат и дека општиот пад на моралните вредности може лошо да влијае врз нивните блиски, особено врз нивните деца.

Постарите честопати стравуваат да не паднат по скали или да не ги нападне некој на улица. Како што вели Библијата, ‚почнале да се плашат од височина и да страхуваат на пат‘ (Проповедник 12:5). Да го спомнеме и стравот од тешки болести. Извештаите за смртоносните вируси на грип, ракот и заразните болести можат да нѐ наведат да се плашиме дека можеби ќе се појави некоја нова, непозната болест што ќе не онеспособи или дури ќе ни го одземе животот нам или на некого од нашето семејство. Всушност, ако се разболуваат здрави, јаки луѓе, тешко е да се верува дека еден ден нема истото да нѐ снајде и нас или нашите најблиски. А колку е тажно кога ќе погледнеш во очите на некој што е болен и ќе видиш дека изгубил секаква надеж!

Со толку многу причини за страв, имаме ли цврст темел да бидеме оптимисти во врска со иднината? Може ли нешто да ни помогне да имаме позитивно гледиште? Следната статија ќе одговори на овие прашања.

[Извор на слика на страница 3]

© Jeroen Oerlemans/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели