ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/9 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Што е Пасха?
    Одговор на библиски прашања
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/9 стр. 31

Прашања од читателите

Со оглед на тоа што на Евреите им било заповедано да немаат „ништо со квасец“ за време на Пасхата, зошто Исус употребил вино — кое се добива со ферментација, односно вриење — кога ја воспоставил Спомен-свеченоста со која се одбележува неговата смрт? (2. Мојсеева 12:20; Лука 22:7, 8, 14-20).

Празникот Пасха, со кој се одбележувало излегувањето на синовите на Израел од Египет, почнал да се слави во 1513 год. пр.н.е. Кога дал упатства како да се одбележува, Јехова рекол: „Не смеете да јадете ништо со квасец. Во сите ваши живеалишта јадете бесквасен леб“ (2. Мојсеева 12:11, 20). Оваа забрана од Бог важела само за лебот што требало да се јаде за време на Пасхата. Виното воопшто не било спомнато.

Главната причина зошто не требало да се користи квасец било тоа што Израелците морале многу брзо да заминат од Египет. Во 2. Мојсеева 12:34 стои: „Така народот го понесе своето непотквасено тесто, а садовите за месење леб, завиткани во наметки, ги понесоа на рамења“. Секогаш кога во иднина ќе се славела Пасхата, бесквасниот леб ќе ги потсетувал Израелците на овој важен факт.

Со текот на времето, квасецот почнал да се смета за симбол на грев или расипаност. На пример, кога зборувал за еден неморален човек од христијанското собрание, апостол Павле прашал: „Не знаете ли дека малку квасец го потквасува целото тесто?“ А потоа рекол: „Отстранете го стариот квасец за да бидете ново тесто, бидејќи треба да бидете бесквасни. Зашто, Христос, нашата пасхална жртва, е веќе жртвуван. Затоа, да го прославуваме празникот, но не со стар квасец, ниту со квасец на расипаноста и злобата, туку со бесквасниот леб на искреноста и вистината“ (1. Коринќаните 5:6-8). Како симбол за Исусовото безгрешно човечко тело можел да послужи само бесквасниот леб (Евреите 7:26).

Подоцна, Евреите почнале да користат и вино кога ја одбележувале Пасхата. Веројатно ова станало обичај откако се вратиле од изгнанството во Вавилон. Во Библијата нема никаков приговор на овој нов обичај, па затоа е во ред што Исус користел вино за време на пасхалниот оброк. Се разбира, има разлика меѓу природната ферментација на виното и потквасувањето на лебот во старо време. За да ферментира, односно за да се поткваси тестото, имало потреба да се додаде квасец. Во виното што се правело од грозје немало потреба да се додаде такво нешто. Самото грозје веќе го содржело она што било потребно за ферментација. Во времето кога се одржувала Пасхата немало чист сок од грозје бидејќи тој не можел да стои без да ферментира од гроздоберот наесен до Пасхата напролет.

Значи, тоа што Исус го користел виното како симбол кога ја воспоставил Спомен-свеченоста никако не се коси со упатствата во врска со квасецот и Пасхата. Кое и да било црвено вино кое не е засладено, појачано или зачинето може да се користи како симбол за Христовата ‚драгоцена крв‘ (1. Петрово 1:19).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели