ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/2 стр. 15
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Важна поука за понизноста
    Исус — патот, вистината и животот
  • Поука за понизноста
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Даноци — цена што се плаќа за едно „цивилизирано општество“?
    Разбудете се! 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/2 стр. 15

Дали сте знаеле?

Колку вода собирало излеаното море во храмот на Соломон?

Во 1. Царевите 7:26 стои дека морето собирало „две илјади бата“ вода што ја користеле свештениците, а во паралелниот извештај од 2. Летописи 4:5 пишува дека морето собирало „три илјади бата“. Затоа, некои тврдат дека оваа недоследност е резултат на грешка од страна на препишувачот на извештајот од Летописите.

Меѓутоа, една фуснота во преводот Нов свет ни помага да разбереме како можат да се усогласат овие два стиха. Таа стои во 2. Летописи 4:5 и гласи: „Станува збор за максимален капацитет кога било наполнето до врв“. Тоа значи дека базенот во храмот, кога ќе се наполнел до врв, собирал 3.000 бата. Во 1. Царевите 7:26 е кажано само со колку вода обично се полнел овој базен. Со други зборови, никогаш не го полнеле до врв. Изгледа дека обично се полнеле само две третини од него.

Зошто Исус и Петар го платиле храмскиот данок само со една монета?

Во времето на Исус, секој Евреин од машки пол постар од 20 години требало да плаќа годишен храмски данок од две драхми, односно една дидрахма. Приближно толку изнесувале две дневници. Кога се поставило прашање во врска со плаќањето на овој данок, Исус му рекол на Петар: „Оди до морето, фрли јадица и земи ја првата риба што ќе ја фатиш, отвори ѝ ја устата и ќе најдеш статир. Земи го, па дај им го за мене и за себе“ (Матеј 17:24-27).

Многу библиски изучувачи сметаат дека статирот што се спомнува овде е, всушност, тетрадрахма. Оваа монета вредела четири драхми, што било износ со кој можел да се плати храмскиот данок за две лица. Тетрадрахмата се користела многу повеќе отколку дидрахмата. Затоа, во The New Bible Dictionary се вели: „Изгледа дека Евреите честопати се здружувале за да го плаќаат храмскиот данок по двајца“.

Освен тоа, на секој што сакал да го плати данокот само за едно лице му наплаќале и провизија за размената на пари. Таа можела да биде висока и до 8 отсто. Меѓутоа, оние што плаќале за две лица биле ослободени од оваа давачка. Значи, дури и во овој мал детаљ, извештајот на Матеј се совпаѓа со она што е познато за обичаите во времето на Исус.

[Слика на страница 15]

Зголемена тетрадрахма

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели