ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/3 стр. 7-8
  • Време да се избере

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Време да се избере
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Време за обнова
  • Животот има величествена смисла
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • И ти можеш засекогаш да живееш на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Што направил Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Што значат за тебе смртта и воскресението на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/3 стр. 7-8

Време да се избере

„Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик — ги создаде машко и женско“ (1. Мојсеева 1:27)

ОВИЕ познати зборови што се запишани на првите страници од Библијата укажуваат на една од најдобрите работи што Бог ги направил ‚убави во свое време‘ — создал една совршена брачна двојка, Адам и Ева (Проповедник 3:11). Како нивни Творец, Јехова Бог им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28).

Со овие зборови што им ги кажал на првите маж и жена, Бог покажал каква намера има со нив. Тие требало да се размножуваат, да се грижат за Земјата и да ја претворат во рај во кој ќе живеат тие и нивните деца. Не било однапред одредено колку ќе живеат и кога ќе умрат. Наместо тоа, Бог им ветил нешто многу убаво. Да направеле добар избор и да продолжеле да го слушаат Бог, ќе можеле да живеат вечно во совршен мир и среќа.

Но, тие направиле лош избор и, како последица од тоа, сите луѓе стареат и умираат. Всушност, Божјиот слуга Јов отворено рекол: „Човекот роден од жена има краток век и полн е со немир“ (Јов 14:1). Што тргнало наопаку?

„Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“, објаснува Библијата (Римјаните 5:12). Тој „еден човек“, се разбира, бил Адам, кој намерно избрал да ја прекрши Божјата едноставна, но јасна заповед (1. Мојсеева 2:17). Адам по свој избор го изгубил правото да живее вечно во рај на Земјата. Исто така, и за своите потомци изгубил едно скапоцено наследство и наместо тоа им оставил проклетство — гревот и смртта. Изгледало дека сѐ е изгубено. Дали навистина било така?

Време за обнова

По неколку илјади години, псалмистот напишал под водство на светиот дух: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Како гаранција дека ќе се исполни ветувањето дадено во еденската градина, Божјата реч на многу убав начин опишала што ќе направи Бог наскоро: „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“. Самиот Бог вели: „Гледај, правам сѐ ново!“ (Откровение 21:4, 5).

Бидејќи има одредено време за сѐ, логично се поставува прашањето: ‚Кога ќе настапи тоа време за обнова кога ќе се исполнат прекрасните ветувања што ги дал Бог?‘ Издавачите на ова списание, Јеховините сведоци, се трудат да им посочат на луѓето дека живееме во периодот што Библијата го нарекува „последните денови“ и дека е многу близу времето кога Бог ќе ‚направи сѐ ново‘ (2. Тимотеј 3:v1). Би било убаво да ја читаш Библијата и да дознаеш какви прекрасни работи ветил Бог и за тебе. Исто така, ќе биде многу убаво да одговориш на повикот: „Барајте го Јехова додека може да се најде! Повикувајте го додека е близу!“ (Исаија 55:6). Значи, твојот живот и твојата вечна иднина не се во рацете на судбината туку се во твои раце!

[Истакната мисла на страница 8]

„Гледај, правам сѐ ново!“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели