ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/6 стр. 16-17
  • Му го спасил животот на својот вујко

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Му го спасил животот на својот вујко
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Едно храбро момче го спасило Павле
    Поучете ги своите деца
  • „Биди храбар!“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Биди храбар — Јехова ќе ти помага!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Давање темелно сведоштво со голема храброст
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/6 стр. 16-17

Поучете ги своите деца

Му го спасил животот на својот вујко

СИ ЗНАЕЛ ЛИ дека апостол Павле имал роднини што биле следбеници на Исус?a — Меѓу нив биле неговата сестра и нејзиниот син. Тој внук му го спасил животот на Павле! Не знаеме како се викале ниту тој ниту мајка му, но знаеме што направил. Би сакал ли да дознаеш што се случило?—

Павле штотуку се вратил во Ерусалим од своето трето мисионерско патување. Изгледа дека било 56 год. од н.е. Павле бил затворен и требало да биде изведен пред суд. Но, неговите непријатели не го сакале тоа, туку сакале Павле да биде мртов! Затоа, направиле план околу 40 луѓе да го чекаат во заседа и да го убијат.

Внукот на Павле дознал за тој план. Знаеш ли што направил? — Отишол кај Павле и му го кажал тоа. Павле веднаш му рекол на стотникот: „Одведи го ова момче кај илјаданачалникот, зашто има нешто да му каже“. Стотникот го одвел кај илјаданачалникот Клавдиј Лисиј и му објаснил дека тој млад човек имал да му каже нешто важно. Клавдиј го тргнал настрана, и внукот на Павле му раскажал сѐ.

Клавдиј го предупредил момчето: „Никому не кажувај дека си ми го јавил ова!“ Потоа повикал двајца стотници и им рекол да подготват 200 војници, 70 коњаници и 200 копјеносци за да појдат во Цезареја. Во 9 часот навечер, тие 470 луѓе заминале, и безбедно го одвеле Павле кај римскиот управител Феликс во Цезареја. Во писмото до Феликс, Клавдиј му кажал за планот да биде убиен Павле.

Така, Евреите морале да се соочат со Павле на суд во Цезареја и да ги изнесат своите обвиненија против него. Но, се разбира, немале докази дека Павле направил нешто лошо. Сепак, тој неправедно бил в затвор две години. Затоа побарал да го судат во Рим, каде што и го испратиле (Дела 23:16 — 24:27; 25:8-12).

Што можеме да научиме од овој извештај за внукот на Павле? — Дека е потребна храброст за да го кажеме она што е исправно и дека, ако го сториме тоа, ќе спасиме нечиј живот. Дури и кога знаел дека непријателите ‚барале поволен момент да го убијат‘, Исус продолжил да им зборува на луѓето за Божјето Царство. Тој ни рекол и нам да го правиме истото. Дали ќе послушаме? Да, ако сме храбри како внукот на Павле (Јован 7:1; 15:13; Матеј 24:14; 28:18-20).

Павле го советувал својот млад пријател Тимотеј: „Добро внимавај како живееш и како поучуваш. Истрај во тоа, зашто, правејќи го тоа ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат“ (1. Тимотеј 4:16). Нема сомнение дека внукот на Павле постапил во склад со советот што го дал неговиот вујко. Ќе го примениш ли тој совет и ти?

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

Прашања:

○ Кои му биле роднини на Павле, и што научивме за нив?

○ Што направил внукот на Павле за да му го спаси животот на својот вујко?

○ Што може да направиме, како што ни рекол Исус, за да им помогнеме на луѓето денес да си го спасат животот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели