ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/12 стр. 4-5
  • Од каде знаеме дека Бог нѐ сака?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од каде знаеме дека Бог нѐ сака?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Творештвото сведочи дека Бог нѐ сака
  • Библијата нѐ уверува дека Бог нѐ сака
  • Кој е Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Како да се препознае вистинската религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Прво тој покажа љубов кон нас“
    Приближи му се на Јехова
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/12 стр. 4-5

Од каде знаеме дека Бог нѐ сака?

ОВА е старо, но важно прашање, за кое луѓето размислувале илјадници години: Ако Бог нѐ сака, зошто има толку страдања? Веројатно ќе се согласиш дека, ако сакаш некого, не би сакал да страда, а ако е во неволја, ќе се обидеш да му помогнеш. Затоа, многумина си мислат дека, штом во светот има толку многу страдања, најверојатно Бог не нѐ сака. Значи, важно е најнапред да разгледаме докази дека Бог навистина нѐ сака и дека сме му важни.

Творештвото сведочи дека Бог нѐ сака

Јехова Бог е ‚оној што ги создал небото и земјата и морето и сѐ што е во нив‘ (Дела 4:24). Додека размислуваме за она што го создал Јехова, сигурно ќе заклучиме дека нѐ сака. Размисли, на пример, за сѐ што ти носи радост и задоволство. Сакаш ли вкусна храна? Јехова можел да ни даде само еден вид храна за да нѐ одржи во живот. Сепак, тој создал најразлични видови храна со која се насладуваме. Освен тоа, Јехова ја украсил Земјата со разновидни дрвја, цвеќиња и пејзажи за животот да ни претставува уживање и да ни биде интересен.

Размисли и за тоа како сме создадени. Нашата смисла за хумор и способноста да уживаме во музиката и во убавината не се неопходни за да останеме во живот — тие се дар од Бог за да ни биде поубав животот. А размисли и за твоите односи со другите. Зар има некој што не ужива во срдечното друштво на добрите пријатели или во прегратката на некој што многу го сака? Дури и способноста да сакаме е дар од Богот што нѐ сака! Бидејќи Бог ја создал кај луѓето способноста да сакаат, сигурно и самиот тој ја има таа особина.

Библијата нѐ уверува дека Бог нѐ сака

Библијата ни кажува дека Бог е љубов (1. Јованово 4:8). Неговата љубов не се гледа само од она што го создал туку и од неговата Реч, Библијата. На пример, таа дава совети што придонесуваат за добро здравје, препорачува умереност во сѐ и ги осудува пијанството и лакомото јадење (1. Коринќаните 6:9, 10).

Исто така, Библијата ни дава мудри совети во врска со меѓучовечките односи, нѐ поттикнува да ги сакаме другите и да се однесуваме кон нив со почит, достоинство и љубезност (Матеј 7:12). Осудува постапки и ставови што предизвикуваат страдања. Тоа се алчноста, озборувањето, зависта, прељубата и убиството. Ако секој се труди да живее според добрите совети што се наоѓаат во Библијата, сигурно ќе има помалку страдања во светот.

Меѓутоа, најголемиот доказ дека Бог нѐ сака е тоа што го дал својот Син, Исус, како откупнина за човештвото. Во Јован 3:16 пишува: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“. Значи, Јехова веќе направил подготовки засекогаш да им стави крај на смртта и на сите страдања (1. Јованово 3:8).

Очигледно, има изобилство докази дека Јехова нѐ сака. Значи, на Бог воопшто не му е мило кога гледа како страдаме. Тој ќе преземе мерки за да му стави крај на страдањето. Не мора да нагаѓаме во врска со тоа — Библијата точно ни кажува како Бог ќе го отстрани страдањето.

[Слика на страница 4]

Способноста да сакаме е дар од Богот што нѐ сака

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели