ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/2 стр. 3
  • Зошто се распаѓаат браковите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто се распаѓаат браковите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Во стапицата на брак без љубов
    Разбудете се! 2001
  • Може ли бракот да ги издржи бурите?
    Разбудете се! 2006
  • Како гледаат Јеховините сведоци на разводот?
    Најчесто поставувани прашања
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/2 стр. 3

Зошто се распаѓаат браковите?

На Исус „му пристапија фарисеи за да го искушаат, па го прашаа: ‚Дозволено ли е мажот да се разведе од својата жена од која и да било причина?‘“ (Матеј 19:3).

НЕКОИ луѓе што живееле во времето на Исус прашале дали браковите треба да траат и дали е можно да се постигне тоа. Исус им рекол: „Зарем не сте читале дека оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско и рече: ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘? Така повеќе не се две, туку едно тело. Затоа, Бог што составил, човек да не разделува!“a (Матеј 19:4-6). Очигледно, Бог имал намера бракот да биде трајна врска.

Во многу земји денес, околу 40 отсто од луѓето што се во брак ‚се разделуваат‘, односно нивниот брак завршува со развод. Дали библиските совети во врска со бракот се застарени? Можно ли е браковите да пропаѓаат затоа што проблемот е во самото брачно уредување?

Размисли за следнава споредба: Две брачни двојки купуваат ист модел автомобили. Едната двојка добро го одржува и внимателно го вози својот автомобил. Затоа тој не се расипува. Другата двојка не вложува ниту време ниту труд да го одржува автомобилот и вози крајно невнимателно. Тој се расипува и тие креваат раце од него. Во кого е проблемот — во автомобилот или во сопствениците? Очигледно е дека најголема вина носат сопствениците.

Слично на тоа, фактот што многу бракови пропаѓаат не значи дека нешто не е во ред со брачното уредување. Доказ за тоа се милионите бракови што успеваат. Тие бракови ги прават среќни и им носат стабилност на брачните партнери, на семејствата и на целото општество. Но, исто како еден автомобил, бракот треба добро да се одржува за да трае.

Сеедно дали си во брак само неколку дена или, пак, со децении пловиш во брачните води, библиските совети за тоа како да се одржи и зајакне бракот се многу делотворни. Да разгледаме неколку примери.

[Фуснота]

a Библијата дозволува развод само ако едниот брачен другар е неверен (Матеј 19:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели