ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/06 стр. 3-6
  • Може ли бракот да ги издржи бурите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли бракот да ги издржи бурите?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бракот на удар
  • Изменети мислења
  • Сѐ повеќе разводи
  • Невидлива причина за бурите
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
  • Зошто бракот треба да се смета за света работа?
    Разбудете се! 2004
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Бракот може да биде успешен во денешниов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 7/06 стр. 3-6

Може ли бракот да ги издржи бурите?

„Бог што впрегнал во јарем, ниеден човек да не разделува“ (МАТЕЈ 19:6).

КУЌИ што изгледаа цврсти беа срушени до темел, срамнети со земјата. Страшните бури што неодамна погодија големи подрачја низ целиот свет, ги ставија на тежок испит квалитетот и истрајноста на многу градби.

Меѓутоа, една поинаква бура ги разорува темелот и градбата на најстарата институција — бракот. Стефани Кунц, историчар што го истражува семејниот живот, вели: „И во добро и во лошо, бракот ја губи својата стожерна положба во личниот и во општествениот живот“.

Дали ги гледаш последиците од ваквиот тренд? Сметаш ли дека бракот го губи своето ценето место во општеството? Ако да, зошто е така? И може ли човек да се надева дека ќе има среќен брак? Но, најпрво да разгледаме што го загрозува бракот.

Бракот на удар

Факторите што го поткопуваат бракот не се ништо ново — постојат уште од почетокот на човечката историја. Особините и ставовите што ги развиле првите родители на човештвото довеле до кризата во која се наоѓа бракот денес. Адам и Ева направиле грев кога им попуштиле на своите себични желби, и на тој начин ‚гревот влегол во светот‘ (Римјаните 5:12). Историските записи од Библијата потврдуваат дека оттогаш „секоја мисла во [човечкиот] памет секогаш е само зло“ (Битие 6:5).

До денес, работите се немаат сменето многу. Една од разорните мисли што го загрозуваат бракот е очигледната склоност на човекот да си ги задоволи сопствените желби. И самиот брак, како институција, може да изгледа како нешто веќе изживеано, нешто што не е практично во современиот свет, кој е под силно влијание на еден нов морал. А поради сѐ поблагите закони во врска со раскинувањето на бракот, разводот веќе не се гледа како нешто срамно.

Нестрпливите луѓе, кои бараат брзи резултати и моментално задоволство, не размислуваат многу за последиците од разводот. Намамени од привлечните ветувања за слобода и независност, мислат дека разводот ќе им донесе среќа.

Други, пак, кога ќе наидат на сериозни проблеми во бракот, бараат помош од психијатри и брачни советници или во книги што се напишани од такви стручњаци. За жал, некои современи „експерти“ за брак повеќе наведуваат на развод отколку на тоа да се сочува бракот. Во книгата Во одбрана на бракот (The Case for Marriage) се вели: „Можеби првпат во човечката историја бракот како идеал се наоѓа на удар, и тоа постојано и прилично успешно. Понекогаш ударот е директен и поддржан од некоја идеологија, и доаѓа од ‚експерти‘ кои сметаат дека заветот за доживотна верност е нереалистичен или дека ги угнетува луѓето“.

Изменети мислења

Се изменија и мислењата во врска со природата и целта на бракот. Веројатно си забележал дека повеќе не се става нагласок на тоа човек да биде лојален и верен брачен другар, туку пред сѐ на тоа да си ги задоволи личните желби — честопати на штета на другиот. Во списанието Journal of Marriage and Family се вели дека ваквото себично гледиште за бракот „почна во 1960-тите и доби уште поголем замав во 1970-тите“. Традиционалните причини за брак — како, на пример копнежот по љубов, блискост, верност, деца и заемна исполнетост — губат на јачина.

И некои други настани од поново време доведоа до брзи промени во бракот во многу земји. Прво, традиционалната улога на мажот, како оној што го прехранува семејството, и на жената, како онаа што се грижи за домот, се сменија во многу земји. Бидејќи жените почнаа да одат на работа, значително порасна бројот на семејства во кои работат и мажот и жената. Второ, сѐ поприфатено е да се има вонбрачно дете, што доведе до пораст во бројот на семејствата со еден родител. Трето, сѐ почеста навика е да се живее невенчано со некого. (Види ја рамката „Понестабилни од бракот“.) Четврто, врските, или браковите, меѓу лица од ист пол и движењето за нивно легализирање се сѐ поприфатени. Дали овие современи трендови влијаат врз твоето гледиште за бракот?

Сѐ повеќе разводи

Понатаму, бракот го поткопува и сѐ поголемата популарност на разводот. Ова го потврдува ситуацијата во неколку земји. Според еден неодамнешен извештај, во САД „бројот на разводи од 1970 до 1996 година се зголеми за четирипати“. Отприлика, секој петти човек бил погоден од разорните бури на разводот. Кога постои најголема веројатност бракот да се распадне? Статистиката покажува дека околу 60 отсто од сите разводи се случуваат во првите десет години.

Стапката на развод расте и во другите земји. Вкупниот број разводи во Англија и Велс во 2004 година достигна 153.490. Во Австралија се очекува 40 отсто од браковите да завршат со развод. За само една година — од 2002 до 2003 година — бројот на разведени парови во Република Кореја порасна на вкупно 167.100, што е за 21.800 повеќе од претходната година. Јапонија, каде што секој четврти брак завршува со развод, сега се приближува кон стапката на развод во Европа. „Порано, само најлошите бракови завршуваа со развод“, рекол еден стручњак на полето на изучувањето на семејството од Јапонскиот универзитет на Црвениот крст. „Сега, разводот стана начин на живот.“

Во многу земји, старите религиозни институции и општествените традиции одиграле улога за бракот да биде стабилен. Меѓутоа, тие повеќе не можат да го спречат сѐ пораширениот тренд на разводот да се гледа како на нешто сосем прифатливо за општеството. Да ја земеме како пример Римокатоличката црква, која го смета бракот за нешто свето. Во 1983 година, Црквата ги ублажи правилата што се однесуваат на брачната врска и им го олесни на католиците раскинувањето на бракот. Оттогаш, сѐ повеќе бракови се поништуваат.

Очигледно, врските што го држат бракот се разлабавуваат. Но, сите причини за тоа не се толку очигледни. Всушност, освен општиот распад во општеството, скриена од погледот на луѓето лежи една од главните причини за сѐ поголемиот број пропаднати бракови.

Невидлива причина за бурите

Библијата ни кажува дека Сатана, Ѓаволот, кој е олицетворение на себичноста, има невидливо и сѐ поопасно влијание врз светот. Зошто го велиме ова? Затоа што тој е исфрлен од небото во близина на Земјата и е многу гневен. Всушност, тој е решен да направи на Земјата да биде „тешко“, односно да има што е можно повеќе неволји, а бракот како институција воспоставена од Бог е само една од метите на злобниот гнев на Сатана (Откровение 12:9, 12).

Зборувајќи за времето откако Сатана бил исфрлен од небото, Исус рекол: „Бидејќи ќе се зголеми беззаконието, љубовта на повеќето ќе олади“ (Матеј 24:12). Слично нешто напишал и апостол Павле: „Луѓето ќе бидат себељубиви, љубители на пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, без природна наклоност [или, наклоност во семејството], непристапни за каков и да е договор, клеветници, без самосовладување, свирепи, без љубов кон доброта, предавници, своеглави, надуени од гордост, љубители на уживања наместо љубители на Бог“ (2. Тимотеј 3:2-4). Овие одбивни карактеристики отсекогаш ги имало во извесна мера, но, како што повеќето луѓе признаваат, во последно време ги има многу повеќе.

Бидејќи бракот денес е изложен на ударот на толку многу бури, што можеме да направиме за да се заштитиме и да имаме еден вистински среќен и долг брак? Ова ќе биде разгледано во следната статија.

[Истакната мисла на страница 5]

„Во едно општество навикнато сѐ да биде за еднократна употреба, голема е веројатноста луѓето да мислат исто и за врските“

(САНДРА ДЕЈВИС, СТРУЧЊАК ЗА СЕМЕЈНО ПРАВО).

[Рамка/слика на страница 4]

„Понестабилни од бракот“

Многу двојки живеат заедно без да стапат во брак. Меѓутоа, таквите врски се уште „понестабилни од бракот“, се вели во еден извештај на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Некои од овие двојки живеат заедно пред да стапат во брак за да проценат дали си одговараат. Дали ова помага да не промашат во изборот, и бракот да им биде посреќен? Според списанието Journal of Marriage and Family, доказите покажуваат нешто друго. Во списанието се вели дека „луѓето што се во брак, а кои претходно живееле невенчано, обично се чувствуваат помалку исполнети во бракот... имаат повеќе брачни проблеми и... има поголем ризик бракот да се распадне“.

[Рамка/слика на страница 5]

Долговечноста и бракот

Луѓето денес живеат подолго. Дури и оваа, инаку позитивна одлика, создава уште поголем стрес во бракот. Порано браковите обично завршувале со смртта на едниот сопружник, но денес завршуваат со развод. Размисли за еден необичен синдром во врска со бракот кој ги погодува јапонските жени што долго се во брак. Според весникот The Washington Post, експертите го нарекуваат овој синдром „СПМ“, или „синдром на пензиониран маж“. Спомнувајќи си за времето кога маж ѝ се пензионирал, една жена која 40 години била во брак вели дека во тоа време си размислувала вака: „Ќе морам да се разведам. Малку беше што морав да го служам кога ќе си дојдеше од работа, па сега уште да го гледам по цел ден дома. Нема да издржам“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели