ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/4 стр. 28
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • „Земја во која тече мед и млеко“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Јас верувам“
    Угледајте се на нивната вера
  • „Јас верувам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали навистина постоела рајската градина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/4 стр. 28

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Зошто може да веруваме дека рајската градина навистина постоела?

Библијата вели дека оваа градина била вистинска и дава детали во врска со нејзината местоположба. Две реки што се спомнати во извештајот постојат до ден-денес. Во легендите и приказните не се наведуваат такви конкретни информации. Исус, најверодостојниот Сведок, зборувал за Адам и за Ева како за вистински личности (1/1, страници 5-6, 9).

• Дали Бог знаел дека Адам и Ева ќе згрешат?

Не. Јехова ги обдарил со разум и слободна волја за да можат да изберат дали ќе му бидат послушни или не. Иако може однапред да ги знае работите, Бог ја користи оваа способност селективно (1/1, страници 13-15).

• Дали вистинските христијани го користат Божјето име како амајлија?

Некои луѓе сметаат дека одреден предмет или симбол може да им служи како амајлија што има магична моќ да им пружи заштита, но Божјите слуги не гледаат така на неговото име. Тие имаат вера во Јехова и се трудат да ја вршат неговата волја. На тој начин бараат засолниште во неговото име (Соф. 3:12, 13; 15/1, страници 5-6).

• Кој имал корист од доприбирањето во Израел?

Сите имале корист. Сиромасите се учеле да бидат трудољубиви бидејќи самите морале да доприбираат. Други имале корист затоа што биле поттикнати да бидат дарежливи и да се потпираат на Бог (1/2, страница 15).

• Зошто Јехова го отфрлил цар Саул?

Саул требало да чека Божјиот пророк да принесе жртва, но не послушал и самиот ја принел жртвата. Подоцна не ја послушал заповедта да истреби еден непријателски народ (15/2, страници 22-23).

• Како ќе покажеме дека го мразиме беззаконието?

Така што нема да претеруваме со пиење алкохол, нема да се занимаваме со окултизам и ќе го послушаме предупредувањето на Исус во врска со неморалот. На пример, нема да гледаме порнографија и да фантазираме за такви работи (Мат. 5:27, 28). Освен тоа, нема да се дружиме со исклучените (15/2, страници 29-32).

• Што потврдува едно неодамнешно археолошко откритие на древен пчеларник во Израел?

Археолозите пронашле повеќе од 30 кошници за пчели од кои, според проценките на изучувачите, се добивало до половина тон мед годишно. Ова покажува дека пчеларството било застапено во Ветената земја, и дека во неа навистина ‚течело мед и млеко‘, како што рекол Бог (2. Мој. 3:8; 1/3, страница 15).

• Во која смисла Еремија бил како дрво „посадено покрај води, кое ги пушта своите корења“? (Ерем. 17:7, 8).

Тој никогаш не престанал да дава плод ниту, пак, дозволил потсмевачите да влијаат врз него. Наместо тоа, цврсто се држел за Јехова, од кого извира животодавната вода, и го земал присрце она што му го кажувал Бог (15/3, страница 14).

• Што сакал да каже Исус кога ѝ рекол на Марта дека е потребно малку, или само едно? (Лука 10:41, 42).

Не сакал да каже дека таа не е духовна личност само затоа што подготвила неколку различни јадења ниту, пак, сакал да ѝ каже дека залудно се трудела околу јадењето. Наместо тоа, сакал да ѝ покаже што, всушност, е најважно. Марта не ја искористила таа посебна можност да ја зајакне својата вера (1/4, страници 12-13).

• Кои биле некои неправилности во судењето на Исус?

Судот не сослушал докази во одбрана на Исус. Биле донесени лажни сведоци. Случајот бил разгледан во текот на ноќта. Целото судење траело помалку од еден ден (1/4, страница 20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели