ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/3 стр. 15
  • „Земја во која тече мед и млеко“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Земја во која тече мед и млеко“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Седумте производи на добрата земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Вредни како крањска пчела
    Разбудете се! 2004
  • Мравките-медарки — пустински деликатес
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/3 стр. 15

„Земја во која тече мед и млеко“

КОГА Јехова Бог ги извел Израелците од Египет, им ветил дека ќе ги одведе „во добра и пространа земја, во земја во која тече мед и млеко“ (2. Мојсеева 3:8).

Во Ветената земја каде што се населиле, Израелците одгледувале крави, овци и кози, па затоа имале многу млеко. Но, што е со медот? Некои мислат дека овој збор се однесува на слаткиот сируп што се добивал од урмите, смоквите или грозјето. А во повеќето случаи кога во Библијата се спомнува мед од пчели, се мисли на дивиот, а не на домашниот мед (Судиите 14:8, 9; 1. Самоилова 14:27; Матеј 3:1, 4). Дали во тие предели навистина течело мед како што течело и млеко?

Едно недамнешно археолошко откритие во денешен Израел ни го дава одговорот на ова прашање. Во врска со тоа откритие, во соопштението за медиумите што го даде Хебрејскиот универзитет стоеја следниве зборови: „Ова е најстариот пчеларник што е пронајден при едно археолошко ископување на Блискиот Исток, рече професор (Амихај) Мазар. Тоа датира од 10-тиот и од почетокот на 9-тиот век пр.н.е.“

Археолозите нашле повеќе од 30 кошници за пчели наредени во три реда, а се претпоставува дека во тоа место некогаш имало околу 100 такви кошници. При нивната анализа, откриени се ситни делови од пчели, како и молекули од пчелин восок. Изучувачите проценуваат дека „од тие кошници можеби се вадел околу половина тон мед годишно“.

Во старо време, од пчеларниците не се вадел само мед, кој служел како многу вкусна храна, туку и пчелин восок, кој се користел во металната и во кожната индустрија. Восокот се употребувал и за дрвените таблички за пишување. Горната површина се премачкувала со восок, кој подоцна се топел и врз табличките можело повторно да се пишува. Какви заклучоци извлекуваат археолозите од ова откритие?

„Иако во Библијата не се спомнува ништо за пчеларството во Израел во тоа време“, продолжува истото соопштение, „откритието на пчеларникот во Тел Рехов покажува дека пчеларството и вадењето на мед и саќе било високо развиена индустриска гранка уште во периодот на Првиот храм [што го изградил Соломон]. Затоа, сосема веројатно зборот ‚мед‘ што се појавува во Библијата навистина се однесува на медот добиен од пчели“.

[Извор на слика на страница 15]

Institute of Archaeology/Hebrew University © Ископувањата кај Тел Рехов

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели