ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/2 стр. 8-9
  • Кога ќе дојде Армагедон?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе дојде Армагедон?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Настани кои се исполнуваат пред твои очи
  • Настани што ќе се случат наскоро
  • Што ќе значи Армагедон за тебе?
  • Како ќе му дојде крајот на овој свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Божјето Царство владее!
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Божјето Царство ги победува своите непријатели
    Божјето Царство владее!
  • Книгата Откровение — какво значење има за Божјите непријатели
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/2 стр. 8-9

Кога ќе дојде Армагедон?

„Видов големо мноштво луѓе, кои никој не можеше да ги изброи, од сите народи и племиња и народности и јазици... што доаѓаат од големата неволја“ (ОТКРОВЕНИЕ 7:9, 14)

СЦЕНАТА за војната наречена Армагедон е веќе поставена. Како?

Веќе постои едно меѓународно братство од луѓе кои му служат на Јехова и живеат според високите библиски морални мерила. Со Божја помош, милиони од сите народи, племиња и јазици се собираат и формираат едно братство во кое владеат љубов и хармонија. Такво братство постои меѓу Јеховините сведоци (Јован 13:35).

Наскоро, Сатана ќе ги собере своите војски и ќе го почне својот најголем напад врз овој мирољубив и навидум незаштитен народ (Езекиел 38:8-12; Откровение 16:13, 14, 16). Од каде знаеме дека ќе се случи тоа? Библијата опишува конкретни настани што ќе ни помогнат да дознаеме кога ќе почне битката Армагедон. Многу од настаните што се опишани веќе се исполнуваат.

Настани кои се исполнуваат пред твои очи

Учениците го прашале Исус како луѓето ќе знаат кога ќе дојде „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Исус одговорил посочувајќи на еден период кога „ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси на разни места“. Потоа додал: „Сето ова е почеток на болните неволји“ (Матеј 24:7, 8). Апостол Павле го опишал истиот период како „последните денови“ и рекол дека тоа ќе бидат „особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1). Што мислиш, дали со овие пророштва се опишани настаните што се случуваат денес?

Зошто овој период ќе биде толку тежок? Одговорот го дал апостол Јован. Тој прорекол дека ќе настапи едно „кратко време“ во кое активноста на Сатана и неговите демони ќе биде ограничена само на Земјата. За тоа време Сатана ќе биде исполнет „со голем гнев“ (Откровение 12:7-12). Дали чувствуваш дека владее дух на гнев и насилство меѓу луѓето денес, и тоа не само на едно место туку низ целиот свет?

Исто така, Исус рекол дека во ова тешко време ќе се извршува едно многу значајно дело. „Оваа добра вест за царството [на Бог] ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“, рекол тој (Матеј 24:14). Денес, во повеќе од 235 земји, Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство на повеќе од 500 јазици. Двете библиски списанија што ги издаваат, Стражарска кула и Разбудете се!, се меѓу најтиражните списанија во светот. Освен тоа, Сведоците ја превеле Библијата на околу 100 јазици. Нивното дело го извршуваат доброволци и се финансира со доброволни прилози. Дали ова значајно проповедничко дело е исполнување на едно од Исусовите пророштва?

Во Библијата се откриени и настаните што директно ќе водат до војна меѓу Јехова Бог и оние што му се противат. Разгледај три пророштва чие исполнување ќе го видиш со свои очи.

Настани што ќе се случат наскоро

Пророштво 1. Библијата вели дека народите ќе објават дека ќе завладеат „мир и сигурност“. Можеби ќе мислат дека се на чекор до решавање на големите проблеми. Меѓутоа, настаните што ќе следат по таквата објава воопшто нема да водат до мир (1. Солуњаните 5:1-3).

Пророштво 2. Потоа, различни влади ќе одлучат да ги нападнат светските верски организации. Во Библијата овие влади симболично се претставени со ѕвер, а светските лажни религии со жена што го јава овој ѕвер (Откровение 17:3, 15-18). Симболичниот ѕвер без да е свесен ќе ја изврши Божјата намера и ќе ги уништи религиите што лажно тврдат дека го претставуваат Бог.

Еве на каков симболичен начин апостол Јован ги опишува овие збиднувања: „Десетте рогови што ги виде, и ѕверот — тие ќе ја замразат блудницата и ќе ја опустошат и ќе ја разголат. И ќе го изедат нејзиното месо и ќе ја изгорат со оган. Зашто, Бог им стави во срцата да ја извршат неговата замисла“ (Откровение 17:16, 17).

Пророштво 3. По овој успешен напад врз лажната религија, Сатана ќе ги поведе народите во напад против оние што му служат на Јехова Бог (Откровение 7:14; Матеј 24:21).

Што ќе значи Армагедон за тебе?

Ако не си имал прилика темелно да ја проучуваш Библијата, можеби ти е тешко да поверуваш дека ќе се случат настаните што ги спомнавме. Но, имаме добри причини да веруваме дека ќе се исполни секој детаљ од нив и дека овие настани ќе се случат во блиска иднина. Во тоа нѐ уверува и долгиот список на веќе исполнети библиски пророштва.a

Одвој малку време да разговараш со Јеховините сведоци за да ти кажат зошто се уверени дека „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ е близу и зошто не треба да се плашиш од неа. Нека ти прочитаат од Библијата што треба да направиш за да бидеш меѓу оние кои Јехова Бог ќе ги заштити (Откровение 16:14). Тоа што ќе го дознаеш може да го смени твоето гледиште за иднината.

[Фуснота]

a Докази дека многу библиски пророштва се исполниле можеш да најдеш во 2. и 9. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 8]

Дали делото на Јеховините сведоци е исполнување на библиско пророштво?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели