ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/3 стр. 6
  • Да „се сакате еден со друг“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да „се сакате еден со друг“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Како може нашата љубов кон другите да остане силна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Не дозволувај твојата љубов да олади
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/3 стр. 6

Да „се сакате еден со друг“

„Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (ЈОВАН 13:34, 35)

Што значи тоа? Христос им рекол на своите ученици да се сакаат така како што ги сакал тој. Како ги сакал тој? Неговата љубов ги надминувала сите расни и полови предрасуди што постоеле во негово време (Јован 4:7-10). Љубовта го мотивирала да го жртвува своето време, сили и удобност за да им помага на другите (Марко 6:30-34). На крајот, Исус покажал најголема можна љубов. „Јас сум добриот пастир“, рекол тој. „Добриот пастир го полага својот живот за овците“ (Јован 10:11).

Какви биле првите христијани? Во првиот век, христијаните се нарекувале „браќа“ и „сестри“ (Филимон 1, 2). Во нивното собрание биле добредојдени луѓето од сите народи затоа што христијаните верувале дека „нема разлика помеѓу Евреин и Грк, бидејќи над сите е истиот Господар“ (Римјаните 10:11, 12). По Педесетница 33 год. од н.е., учениците во Ерусалим ‚ги продавале своите сопствености и имоти, а приходот им го делеле на сите, секому колку што му требало‘. Зошто? За да можат новокрстените уште некое време да останат во Ерусалим и да ‚му се посветат на апостолското учење‘ (Дела 2:41-45). Што ги поттикнало да го направат тоа? Помалку од 200 години по смртта на апостолите, Тертулијан напишал што велеле другите за христијаните: „Видете колку се сакаат... спремни се дури и да умрат еден за друг“.

Кој е таков денес? Во една книга пишува дека низ вековите, оние што се изјаснувале како христијани „си нанеле еден на друг многу поголеми страдања од оние што ги претрпеле заради ревноста на неверниците“ (Историја на подемот и падот на Римското Царство — The History of the Decline and Fall of the Roman Empire, 1837). Според една неодамнешна анкета во САД, расни предрасуди најмногу покажуваат религиозните луѓе — од кои повеќето се изјасниле како христијани. Верниците во една земја честопати немаат никаква врска со припадниците на истата религија во друга земја и затоа не можат ниту, пак, сакаат да им помогнат на своите соверници кога ќе се најдат во неволја.

Во 2004 год., откако Флорида ја погодија четири урагани во период од два месеца, претседателот на Центарот за управување со кризи на Флорида отишол да провери дали правилно се користи помошта што била испратена. Тој рекол дека ниедна друга група не била толку добро организирана како Јеховините сведоци, и се понудил да им обезбеди сѐ што ќе им затреба. Претходно, во 1997 год., една екипа за помош составена од Јеховини сведоци им однела лекови, храна и облека на своите браќа и сестри и на други луѓе во Демократска Република Конго. Јеховините сведоци од Европа донирале помош во вредност од еден милион американски долари.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели