ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/3 стр. 7
  • „Им го објавив твоето име“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Им го објавив твоето име“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Слави го Јеховиното величествено име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Кое е Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/3 стр. 7

„Им го објавив твоето име“

„Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот... Им го објавив твоето име и ќе го објавувам“ (ЈОВАН 17:6, 26)

Што значи тоа? Исус го објавувал Божјето име така што го употребувал кога проповедал. Кога читал од Светото писмо, како што имал обичај, тој го изговарал Божјето лично име (Лука 4:16-21). Исус ги поучил своите ученици да се молат со следниве зборови: „Татко, нека се свети името твое“ (Лука 11:2).

Какви биле првите христијани? Апостол Петар им рекол на старешините во Ерусалим дека Бог си зел од сите луѓе „народ за своето име“ (Дела 15:14). Апостолите и другите ученици проповедале дека „секој што ќе го повика името на Јехова, ќе биде спасен“ (Дела 2:21; Римјаните 10:13). Исто така, тие го користеле Божјето име во библиските книги што ги напишале. Во Тосефта, збирка еврејски закони која била завршена некаде во 300 год. од н.е., го пишува следново во врска со христијанските списи што биле палени од противниците: „Книгите на евангелистите и книгите на минимите [за кои се смета дека се еврејски христијани] не ги штедат од огнот, туку ги палат на лице место... па така горат и страниците каде што се појавува Божјето име“.

Кој е таков денес? Во предговорот на библискиот превод Revised Standard Version, издаден од Националниот совет на Христовите цркви во САД, стои: „Употребата на кое и да е лично име за едниот и единствен Бог, како да постојат други богови од кои тој треба да се разликува, престанала во јудаизмот пред ерата на христијанството и потполно е несоодветна за сеопштата вера на христијанската црква“. Затоа, во тој превод, Божјето име е заменето со зборот „ГОСПОД“. Неодамна, Ватикан им го упати следново барање на своите бискупи: „Божјето име во облик на тетраграмот ЈХВХa не треба да се користи ниту да се изговара во песните и молитвите“.

Кој го користи и го објавува Божјето име денес? Кога Сергеј бил тинејџер и живеел во Киргистан, гледал филм во кој било спомнато Божјето име, Јехова. Оттогаш, не го имал чуено Божјето име цели десет години. Подоцна, кога Сергеј се преселил во САД, му дошле на врата две жени што биле Јеховини сведоци и му го прочитале Божјето име од Библијата. Сергеј многу се израдувал што нашол луѓе кои го користат името Јехова. Интересно е тоа што за терминот „Јехова Бог“ еден речник ја дава следнава дефиниција: „Врховното и единствено Божество кое го признаваат и обожаваат Јеховините сведоци“ (Webster’s Third New International Dictionary).

[Фуснота]

a На македонски јазик, Божјето име обично се транслитерира како „Јехова“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели