ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/3 стр. 18
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Матеј станал ученик на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Даноци — цена што се плаќа за едно „цивилизирано општество“?
    Разбудете се! 2004
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Олтар — кое е неговото место во обожавањето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/3 стр. 18

Дали сте знаеле?

Каков бил жртвеникот „на непознатиот Бог“ што го видел апостол Павле во Атина? (Дела 17:23).

▪ Такви жртвеници спомнале неколку древни грчки писатели. На пример, Паусаниј, историчар и географ од вториот век од н.е., рекол дека во Олимпија имало „жртвеник на непознатите богови“. И Филострат, кој бил говорник и филозоф, рекол дека во Атина „биле направени жртвеници дури и во чест на непознатите богови“.

Диоген од Лаерта, писател од 3 век од н.е., раскажал едно предание што го објаснува потеклото на „безимените жртвеници“. Во тоа предание, кое датира од 6 или 7 век пр.н.е., се зборува за некој си Епименид кој ја исчистил Атина од чума. Диоген напишал: „Тој [Епименид] зел овци... и ги однел на Аеропагот. Ги пуштил да одат каде сакаат, а на луѓето што требало да ги следат им рекол да го обележат местото каде што ќе легнела секоја овца и таму да ја принесат како жртва на божеството од тоа место. Според преданието, така била запрена чумата. Затоа, во различни делови од Атика дури и денес можат да се најдат жртвеници на кои не е испишано име на некој бог“.

Според еден библиски речник, друга причина од која се граделе жртвеници на непознати богови можеби бил „стравот да не се пропушти да му се оддаде чест на некој непознат бог или божица, па со тоа да се изгуби благословот или да се навлече гневот на тоа божество“ (The Anchor Bible Dictionary).

Зошто Евреите од првиот век ги презирале даночниците?

▪ Даночниците никогаш не биле омилени. Меѓутоа, во Израел во првиот век на нив се гледало со краен презир и биле сметани за најподмитливи луѓе.

Римските власти му наметнале високи даноци на народот. Римските службеници собирале данок на земјиште и данок по глава на жител, а оној што ќе им понудел најмногу пари го овластувале да собира давачки за увоз, извоз и транзит на стока. Така, еврејските трговци го купувале правото да собираат даноци во одредени области. Бидејќи свесно служеле како алатки во рацете на омразените Римјани, другите Евреи чувствувале длабока одбивност кон нив и ги сметале за „предавници и отпадници, извалкани поради честите контакти со паганите“, стои во Cyclopædia од Меклинток и Стронг.

Даночниците биле на лош глас како многу нечесни луѓе, кои се богателе на сметка на своите сонародници. Некои одредувале превисока вредност на стоките што требало да се оданочат и вишокот си го ставале в џеб, а други користеле лажни обвиненија за да изнудат пари од сиромашните (Лука 3:13; 19:8). Затоа, даночниците биле ставани во ист кош со грешниците и, како што вели една еврејска енциклопедија, им било „одземано правото да служат како судии, па дури и како сведоци во некој процес“ (The Jewish Encyclopedia; Матеј 9:10, 11).

[Слика на страница 18]

Жртвеник на непознат бог, урнатините на Пергам (Турција)

[Слика на страница 18]

Римски релјеф на кој е прикажан даночник (2 или 3 век од н.е.)

[Ивор на слика]

Erich Lessing/Art Resource, NY

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели