ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/8 стр. 27
  • Јехова ја мрази неправдата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова ја мрази неправдата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Избрани стихови од книгата Езекиел — прв дел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како Јехова ни помага да ја извршуваме нашата служба
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • „Народите ќе знаат дека јас сум Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Избрани стихови од книгата Езекиел — втор дел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/8 стр. 27

Приближи му се на Бог

Јехова ја мрази неправдата

„ЧОВЕК владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9). Овие зборови, кои се запишани пред околу 3.000 години, точно го опишуваат светот во кој живееме. Луѓето се склони да ја злоупотребуваат својата моќ, без разлика на тоа кои се или од каде се. Често ги угнетуваат оние што се беспомошни или немоќни. Како се чувствува Јехова кога ги гледа тие неправди? Одговорот ќе го добиеме од зборовите запишани во Езекиел 22:6, 7, 31. (Прочитај.)

Во Законот што им го дал на Израелците, Јехова јасно покажал дека оние што имаат некаква власт не смеат да го злоупотребуваат својот авторитет. Тој ќе го благословел народот само ако неговите водачи постапувале со беспомошните и сиромашните љубезно и сочувствително (5. Мојсеева 27:19; 28:15, 45). Меѓутоа, во времето на Езекиел, поглаварите на Ерусалим и Јуда ја злоупотребувале својата моќ на ужасни начини. Што правеле?

Во еден превод на Библијата пишува дека поглаварите ‚пролевале крв, секој според силата своја‘ (стих 6). Изразот „силата своја“ го означува авторитетот што го имале. Зар можело да има правда кога водачите што требало да го штитат законот и да се држат за него ја злоупотребувале својата власт и одземале невини животи?

Според ова, Езекиел ги обвинил не само водачите туку и луѓето што ги следеле и не постапувале според законот на Јехова. „Таткото и мајката се презрени“, напишал Езекиел (стих 7). Со тоа што не покажувале почит кон улогата што Јехова им ја дал на родителите, луѓето ја уништувале основната клетка на општеството — семејството (2. Мојсеева 20:12).

Расипаните луѓе ги искористувале оние што биле беспомошни. Секогаш кога ќе го прекршеле Законот покажувале непочитување кон духот што стоел зад Божјиот закон кој му бил даден на Израел. На пример, во Божјиот закон било пропишано дека Израелците треба да покажуваат посебен обѕир кон не-Евреите што живееле меѓу нив (2. Мојсеева 22:21; 23:9; 3. Мојсеева 19:33, 34). И покрај тоа, луѓето ‚го искористувале дојденецот‘ (стих 7).

Тие исто така ги угнетувале оние што немало кој да ги заштити — „детето без татко и вдовицата“ (стих 7). Јехова е посебно осетлив на потребите на оние на кои им починал родител или сопружник. Бог ветил дека лично тој ќе ја изврши осудата над луѓето што им нанесувале болка на беспомошното дете или вдовица (2. Мојсеева 22:22-24).

На овие и на други начини, Израелците во времето на Езекиел го кршеле Божјиот закон и го уништувале духот на љубов што стоел зад Законот. Што ќе сторел Јехова? „Ќе ја излеам својата осуда врз нив“, ветил тој (стих 31). Јехова го одржал ветувањето и во 607 год. пр.н.е. дозволил Вавилонците да го уништат Ерусалим и да го одведат народот во заробеништво.

Од зборовите на Езекиел учиме две убави работи за Јехова и за неправдите. Прво, тој ја мрази неправдата. И второ, сочувствува со невините жртви. Бог не се променил (Малахија 3:6). Тој ветува дека наскоро ќе ги искорени сите неправди и ќе ги отстрани оние што ги предизвикуваат (Изреки 2:21, 22). Затоа, дознај нешто повеќе за Богот што „ја сака правдата“ и за тоа како можеш да се зближиш со него (Псалм 37:28).

Читање на Библијата во август:

◼ Езекиел 21-38

[Истакната мисла на страница 27]

Јехова јасно покажал дека оние што имаат некаква власт не смеат да го злоупотребуваат својот авторитет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели