ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/11 стр. 4-5
  • Прво прашање: Дали мојот живот има смисла?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прво прашање: Дали мојот живот има смисла?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Која е смислата на животот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Која е смислата на животот?
    Одговор на библиски прашања
  • Која е Божјата намера со луѓето?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/11 стр. 4-5

Прво прашање: Дали мојот живот има смисла?

РОЗАЛИНД, која пораснала во Англија, имала незгаслива жед за знаење. Исто така, многу сакала да им помага на луѓето. Откако дипломирала, имала угледна работа со која им помагала на бездомниците, а освен тоа им помагала и на лицата што биле инвалиди и имале тешкотии во учењето. И покрај тоа што имала убаво работно место и материјално добро стоела, таа вели: „Со години се прашував: ‚Зошто постоиме?‘ и ‚Која е смислата на животот?‘“

Зошто да си го поставиме ова прашање?

Луѓето не се како животните, кои не размислуваат. Ние имаме способност да учиме од минатото, да ја планираме иднината и да бараме смисла во животот.

Каков одговор даваат некои?

Мнозина сметаат дека главната смисла во животот е да се стекне богатство или слава бидејќи само така човек ќе биде среќен.

Што би значел тој одговор?

Дека секој сам си одредува што е најважно во животот. Божјата волја не е толку битна колку нашите желби.

Што вели Библијата?

Цар Соломон собрал огромно богатство и вкусил многу задоволства, но сфатил дека сите тие работи не му даваат трајна смисла на животот. Тој напишал која е вистинската смисла на животот: „Заклучокот на сето она што го чу е: бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проповедник 12:13). Што е вклучено во тоа да се држат Божјите заповеди?

Бог сака да уживаме во животот. Соломон напишал: „За човекот нема ништо подобро отколку да јаде и да пие и душата да му ужива во добрите работи од неговиот труд. Гледам дека и тоа доаѓа од раката на вистинскиот Бог“ (Проповедник 2:24).

Исто така, Бог бара од нас да си го сакаме семејството и да се грижиме за него. Забележи какви едноставни, но практични совети му дава на секој член на семејството.

  • „Мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“ (Ефешаните 5:28).

  • „Жената длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

  • „Деца, слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 6:1).

Ако ги применуваме овие библиски начела, ќе бидеме радосни и задоволни до извесна мера. Меѓутоа, најважно е да дознаеме сѐ што можеме за нашиот Творец и да се зближиме со него како со наш Пријател. Всушност, Библијата нѐ советува ‚да му се приближиме на Бог‘. Потоа го дава следново значајно ветување: „И тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Ако се зближиш со Бог, твојот живот ќе добие вистинска смисла.

Розалинд, која ја спомнавме во почетокот, сега смета дека ја нашла смислата на животот. На 10. страница од ова списание можеш да прочиташ што ја навело да го промени своето гледиште.

За да дознаеш нешто повеќе за тоа како да живееш на начин што му се допаѓа на Бог, види го 12. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата? Можеш да ја преземеш на www.jw.org/mk

Што рекол Исус за смислата на животот?

Исус добро знаел која е смислата на неговиот живот. Тој рекол: „За тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“ (Јован 18:37). Исус го посветил својот живот на тоа да ги поучува луѓето за вистината за Бог и за Божјите намери.

И нашиот живот ќе добие вистинска смисла ако го следиме примерот на Исус. Всушност, тој нѐ повикува да учиме од него (Матеј 11:29). Да спомнеме два начина на кои можеме да го правиме тоа.

Исус поучувал дека, за да бидеме среќни, мора ‚да ги задоволуваме своите духовни потреби‘ (Матеј 5:3). Нашите духовни потреби можеме да ги задоволиме ако го запознаеме ‚единствениот вистински Бог, и оној кого го испратил, Исус Христос‘ (Јован 17:3).

Исус им заповедал на своите следбеници да ги поучуваат другите за она што го научиле. Тој рекол: „Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20).

Оние што ги задоволуваат своите духовни потреби со тоа што ја проучуваат Библијата и го применуваат она што го учат, увидуваат дека животот им се менува на подобро. Кога почнуваат да им помагаат и на другите да научат нешто повеќе за Бог, стануваат уште поуверени дека нивниот живот има вистинска смисла.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели