ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/12 стр. 7
  • Да бидеме со семејството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да бидеме со семејството
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Како да се зближам со баба ми и дедо ми?
    Разбудете се! 2001
  • Зошто да ги запознаам баба ми и дедо ми?
    Разбудете се! 2001
  • Кога бабата и дедото ќе станат родители
    Разбудете се! 1999
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/12 стр. 7

Да бидеме со семејството

„Гледај, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно во единство!“ (ПСАЛМ 133:1)

Зошто некои го слават Божиќ?

Бидејќи Израелците биле потомци на еден човек, Јаков, наречен Израел, тие биле ‚браќа‘, односно членови на едно семејство. Кога се собирале за празниците во Ерусалим, им било „добро“ и „мило“. Исто како нив, и многу семејства денес со радост ги чекаат убавите мигови што ќе ги минат заедно за Божиќ.

Каде лежи проблемот?

Во една енциклопедија пишува: „Семејните тензии што се таложеле во текот на годината, честопати испливуваат на површина кога семејствата ќе се соберат заедно за празниците“ (Encyclopedia of Christmas and New Year’s Celebrations).

Кои библиски начела можат да ни помогнат?

‚Да им возвраќаме на своите родители, како и на дедовците и бабите‘ (1. Тимотеј 5:4). Посетувај ги своите роднини колку што можеш почесто. Дури и да живеат далеку, можеш редовно да бидеш во контакт со нив. Би можел да им пишеш писмо, да им се јавиш по телефон, да им пратиш имејл или да им се јавиш преку скајп. Редовната комуникација ги намалува недоразбирањата.

‚Тесно ви е во вашите срца... широко отворете ги‘ (2. Коринќаните 6:12, 13). Ако се гледаш со роднините само еднаш годишно, лесно може да ја изгубите блискоста — а тоа особено важи за децата. Некои деца воопшто не се чувствуваат блиски со своите баба и дедо или со подалечните роднини. Затоа, поттикни ги своите деца ‚широко да ги отворат срцата‘ така што ќе покажуваат грижа и кон постарите роднини.a Децата кои редовно поминуваат време со постари луѓе најчесто успеваат да стекнат поголемо разбирање и ценење за оние што се постари од нив.

„Збор кажан во право време — колку е добар!“ (Изреки 15:23). Како може да спречиш недоразбирањата или проблемите да ги затегнат односите во семејството? Една работа е да избереш „право време“ за да разговараш за она што те загрижува. Ако редовно комуницирате, ќе ти биде многу полесно да им пристапиш на членовите на семејството за да ги решите проблемите насамо, а да уживате во миговите кога сте заедно како семејство.

a Види ги статиите „Зошто да ги запознаам баба ми и дедо ми?“ и „Како да се зближам со баба ми и дедо ми?“ во изданијата на Разбудете се! од 8 август и 8 септември 2001, издадени од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели