ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/12 стр. 2-4
  • Што претставува Божиќ за тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што претставува Божиќ за тебе?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Комерцијална работа“
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Што стана од Божиќ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/12 стр. 2-4

Што претставува Божиќ за тебе?

Како би одговорил? Божиќ е 1) време да се биде заедно со своето семејство; 2) време за забави; 3) време за религиозни работи; 4) време на стрес; 5) носталгично време; 6) време за нападен комерцијализам.

КОЛКУ и да изгледа чудно, само 6 отсто од над 1.000 луѓе анкетирани во Велика Британија, го сметаат Божиќ првенствено за религиозен настан. Спротивно на тоа, 48 отсто воглавно го сметаат Божиќ за време да се биде со своето семејство. Всушност, многумина тврдат дека тоа е посебно време за децата. Кога едно 11-годишно девојче било запрашано што најмногу ѝ се допаѓа во врска со Божиќ, тоа дало еден типичен одговор: „Возбудувањето, чувството на среќа, [и] давањето подароци“. Книгата The Making of the Modern Christmas (Креирањето на современиот Божиќ) се согласува дека „најсилниот нагласок на . . . ‚традиционалниот‘ Божиќ несомнено е врз домот, семејството, а посебно врз децата“.

Но, особено во западното т. н. христијанство, Божиќ е семеен настан кога роднините се собираат да си разменат дарови. Во земјите во кои Источната православна црква има влијание, луѓето ставаат поголем нагласок на Велигден; сепак, Божиќ обично е време на празници.

„Комерцијална работа“

Божиќ „претрпел процес на изразита комерцијализација“, констатира The New Encyclopædia Britannica. Можеби тоа не е никаде така видливо како што е случај во Јапонија.

„Јапонците ги отфрлиле сите религиозни претензии и го претвориле Божиќ во стриктно комерцијална работа“, известува вашингтонскиот Daily Record. Во Јапонија — пишува понатаму — Божиќ е „водечка слава која става голем нагласок на комерцијализмот, а мал на религиозниот аспект“.

Дури и во многу т. н. христијански земји, честопати е тешко да се препознае овој „религиозен аспект“. Пред околу 40 години, една антибожиќна брошура содржела поплаки: „Божиќ е поддржуван од комерцијалниот свет. Тоа е најплодната сезона за печалење пари. Бизнисмените кои исповедуваат христијанство со душа ја чекаат божиќната сезона, не поради Христос, туку поради финансиската добивка“. Колку само вистинити се овие зборови денес! Во многу земји ретко се случува да стигнеме до последниот квартал од годината, а да не ги слушнеме потсетниците кои ни кажуваат уште колку денови остануваат за да се купат подароци за следниот Божиќ. Кон крајот на годината, за време на Божиќ, бизнисот процветува со исто толкав обрт колку и во еден квартал од годишниот промет на продавниците.

Без разлика што и да претставува Божиќ за тебе, можеби се прашуваш како започнал. Дали всушност Библијата го поддржува давањето на божиќни подароци? Дали денешните божиќни прослави се навистина христијански? Да видиме.

[Извор на слика на страница 2]

Насловна страница: Thomas Nast/Dover Publications, Inc., 1978

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели