ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/3 стр. 13
  • „Која е прва од сите заповеди?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Која е прва од сите заповеди?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Што значи да го сакаме својот ближен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Сакај го Јехова, својот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „Сакај го својот ближен како себеси“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/3 стр. 13

ПРИБЛИЖИ МУ СЕ НА БОГ

„Која е прва од сите заповеди?“

Како можеме да му станеме мили на Бог? Треба ли да следиме еден куп правила? Радосни сме што одговорот е не. Според зборовите на Божјиот Син, Исус Христос, она што го бара Бог од нас може да се сведе на еден единствен збор. (Прочитај Марко 12:28-31.)

Најнапред да видиме во кои околности Исус ги кажал тие зборови. На 11 нисан, неколку дена пред својата смрт, тој поучувал во храмот. Неговите непријатели се обидувале да го фатат за збор со тоа што му поставувале полемични прашања. Исус секојпат ги замолчувал со своите одговори. Тогаш некој му го поставил прашањето: „Која е прва од сите заповеди?“ (стих 28).

Ова било спорно прашање. Некои Евреи воделе дебати околу тоа кој од преку 600-те закони кои го сочинувале Мојсеевиот закон бил прв, односно најважен. Други, пак, тврделе дека сите закони биле подеднакво важни и дека е погрешно да му се придава поголема важност на еден закон во однос на другите. Каков одговор дал Исус на ова прашање?

Тој не спомнал само една, туку две заповеди. Најпрво рекол: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (стих 30; 5. Мојсеева 6:5). Зборовите „срце“, „ум“, „душа“ и „сила“ се совпаѓаат во своето значење.a Исус сакал да каже: Љубовта кон Јехова мора да ја вклучува целата личност, сите нејзини способности и можности. Во еден библиски прирачник се вели: „Бог мора да се сака целосно и потполно“. Ако го сакаш Бог на таков начин, ќе даваш сѐ од себе за секој ден да живееш според неговата волја (1. Јованово 5:3).

Потоа, Исус рекол: „Сакај го својот ближен како себеси“ (стих 31; 3. Мојсеева 19:18). Љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот одат рака под рака. Љубовта кон ближните е резултат на љубовта кон Бог (1. Јованово 4:20, 21). Ако ги сакаме ближните како себеси, ќе постапуваме со другите онака како што сакаме тие да постапуваат со нас (Матеј 7:12). На тој начин ќе покажеме дека го сакаме Бог кој нѐ создал и нас — и нив — според неговиот лик (1. Мојсеева 1:26).

Колку се важни заповедите да ги сакаме Бог и ближниот? „Други заповеди, поголеми од овие, нема“, рекол Исус (стих 31). Според паралелниот извештај, Исус рекол дека на овие две се темелат сите други заповеди (Матеј 22:40).

Не е тешко да му станеме мили на Бог. Сѐ што тој бара од нас може да се сведе на еден единствен збор: љубов. Тоа отсекогаш било, и засекогаш ќе биде, суштината на нашата служба за Бог. Но, љубовта не се покажува само со зборови или чувства, туку со дела (1. Јованово 3:18). Дознај нешто повеќе за тоа како да стекнеш и како да покажуваш љубов кон Јехова, Богот кој и самиот „е љубов“ (1. Јованово 4:8).

Читање на Библијата во март

Марко 9 — Лука 6

a Во Библијата, зборот „душа“ се однесува на целокупната личност. Според тоа, ‚душата‘ може да ги вклучува ‚срцето‘, ‚умот‘ и ‚силата‘.

Сѐ што бара Јехова од своите слуги може да се сведе на еден единствен збор: љубов

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели