ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/3 стр. 14-15
  • Петар и Ананија излажале — што учиме од тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Петар и Ананија излажале — што учиме од тоа?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Зошто не треба да лажеме
    Учи од Големиот Учител
  • Помош за да го победиме нашиот страв
    Учи од Големиот Учител
  • Од својот Господар научил да простува
    Угледајте се на нивната вера
  • Од својот Господар научил да простува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/3 стр. 14-15

ПОУЧЕТЕ ГИ СВОИТЕ ДЕЦА

Петар и Ананија излажале — што учиме од тоа?

Како што знаеш, лага е нешто што ќе го кажеш, иако си свесен дека не е вистина. Дали некогаш си излажал?—a Дури и некои возрасни луѓе што го сакале Бог излажале. Можеби се сеќаваш на еден човек што се спомнува во Библијата, кој го направил токму тоа. Се викал Петар и бил еден од Исусовите 12 апостоли. Да видиме како се случило да излаже.

Откако Исус бил уапсен, го одвеле во домот на првосвештеникот. Длабоко во ноќта, Петар влегол во дворот на свештеникот без да го препознае некој. На светлината од огнот, слугинката на првосвештеникот што го пуштила Петар внатре го препознала. „И ти беше со Исус“, рекла таа. Уплашен, Петар рекол дека не бил.

Во Библијата пишува дека подоцна ‚го забележала уште една девојка‘. Таа рекла: „Овој беше со Исус“. Петар повторно тврдел дека не било така. По некое време, и други луѓе отишле кај Петар и му рекле: „Навистина, и ти си еден од нив“.

Петар бил преплашен. Затоа, по третпат излажал: „Не го познавам тој човек!“ Во тој момент еден петел запеал. Исус го погледнал Петар, и тогаш Петар се сетил дека неколку часа претходно Исус му рекол: „Пред петелот да запее, ти трипати ќе се одречеш од мене“. Петар бил скршен од болка и почнал да плаче. Му било многу жал!

Може ли и тебе да ти се случи нешто слично?— Можеби на училиште, децата ќе почнат да зборуваат за Јеховините сведоци. „Тие не го поздравуваат знамето“, ќе рече некој. „Не се борат за својата земја“, ќе додаде друг. „Тие не се христијани затоа што не слават Божиќ“, ќе дофрли трет. Тогаш можеби некој ќе те праша: „Ама и ти си Јеховин сведок, нели?“ Што ќе речеш тогаш?—

Мора однапред да бидеш подготвен за да знаеш како да одговориш кога ќе се случи такво нешто. Петар не бил подготвен. Кога се нашол под притисок, излажал! Сепак, му било многу тешко за она што го направил и затоа Бог му простил.

И Ананија, кој бил ученик на Исус од првиот век, исто така излажал. Но, Бог не му простил ниту нему ниту на неговата жена, Сапфира. И двајцата се договориле да излажат. Да видиме зошто Бог не им простил на Ананија и Сапфира.

Десет дена откако Исус ги оставил апостолите и се вратил кај Бог на небото, во Ерусалим се крстиле околу 3.000 луѓе. Многу од нив дошле од далечни земји за да го прослават празникот Педесетница. Откако станале Исусови ученици, сакале да останат подолго за да научат нешто повеќе за своите нови верувања. Затоа, некои ученици на Исус давале пари за да им изразат гостопримство.

Ананија и неговата жена продале дел од својот имот за да добијат пари со кои сакале да им помогнат на своите нови браќа и сестри. Кога Ананија им ги донел парите на апостолите, им рекол дека тоа било сѐ што добил од продажбата. Но, не било така! Дел од сумата задржал за себе! Бог му го открил тоа на Петар, и затоа Петар му рекол на Ананија: „Ти не ги излажа луѓето, туку Бог“. Во тој момент Ананија паднал и умрел! Околу три часа подоцна, дошла и неговата жена. Без да знае што се случило со нејзиниот маж, и таа кажала лага и умрела.

Од ова извлекуваме една важна поука: Многу е битно да ја кажуваме вистината! Сите ние треба да го научиме тоа! Сепак, сите грешиме, особено кога сме мали. Се радуваш ли што Јехова те сака и ќе ти прости исто како што му простил на Петар?— Но, не заборавај дека мора да ја кажуваме вистината. А, ако некогаш ни се случи да излажеме, мора да го молиме Бог да ни прости. Токму тоа го сторил Петар и затоа му било простено. Ако престанеме да лажеме и се трудиме да ја зборуваме вистината, Бог ќе ни прости и нам!

Прочитај во Библијата:

  • Матеј 26:69-75

  • Дела 2:38-42; 4:32-37; 5:1-11

a Ако читаш со деца долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели